Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
8. лекција Сабота, 23. ноември 2019

Битка

„Зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.“ – Ефесјаните 6:12.

„Секој ден е ден на борба и напредок. Од сите страни нѐ напаѓаат невидливи непријатели и ние или победуваме со милоста што Бог ни ја дава, или стануваме победени.“ – Совети за животот и исхраната, 453.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Selected Messages, bk. 1, pp. 121–128. 

Недела 17. ноември

1. НЕВИДЛИВИ СИЛИ

а. Објасни каква војна се води против Божјите деца. 1. Петрово 5:8,9.

„Кнезот на злото се бори за секоја педа на земјата по која чекори Божјиот народ на својот пат кон небесниот град. Ниту една реформа во црквата не е спроведена, а при тоа да не наишла на сериозни пречки. Така било и во деновите на Павле. Секаде каде што апостолот ќе основал црква, ќе дошле и такви што тврделе дека ја прифаќаат верата, но сепак настојувале да внесат и некоја ерес, која кога би била прифатена ја потиснувала љубовта спрема вистината. И на Лутер му задавале многу грижи и неволји со своите постапки, фанатички настроените луѓе кои тврделе дека Бог говори непосредно преку нив, и кои врз основа на тоа своите лични мислења и сфаќања ги ставале над сведоштвата на Светите списи. Многумина кои во верата немале никакво искуство, но биле задоволни со себе и вообразено секогаш сакале да слушнат и проповедаат нешто ново, просто биле маѓепсани со преправањето на овие нови учители и се здружувале со тие сатански агенти за да го срушат она што Лутер поттикнат од Бога го изградил. И двајцата браќа Весли, како и многу други кои со своето влијание и својата вера биле благослов за светот, на секој чекор наидувале на ова сатанско лукавство, кое исклучително ревните, непосветените и неурамнотежените ги турка во секој можен фанатизам.“ – Големата борба, 396.


Понеделник 18. ноември

2. ИНТРИГА КОЈА НЀ ПОПРЕЧУВА

а. Како Светото Писмо ја потврдува нашата лична потреба за Христовата праведност, и зошто тоа денес е толку важно? Езекиел 14:20.

„Сатаната измислува безбројни сплетки да ги окупира нашите мисли, за да не размислуваме токму за она со што би требало да сме најдобро запознаени. Архиизмамникот ги мрази големите вистини што ни укажуваат на жртвата на помирувањето и на нашиот семожен Посредник. Тој знае дека неговиот успех воглавном зависи од тоа, колку ќе успее да ги одврати мислите на луѓето од Исуса и од Неговите вистини.

Оние што сакаат да бидат учесници во благодатта на посредувањето на Спасителот, не смеат со ништо да дозволат да бидат одвратени од својата должност, во Божји страв да ја усовршуваат светоста. Наместо своите скапоцени часови да ги посветат на уживања, на украсување или во трка за заработка, треба да се посветат на најсесрдна молитва и на ревносно проучување на Словото на вистината. Вистината за светињата и истражниот суд, Божјиот народ треба да ја разбере јасно и целосно. За сите е неопходно одредено разбирање и лична претстава за службата и делото на нашиот голем свештенички Поглавар; инаку ќе им биде невозможно да се одржат во верата што е суштествена за ова време или да заземат положба што им ја наменил Бог. На секому му се дава можност да ја спаси својата душа или да ја загуби. Случајот, на секого од нас, зависи од исходот на овој Божји суд. Секој мора да излезе пред очите на Големиот Судија. Затоа колку е тогаш важно, секој од нас во мислите да ја набљудува свечената глетка што е опишана со зборовите: ‘Судот седна и книгите се отворија’ (Даниел 7:10).“ – Големата борба, 488.

б. На што треба да биде насочено нашето внимание денес? 2. Коринтјаните 10:3-5; Филипјаните 2:5. На кој начин непријателот се стреми да ни го одвлече вниманието?

„Мораш да владееш со своите мисли. Тоа нема да биде лесна задача. Тоа не можеш да го постигнеш без големи и строги напори. Но Бог го бара тоа од тебе... Ќе мораш да станеш верен стражар на своите очи и на сите свои сетила ако сакаш да владееш со својот ум и да им оневозможиш на суетните и расипани мисли да ја валкаат твојата душа. Само силата на благодатта може да го изврши тоа толку посакувано дело.“ – 2. Сведоштво, 561.

