Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
7. лекција Сабота, 16. ноември 2019

Книги

„Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.“ – Откровение 20:12.

„Десет илјади по десет илјади беа собрани пред еден голем престол на кој седеше лицето со исклучително величествен изглед. Пред Него се наоѓаа неколку книги, а на кориците од секоја со златни букви, кои изгледаа како оган што голта, беше напишано: ‘Главен записник на небото.’“ – 4. Сведоштво, 384.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   4. Сведоштво, 384-387. 

Недела 10. ноември

1. СУДЕНИ СПОРЕД ЗАПИШАНИТЕ ИЗВЕШТАИ

а. Како првиот ангел од Откровението го објавува судот, и што во тоа време се случува на небото? Откровение 14:6,7; Даниел 7:9,10.

„Секој ден се запишуваат нашите зборови, постапки и влијанието во небесните книги.“ – That I May Know Him, 234.

„Бог ја знае секоја мисла, секоја намера, секој план и секој мотив. Во небесните книги се евидентираат дури и оние гревови кога поединците би ги направиле кога за тоа би ум се укажала можност. Бог ќе го изнесе на суд секое дело и секоја тајна... Бог има совршена фотографија од карактерот на секој човек и оваа фотографија Тој ја споредува со својот закон. Тој на човекот му ги открива недостатоците на неговиот карактер кои го валкаат неговиот живот и го повикува да се покае и одврати од гревот.“ – The Signs of the Times, July 31, 1901.

„Нека секој за себе разгледа каков запис е направен во небесните книги во врска со неговиот живот, карактерот и неговиот став кон Бога... Да го преиспитаме своето минато и да видиме дали на Христа сме му дале докази за нашата љубов, трудејќи се да станеме што послични на Него, и работејќи како што Тој работел да ги спасиме оние за кои Тој умрел.“ – Lift Him Up, 325.


Понеделник 11. ноември

2. ОНИЕ ШТО СЕ ОБЕДИНЕТИ СО ХРИСТА СЕ ВБРОЕНИ

а. Што се случува на небото кога некој ќе се изјасни како Христов слуга? Лука 10:20 (последен дел); Филипјаните 4:3 (последен дел).

„Кога ќе станеме Божји деца, нашите имиња се запишуваат во Книгата на животот на Јагнето, и тие остануваат сѐ до времето на истражниот суд. Тогаш ќе биде повикано името на секој поединец, и неговиот запис испитан.“ – In Heavenly Places, 360.

„Името на црнецот се запишува во книгата на животот покрај името на белецот. Сите се едно во Христа.“ – Selected Messages 2, 342.

„Вашето име треба да биде толку чисто така што не може никој оправдано да ве поврзе со нешто нечесно или неправедно, но ќе бидете почитувани од сите добри и непорочни луѓе, и ќе бидете запишани во Книгата на животот на Јагнето, и како бесмртници ќе живеете меѓу светите ангели.“ – God’s Amazing Grace, 111.

б. Зошто е неопходно да бидеме вистински водени од Светиот Дух? Римјаните 8:4.

„Божјиот Дух со својата животворна сила, мора да престојува во секое човечко орудие, како духовните мускули и тетиви би ги ставил во постојано движење. Без Светиот Дух, без здивот Божји, совеста е умртвена, а духовниот живот се гаси и исчезнува. Имињата на мнозина кои се лишени од духовниот живот се наоѓаат во книгите на црквата но не се запишани во книгата на животот на Јагнето. Тие можат да бидат членови на црквата, но тоа не значи дека се соединети со Господ. Тие можат да бидат активни па дури и вредни во вршењето на извесни должности, така што можат да се сметаат за живи луѓе; но мнозина од нив имаат само име дека се живи, а всушност се духовно мртви.“ – Коментари на библиските текстови, 377.

„Ние не се спасуваме како црква; припадноста на било која деноминација не може да нѐ доведе во склад со Бога. Ние се спасуваме поединечно како верници во Господа Исуса Христа. ‘Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас - туку дар Божји’. Нашите имиња можат да бидат запишани во книгите на најдуховните цркви, а сепак да не припаѓаме на Христа, и нашите имиња можат да не бидат запишани во книгата на животот на Јагнето.“ – The Review and Herald, February 10, 1891.

„Нека членовите на црквата имаат на ум дека нема да ги спаси тоа што нивните имиња се запишани во црковните книги. Тие мораат да докажат дека се избрани од Бога како работници кои немаат од што да се срамат. Од ден во ден, тие треба да го изградуваат својот карактер во согласност со Христовите упатства, пребивајќи постојано во Христа, и непоколебливо верувајќи во Него.“ – 9. Сведоштво, 48.


Вторник 12. ноември

3. ПРЕЦИЗНИ ИЗВЕШТАИ

а. Додека нашите имиња се запишуваат во книгата на животот на Јагнето, што сѐ уште внимателно се бележи? Изреки 15:3.

„Сите ваши постапки, колку и да ги држите скриени, му се познати на вашиот небесен Татко. Пред Него ништо не е тајно ниту скриено. Нему му се познати не се само сите ваши дела туку и побуди кои ве навеле на тоа. Тој знае за секој ваш збор и за секоја ваша мисла.“ – 3. Сведоштво, 82.

„Запомни дека твојот карактер големиот Уметник го снимил и ставил во небесните книги, исто така прецизно како што лицето се одразува на полираната плоча на уметникот. Што велат небесните книги за твојот случај? Дали сте го усогласиле својот карактер со Моделот, Исус Христос? Дали сте ги измиле облеките на својот карактер и избелиле во крвта на Јагнето?“ – Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 62.

