Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
  Сабота, 5. октомври 2019.

Дар во првата сабота за црквата во Лас Вегас (САД)

Лас Вегас, Невада, САД, е прочуен интернационален туристички град, познат пред се по своите коцкарници, трговски центри, фина кујна, забава и ноќен живот. Често нарекуван и Светска престолнина на забавата, прочуен е по големите казино-хотели и слични активности, и тоа го чини како една од најпопуларните туристички дестинации. Градската популација пораснала за 85,2% во деведесеттите години од минатиот век, и сѐ уште продолжува рапидно да расте. Според пописот од 2013. година, градот има 603.488 жители, додека поширокото подрачје на градот го населуваат 2.027.828 луѓе.

„Во светските познати здравствени установи и туристички центри во кои доаѓаат илјадници луѓе барајќи здравје и задоволство, треба да има стационирано и некој проповедник или колпортер способен да го привлече вниманието на масите. Тие работници треба внимателно да ја искористат секоја можност која ќе им се укаже да ја изнесат пораката за ова време.“ – Gospel Workers, p. 352

Во 2013. година, инспирирана од цитираниот текст, Генералната конференција инвестираше во она што се чинеше дека е невозможна мисија – отворање на црква во Лас Вегас. Младите одеа неуморно од куќа до куќа, во текот на врелите денови, колпортирајќи две седмици; медицинските експерти одржуваа здравствени семинари, а евангелистите смело ја објавуваа сегашната вистина преку семинари за пророштвата. Бидејќи градот главно е познат по својот ноќен живот, локалното население ноќе работи додека дење спие. Поради тоа многу малку луѓе присуствуваа на евангелизациските состаноци. Но, оние кои дојдоа покажаа значаен интерес и се пријавија за лични посети и библиски студии. По четири години на посети и библиски студии од проповедниците кои таму доаѓале од различни области, со Божја милост, бројот на заинтересираните семејства значително пораснал, и тие луѓе своите тешко заработени пари ги вложиле за поддршка на мисионската работа во нивниот град. Нивното самоодрекување било наградено кога еден мисионер со својата сопруга се преселил во Лас Вегас, и во мај 2013. година се крстиле деветнаесет луѓе кои ја проучувале Библијата.

Денес црквата во Лас Вегас продолжува да расте и браќата и понатаму продолжуваат да се жртвуваат, но тие сакаат да евангелизираат и да се прошират уште повеќе. Тие го штедат секој денар за да купат или изградат своја црква, но сепак потребно е и нашето членство ширум светот исто така да даде свој придонес. Ве молиме, покажете ја вашата великодушна поддршка за овој дар во првата сабота. Ви благодарам!

Вашите браќа и сестри од Лас Вегас

 <<    >>