„Ако сатаната успее да го сврти умот кон некое неважно прашање и ги подели луѓето околу тоа, така што нивните срца им се забарикадирани против светлината на вистината, тој ќе ликува во злобниот триумф.“ – Evangelism, p. 154.


Вторник 19. ноември

3. ПОИНАКОВ ВИД НА ОПИЕНОСТ

а. Наведи некои од омилените лукави планови на непријателот против нас. Марко 4:19.

„Јас видов сатаната им наложи на своите ангели да поставуваат стапици посебно на оние коишто го очекуваат второто Христово второ доаѓање и ги држат сите Божји заповеди. Сатаната ги уверува своите ангели дека црквите се заспани и дека тој со сѐ почесто искажување на својата моќ и лажните чуда ќе ги задржи во таква состојба. “Меѓутоа,” тој рече “верската група на Саботјаните ние ја мразиме; тие постојано работат против нас, одземајќи ни ги поданиците, наведувајќи ги да го држат Божјиот закон , кој ние многу го мразиме. Настојувајте оние (помеѓу нив) кои што поседуваат земја и пари да ги опиете со грижи. Доколку можете да направите тие да ги положат своите чувства кон тие нешта, тогаш се во наши раце. Тие можат да исповедаат што сакаат, само направете нека се грижат за парите отколку за успехот на Христовото царство или ширењето на вистината која што ние ја мразиме. Претставете го пред нив светот во најатрактивна светлина за да го сакаат и да го обожуваат. Мораме да ги задржиме на своја страна сите средства кои ние можеме да ги имаме под контрола. Колку повеќе средства следбениците Христови посветат на Неговото дело, толку повеќе ќе му нанесат штета на нашето царство, земајќи ни ги поданиците. Кога тие закажуваат состаноци на различни места ние сме во опасност. Тогаш бидете многу претпазливи. Предизвикајте вознемиреност и збунетост доколку е можно. Уништете ја нивната меѓусебна љубов. Обесхрабрете ги нивните проповедници и направете ги малодушни; затоа што ние ги мразиме. Оние кои имаат средства наведете ги да изнаоѓаат навидум прифатливи изговори, само парите да не ги испуштаат од своите раце. Управувајте со парите доколку можете, и доведете ги нивните проповедници до скудност и неволја. Ова ќе ја ослабне нивната храброст и ревност. Борете се за секој сантиметар земја. Направете ја лакомоста и љубовта за земното богатство управувачки дел од нивниот карактер. Сѐ додека тие карактерни особини владеат, делото на спасението и благодатта ќе заостануваат. Опкружете ги со сите можни привлечности на овој свет и тие сигурно ќе бидат наши. И нѐ само што можеме со сигурност да сметаме на нив, туку веќе нема да можат да го вршат тоа замразено влијание со кое другите се наведуваат на патот кон небото. Дури и ако се обидат нешто да дадат, ставете во нив безволна склоност, за да можат да дадат штедливо.

Јас видов дека сатаната добро ги спроведува своите планови... Тој едните ги води на еден пат, а другите на друг, користејќи се секогаш со предноста која му ја пружаат злите карактерни особини на браќата и сестрите, поттикнувајќи ги и разгорувајќи ги нивните вродени лоши склоности. Доколку тие се наклонети да бидат себични и алчни, сатаната стои веднаш покрај нив, и со сета своја сила настојува да ги наведе кон угодување на своите вкоренети гревови. Благодатта Божја и светлината за вистината можат за извесно време да ја потиснат нивната алчност и себичните чувства, меѓутоа доколку тие не се здобијат со целосна победа, сатаната доаѓа кога тие не се под спасоносното влијание и ќе го уништи секое благородно начело на дарежливоста, и тие ќе мислат дека премногу се бара од нив.“ – Рани списи, 266,267.


Среда 20. ноември

4. КЛУЧОТ НА ПОБЕДАТА

а. Како единствено можеме да имаме успех против стратегијата на непријателот? Захарија 4:6.

