Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 9. ноември 2019

Трезвеност

„Но близу е крајот на сè. Па бидете мудри и бодри во молитвите.“ – 1. Петрово 4:7.

„Ние за ниеден момент не смееме да попуштиме во нашата будност... Ние живееме во големиот Ден на помирување и постојано треба да го проучуваме светото дело на Христа кое Тој го врши за Божјиот народ во небесното светилиште.“ – 5. Сведоштво, 520.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 479–491. 

Недела 3. ноември

1. СВЕЧЕН МОМЕНТ

а. Што во еврејската нација го обележувало времето на првосвештеничката служба во светињата над светињите? Левитска 16:29,30.

„Пoдигнувaњeтo нa тaa зaвeсa (на влезот во светињата над светињите) и нeдoзвoлeнoтo влeгувaњe вo свeтaтa тaинствeнoст нa Свeтињaтa нaд свeтињитe, знaчeлo сигурнa смрт. Бидejќи тaму, нaд прeстoлoт нa милoстa прeстojувaлa слaвaтa нa Нajсвeтиoт – слaвa, кoja ниeдeн чoвeк нe мoжe дa ja види и дa oстaнe жив. Вo тeкoт нa eдeн дeн вo гoдинaтa штo бил oдрeдeн зa службa вo Свeтињaтa нaд свeтињитe, првoсвeштeникoт трeпeрejќи влeгувaл кaj Бoжjoтo присуствo, дoдeкa oблaци тeмjaн ja криeлe слaвaтa oд Нeгoвиoт пoглeд. Ситe звуци низ двoрoвитe нa хрaмoт зaмирaлe. Свeштeницитe нe служeлe кaj жртвeницитe. Mнoштвoтo oбoжaвaтeли, длaбoкo нaвeднaти вo тивкo стрaвoпoчитувaњe, ги упaтувaлe свoитe мoлитви зa Бoжja милoст.“ – Здравје и среќа, 437,438.

„Првосвештеникот секогаш тука влегувал со трепет, додека за тоа време народот го чекал неговото враќање во свечена тишина и искрено се молел на Бога за Неговиот благослов. Кај престолот на милоста Бог разговарал со првосвештеникот. Ако во светињата над светињите свештеникот останувал необично долго, народот често бил уплашен плашејќи се дека Божјата слава го убила поради нивните или некој негов грев.“ – The Spirit of Prophecy 1, 274, 275.

„Нека црквата започне со делото на чистење пред Бога преку покајание, понизност и длабоко истражување на срцето, бидејќи се наоѓаме во несимболичниот Ден на помирување – сериозно време кое донесува вечни последици.“ – Selected Messages 2, 378.


Понеделник 4. ноември

2. ИЛУСТРАЦИЈА ЗА НАС

а. Како свеченоста на годишната служба го одразува сегашното дело на нашиот Првосвештеник во светињата над светињите во небесното светилиште? 1. Коринтјаните 10:11; Софонија 2:1-3.

„Ние сега живееме во големиот ден на исчистување. Во симболичната служба на Стариот завет, додека свештеничкиот поглавар ја вршел службата за помирување на Израелците, секој морал да ја мачи својата душа со исповедување на гревовите и со понижување пред Господа, за да не биде истребен од народот. На сличен начин, сите оние што сакаат имињата да им останат во книгата на животот, треба сега и во овие неколку преостанати денови на милост и проба, да ја мачат својата душа пред Бога со жалење, поради направените гревови и со искрено покајание. Тие мораат длабоко и совесно да ги преиспитаат своите срца. Мораат да го отфрлат лекомислениот и суетен дух на кого му се предале многу таканаречени христијани. Сите оние што сакаат да ги совладаат лошите наклоности, што сакаат целосно да загосподарат со нив ги чека уште посериозна борба. Делото на подготовка е лична задача на секој поединец. Душите не се спасуваат групно, туку поединечно. Побожноста и чистотата на еден не можат да го надоместат недостатокот на овие особини кај другиот. Иако сите народи мораат да излезат пред Бога за да примат суд, сепак Тој, случајот на секој поединец ќе го испита со таква точност како да не постои повеќе ниту едно друго суштество на Земјата. Секој мора да биде испитан и да биде пронајден без мани и недостатоци или слично нешто.“ – Големата борба, 489,490.

б. Кои предупредувања на Спасителот посебно се однесуваат на нас денес? Марко 13:33; Откровение 3:3.

