Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Во моментов ние живееме во несимболичниот ден на очистување. Што тоа значи? Дали е тоа само формалност – или тоа навистина треба да влијае на нашиот секојдневен живот, идните планови, па дури и на обрасците на размислување на секој од нас?

Многумина не сфаќаат дека по природа, секој човек е грешник. Ние сме склони да си удоволуваме себеси во кршењето на светиот морален закон на Десетте заповеди, кој ни е даден од љубов, заради нашата среќа.

„Меѓутоа, додека сѐ уште бевме грешници, Божјиот Син умре за нас. Оставајќи ја настрана Својата царска облека и царската круна, го облече своето божество со човечка природа, Тој се спушти до нашата положба за да нѐ избави од ропството на гревот. Тој станал сиромашен заради нас, та преку Неговата сиромаштија ние да се збогатиме. Тој дошол на оваа земја да го заземе своето место на чело на човечкиот род. Поради нас, Тој го трпел ударот на божествената правда.“ - Australasian Union Conference Record, April 1, 1901.

„Христос се наоѓа во небесното светилиште, и Тој таму ја извршува службата на помирување за човечкиот род. Тој таму пред Отецот ги покажува своите ранети ребра и прободени раце. Тој е таму да посредува за својата црква на земјата. Тој го чисти светилиштето од гревот на народот. Кое е нашето дело? – Нашето дело е да бидеме во склад со Христовото дело. Ние со вера треба да работиме со Него, да бидеме во заедница со Него.

Целото небо е заинтересирано за делото кое се одвива на оваа земја. Народот треба да биде подготвен за големиот Божји ден, кој е токму пред нас; не смееме да му дозволиме на сатаната да ја фрли својата сенка на нашиот пат, и да го одвои нашиот поглед од Исуса и Неговата бескрајна љубов. Сета помош која ни е потребна треба да ја црпиме од Христа.“ - The Review and Herald, January 28, 1890.

„Христос се заветувал дека ќе биде наш заменик и гарант и Тој никого нема да го занемари. Оној кој не можел да дозволи човечките суштества да заминат во вечна пропаст, кој својата душа ја предал на смрт наместо нив, ќе ја пречекува со добредојде и со сомилосг секоја душа која сфаќа дека не може да се спаси самата себе и ќе го подигне секој очаен молител. Тој, кој со своето посредување на секој човек му обезбедил бесконечна резерва на морална сила, не може да ја пропушти можноста таа сила да не ја употреби во наша полза.

На секој кој очајува Тој ќе му помогне да се подигне. Тој кој со своето помирување им го ставил на луѓето на располагање вечното благо на духовната сила, никогаш нема да пропушти оваа сила да не ја употреби во наша корист. Сите свои гревови, грижи и болки да ги ставиме покрај Неговите нозе, бидејќи Тој нѐ љуби. Секој Негов поглед и секој Негов збор треба да ни влева самодоверба. Тој ќе го формира и изгради нашиот карактер според Неговата волја.“ – Христовите очигледни поуки, 157.

Додека наредните три месеци ги проучуваме овие лекции, ќе сакаме ли да соработуваме со Светиот Дух дозволувајќи му да го стори токму тоа?

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>