„Сатаната најмногу од сѐ се плаши дека Божјиот народ ќе го расчисти патот отстранувајќи ги сите пречки, така што Господ може да го излее својот Дух на црквата која пропаѓа и на непокајаното собрание. Кога би било по негово, сатаната би се погрижил никогаш да не дојде до повторно будење, големо или мало, до крајот на времето. Но, нам не ни се непознати неговите оружја. Можно е да се спротивставиме на неговата моќ. Кога ќе се подготви патот на Божјиот Дух, благословот ќе дојде. Сатаната е еднакво немоќен да го спречи излевањето на благословите на Божјиот народ како што не може да ги затвори небесните прозорци и да спречи дождот да паѓа на земјата. Злите луѓе и демоните не можат да го сопрат Божјото дело ниту да го отстранат Неговото присуство на собранијата на Неговиот народ, ако тие се подготвени со понизно и покајничко срце да ги признаат и остават своите гревови и со вера да се повикаат на Неговите ветувања. На секое искушение, на секое непријателско влијание, без оглед дали е отворено или прикриено, можеме успешно да се спротивставиме.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 124.

б. Колку долго трае оваа духовна борба? Матеј 24:12,13.

„Никогаш не смееме да почиваме и упаднеме во задоволна состојба и да престанеме да напредуваме, велејќи: ‘Јас сум спасен’. Кога ќе ја усвоиме оваа идеја, исчезнува причината за постоење на будност, за молитви и за искрено настојување да се остварат повисоки достигнувања. Ниту еден посветен јазик не може да се најде како ги изговара овие зборови сѐ додека не дојде Христос, и ние нѐ влеземе низ портите во Божјиот град. Тогаш, со најголема коректност, можеме да му дадеме слава на Бога и на Јагнето за вечното избавување.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 314.

„Кога Христовата религија најмногу ќе се презира, кога Неговиот закон ќе биде најпотценет, тогаш нашата ревност треба да биде најтопла, и нашата храброст и цврстина најмногу непоколебливи. Да се застане во одбрана на вистината и праведноста кога повеќето ја отфрлаат, да се бориме во битките Господови кога има малку борци – тоа ќе биде нашиот тест. Во тоа време ние ќе мораме да собираме топлина од студенилото на другите, храброст од нивниот кукавичлук, верност од нивното предавство...

Капетанот на нашето спасение ќе го зајакне својот народ за конфликтот во кој ќе мора да се вклучи.“ – Sons and Daughters of God, p. 201.


Четврток 21. ноември

5. ДА СЕ ОПРЕМИМЕ

а. Какво покајание денес ни е потребно? Лука 6:40-42,46-49.

„Ние живееме во големиот ден не на симболично, туку на вистинско помирување. Секој од нас мора сам да го бара Бога. Тоа е лична задача... Секој нека ги признае, не гревовите на својот брат, туку личните.“ – 9. Сведоштво, 218.

„Секој чекор кон небото мора да биде чекор на понизност.“ – Historical Sketches, 139.

ПРЕМИМО СЕ

б. На што можеме да бидеме мошне благодарни? Ефесјаните 6:10-17.

„Во книгата на животот на Јагнето на крајот ќе се најдат запишани имињата само на оние кои навистина се бореле храбро во Господовите битки. Тие најискрено се трудат да го препознаат секое искушение и да го отфрлат секое зло. Тие се секогаш длабоко свесни дека ги следи Божјото око, и дека од нив се бара најискрена верност и преданост. Како верни стражари, тие будно ги чуваат приодите држејќи ги строго заклучени, за да не се случи сатаната преправен во ангел на светлината да влезе помеѓу верниците вршејќи го своето смртоносно дело.“ – Мојот живот денес, 321.


Петок 22. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведи некои од пречките кои мораме да ги совладаме во ширењето на вистината денес?

2. Како можеме да го спречиме нашиот голем непријател да ни го одвлекува вниманието?

3. Која е една од причините поради која мнозина се соочуваат со финансиски тешкотии?

4. Објасни кои се некои од тајните на успехот во сегашната духовна борба?

5. Како нашето духовно оружје ни помага да бидеме победници преку Христа?

 <<    >>