„Ако сакаме да бидеме победници, треба да го испитуваме своето срце како би биле сигурни дека не негуваме нешто што е навредливо за Бога. Ако сепак негуваме, не можеме да ја облечеме белата облека која ни е ветена. Ако сакаме да застанеме пред Бога облечени во бела облека која ја претставува праведноста на светите, мораме сега да работиме да се победиме себеси.“ – Historical Sketches, 138.

б. Кој е Божјиот план во тоа дело? Откровение 11:1.

„Големото и одлучувачко судење е започнато и трае веќе некое време. Сега Господ вели: ‘Измери го Божјиот храм... и оние што се поклонуваат во него’. Имајте на ум: кога одите по улица да извршите некоја своја работа, Бог те мери; кога ги извршувате своите домашни работи и должности, кога учествувате во разговор, Бог ве мери...

Додека ги вршиме своите должности, да имаме на ум дека постои Еден кој будно внимава во каков дух го правиме тоа. Зарем да не го внесуваме Спасителот во својот секојдневен живот, во своите работни и домашни должности? Тогаш во името на Господа да оставиме сѐ што не е неопходно, секое оговарање или непотребни посети и да се покажеме како слуги на живиот Бог.“ – Коментари на библиските текстови, 909.


Среда 13. ноември

4. БРИШЕЊЕ

а. Иако нашите имиња се можеби запишани во книгата на животот, што е и понатаму можно? Псалм 69:28. Што Бог сака за нас? Филипјаните 2:14,15.

„Времето бргу поминува, и секое дело наскоро ќе биде изнесено на суд, па затоа или нашите гревови или нашите имиња ќе бидат избришани од книгата на животот.“ – Sons and Daughters of God, p. 49.

„Ти не се согласуваш исповедањето на вистината да го прифатиш само на зборови, а да не живееш според неа; отсекогаш сметаше дека во животот треба да се биде доследен на она што се исповеда. Покажана ми е книга во која, покрај другите, е запишано и твоето име. Покрај твоето име имаше една црна дамка. Погледнувајќи во неа, ти кажа: ‘Тоа никогаш не може да се избрише.’ Исус испружувајќи ја во тој правец Својата ранета рака рече: ‘Ова може да се избрише само со Мојата крв. Ако се одлучиш отсега понатаму понизно да продолжиш по патот на послушноста, потпирајќи се единствено на заслугите на Мојата крв, која единствено може да ги покрие твоите престапи од минатото. Јас ќе ги избришам твоите престапи и ќе ги покријам твоите гревови. Но ако продолжиш по патот на престапот ќе мора да пожнееш казна за своите гревови. Зашто плата за гревот е смртта’.

Видов како злите ангели се насобираат околу тебе настојувајќи твоите мисли да ги одвратат од Христа, и да те наведат да гледаш во Бог само строг судија, губејќи ја потполно од вид љубовта, сочувството и милоста на распнатиот Спасител кој може да го спаси секого што ќе му се обрати за помош. Ангелот ги повтори зборовите на апостолот: ‘Ако некој згреши, имаме Застапник на небото кај Таткото, Праведникот Исус Христос.’“ – 1. Сведоштво, 543,544.

„За да бидеме вистинска светлина во светот, мораме да покажуваме дух на сочувство, сомилост и љубов Христова.

Да се љуби како што љубел Христос значи потполно, секогаш и во сѐ личноста да владее со самата себе. Тоа значи покажување на христијанска несебичност во секое време и на секое место.“ – Мојот живот денес, 80.

б. Каква предност имаме како христијани, и која одговорност оди заедно со таа предност? 1. Јованово 3:1-3.

„Ти можеби ќе прашаш: ‘Дали моето име е запишано таму?’ Тоа ќе биде запишано во Книгата на животот доколку имаш карактер кој е непорочен и свет како и Христовиот карактер. Само верата во вистината нема да нѐ спаси. Ние мораме да бидеме како Христос доколку сакаме еден ден да го видиме каков што е.“ – Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 134.


Четврток 14. ноември

5. ВЕТУВАЊА ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ

а. Што се наоѓа во книгата за спомен? Малахија 3:16; Немија 13:14.

„Во Божјата ‘книга за спомен’ е овековечено секое праведно дело. Тука точно е запишано секое искушение од кое сме излегле како победници, и секое победено зло и секој збор на нежно сочувство. Тука е запишано и секое пожртвувано дело и, секоја болка и страдање поднесено за Христа.“ – Големата борба, 481.

б. Во заклучокот, што секогаш треба да имаме на ум? Откровение 3:5; Матеј 10:32.

„За да бидеме христијани мораме да го имаме Христос во срцето. Никој не може вистински да го признае Христос и да исповеда вера во Него ако не го поседува Христовиот ум и Дух. Кога само обличјето на побожноста или познавањето на вистината би значело христијанство, тогаш би можеле да кажеме: ‘Широк е патот што води во живот и мнозина се тие што го наоѓаат’. Мораме да сфатиме што значи тоа да го признаеме Христос, и во што или со што се одрекуваме од Него. Можно е со устата да го признаваме Христос, но да се одрекуваме од Него со своите дела. Духовните родови покажани во секојдневниот практичен живот претставуваат вистинско признавање на Христос.“ – 1. Сведоштво, 303.

„Чии имиња нема да бидат избришани од книгата на животот? Само имињата на оние кои го сакале Бога со сета сила на своето битие, а своите ближни како самите себе.“ – Historical Sketches, 138.


Петок 15. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како знаеме дека доказите на судот се праведни и вистинити?

2. Како нашата одговорност кон Бога излегува надвор од рамките на членството во црква?

3. Зошто и на кој начин во моментов се мериме?

4. Спореди што се брише кај оние кои се изгубени, а што се брише кај спасените?

5. Што секој ден треба да биде нашата најголема грижа?

 <<    >>