„Сцените што се поврзани со завршното дело на исчистување, мошне се свечени. Во прашање се мошне значајни и важни интереси. Сега горе во небесната светиња заседава суд. Ова дело е во тек веќе многу години. Набргу - никој не знае кога, ќе се помине на случаите на живите. Нашиот живот ќе се разгледува во возвишеното присуство на Бога...

Кога ќе заврши делото на истражниот суд, тогаш судбината на секој поединец дефинитивно ќе биде решена: за живот или за смрт. Времето на милоста и пробата ќе се заврши малку пред Господ да се појави на небесните облаци...

И праведните и непокајаните сѐ уште ќе живеат на Земјата во својата смртна состојба - луѓето ќе садат и ќе градат, ќе јадат и ќе пијат, сосема несвесни дека горе во светињата е изговорена последната и неотповикливата одлука.“ – Големата борба, 490,491.


Вторник 5. ноември

3. ДА ВНИМАВАМЕ

а. Која вистина мора да биде длабоко всадена во умот на секој христијанин во овој период од историјата? 1. Коринтјаните 10:12; 1. Петрово 4:7.

„Сите што ќе го прифатат Спасителот, колку и да е искрено нивното преобратување, никогаш не смеат да тврдат или да мислат дека се спасени. Тоа може да ги заведе од вистинскиот пат. Секој треба да биде поучуван да не губи надеж и вера; но дури и тогаш, кога себеси ќе му се предадеме на Христа и кога знаеме дека Тој нѐ прифатил, не сме надвор од досегот на искушенијата... Наша единствена сигурност е непрекратната недоверба во себе и постојаното потпирање врз Христа.“ – Христовите очигледни поуки, 155.

„Би било секој од нас добро да застане пред огледалото - возвишениот Божји закон - и во него да го види ликот на сопствениот карактер. Треба грижливо да внимаваме да не поминат незабележано знаците на опасност и опомените дадени во Неговата реч. Ако ги занемариме тие опомени и ако не ги совладаме недостатоците на карактерот, тие недостатоци ќе го совладаат оној што ги поседува и тој ќе западне во заблуда, отпадништво и отворен грев. Умот кој не се издига до највисокиот степен ќе го загуби и она што некогаш го стекнал, кога неговите сили ќе попуштат.“ – 5. Сведоштво, 537.

„Ние со целосно прифаќање на Божјата волја ќе се најдеме на поволно место од кое ќе ја увидиме потребата за одлучно одвојување од обичаите и практиките на светот. Своите мерила не смееме да ги издигнеме само малку над световните; напротив, таа линија на демаркација треба да биде целосно видлива.“ – Fundamentals of Christian Education, 289.

б. Кое предупредување треба да го извлечеме од Исусовата молитва на Отецот која го открива Неговиот план за секого од нас? Јован 17;17.

„Ако седите во друштвото на оние кои ја љубат лагодноста, со зборовите на вашите усни, ‘Јас сум спасен’, додека истовремено ги занемарувате Божјите заповеди, ќе бидете засекогаш изгубени. Вистината во Исуса е застрашувачка во очите на оние кои сакаат удобност и неработење. Но вистината во Исуса е преполна со смирувачка радост за оние кои се послушни. Тоа е радост која ја дава Светиот Дух. Затоа одлучете да го отворите умот и срцето како би можеле да го видите секој зрак на светлина која доаѓа од Божјиот престол.

Сега не е време да бидеме рамнодушни, безгрижни и љубители на уживања. Христос доаѓа со сила и голема слава. Дали сте подготвени? Дали ги оставате вашите гревови? Дали се посветувате преку вистината како одговор на Христовата молитва?“ – Selected Messages, bk. 1, p. 318.


Среда 6. ноември

4. БЕГАЊЕ ОД СИНДРОМОТ

а. Додека ја врши службата во светињата над светињите, каков став препознава Исус како тажна реалност карактеристична за овој последен период од црковната историја? Откровение 3:14-16.

„Гласниците биле испратени со вести на опомена, укор и молба. Божјите слуги плачеле и се молеле поради млаката состојба во која се наоѓа црквата. Некои можеби и ќе станат, но само затоа повторно да паднат во несвесност за своите гревови и опасности. Страст, световност, злоба, завист, гордост, борба за превласт, сето тоа ги слабее нашите цркви. Некои Христови претставници носат тежок товар на својата душа, затоа што нивната порака многумина ја сметаат за празна приказна. Гледајќи низ вековите, Исусовото око било насочено на нашето време за кое Тој рекол: ‘Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир’. Сѐ уште е твојот ден Божја цркво, која Тој ја направил чувар на Неговиот закон. Но овој ден на проверка и проба бргу се приближува кон крајот. Сонцето забрзано оди кон запад. Може ли да се случи тоа да зајде, а ти нема да знаеш што е потребно за твојот мир? Мора да се донесе неотповиклива пресуда: ‘Но тоа е сега сокриено од твоите очи’? Ти кажувам дека постои потреба за узбуна.“ – The Review and Herald, November 2, 1886.

б. Која срдечна молба Господ ја упатува до сите нас? Откровение 3:17-21.

„Време е срдечно да го бараме Бога, велејќи заедно со Јаков: ‘Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш’. Нема да ни биде од никаква корист ако вложиме грчевити напори, само да се вратиме во духовна летаргија и млакост. Минатото со отфрлена милост, неуважените опомени, непосветените земни страсти, неискористените предности, храмот на душата исполнет со осквернето светилиште – сето тоа е запишано во небесните книги. Но, најсвечените моменти сѐ уште се пред вас. Поради запоставеното минато, напорите кои сега ги вложувате мораат да бидат уште поискрени.

Спасителот му зборува на својот народ: ‘Биди ревностен и покај се’. Не се проповедниците оние кои сте ги отфрлиле; не се тоа опомените на луѓето што сте ги отфрлиле; не се моите избрани пророци кои сте одбиле да ги послушате, туку вашиот Искупител, вашата единствена надеж. Ако бидете уништени, тоа ќе биде само ваша одговорност.“ – The Review and Herald, November 2, 1886.


Четврток 7. ноември

5. ДА СЕ ПОКЛОНИМЕ ПРЕД ГОСПОДА

а. На кој начин вистинските Христови следбеници во последните денови се разликуваат од оние во светот? 2. Тимотеј 3:2 (прв дел); Јаков 4:10.

„Дали нашите цркви ќе се понижат пред Господа во овој ден на помирување? Дали ќе ги отфрлат гревовите кои ја валкаат облеката на нивниот карактер и ги раздвојуваат од Бога? Денес е денот на нашата посета. Не гледајте во иднината, како на поволно време, кога крстот кој треба да го понесете ќе биде полесен, кога со помалку напори ќе се спротивставите на склоностите на телесното срце. ‘Денес’, вели Божјиот Дух, ‘ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца’. Денес одите на работа, бидејќи другпат можеби ќе биде премногу доцна. Чувството кое денес го имате утре можеби нема да биде толку силно. Сатаната можеби ќе ве фати во својата стапица. Вашиот светилник можеби ќе биде отстранет од своето место, а вие ќе бидете оставени во темнина. ‘Гледајте да не Го отфрлите Оној Кој зборува’. Верниот Сведок зборува: ‘Ете, стојам пред вратата и чукам’. Секоја опомена, укор и молба напишани во Божјата Реч или изговорени преку неговите избрани пророци, претставува чукање на вратата на срцето; тоа е Исусовиот глас кој сака да влезе. Со секое чукање кое го занемарувате, вашата одлучност да отворите станува сѐ послаба. Ако Исусовиот глас не го послушаме веднаш, тој во нашиот ум се меша со мноштвото други гласови, световните грижи и работите го преокупираат вниманието, а осведоченоста исчезнува. Срцето станува сѐ помалку чувствително и паѓа во опасна несвесност за краткоста на времето и за возвишената вечност. Небесниот Гостин стои на твоите врата, додека ти ги насобираш пречките кои Му го оневозможуваат влезот. Исус чука преку благосостојбата што ти ја дава. Тој ти дава обилни благослови како би ја искушал твојата вера, за тие благослови од тебе да бидат пренесени и на другите. Дали ќе дозволиш твојата себичност да надвладее.“ – Review and Herald, November 2, 1886.


Петок 8. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто народот бил загрижен ако првосвештеникот повеќе би се задржал во светињата над светињите?

2. Зошто сегашниот ден на помирување повикува на свеченост од наша страна?

3. И покрај оваа реалност, каков е ставот на мнозина кои го исповедаат христијанството?

4. Како можеме да бидеме избавени од проблемите на Лаодикеја?

5. На кои сѐ начини Исус тропа на вратата на моето срце?

 <<    >>