Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
1. лекција Сабота, 5. октомври 2019

Нашата потреба за помирување

„А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.“ - Римјаните 5:11.

„Голгота стои како споменик на прекрасната жртва, која била потребна за да се покрие престапот на божествениот Закон.“ – Патот кон Христа, 33.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патот кон Христа, 23-35. 

Недела 29. септември

1. СОВРШЕН ПОЧЕТОК

а. Опиши ја духовната состојба со која во почетокот Бог ги надарил Адам и Ева, првите членови на човечкиот род. Создавање 1:27,31.

„Во славниот Едем немало гревови ниту пак знаци на распаѓање. Божјите ангели слободно и љубезно разговарале со светиот пар. Птиците радосно пееле на слава на својот Создател. Мирољубивите животни слободно се движеле во близина на Адам и Ева, подготвени да го послушаат нивниот глас. Адам бил благословен со совршена убавина и сила – тој бил најблагородното Божјо создание.

Човекот и неговиот Создател не ги раздвојувала никаква сенка. Бог за луѓето бил добар небесен Татко затоа што нивното однесување во сè било усогласено со Божјата волја. Во Адамовиот карактер се одржувал Божјиот карактер.“ – Адвентен дом, 26,27.

б. Што го правело животот во Едем величествено пријатен? Создавање 1:28; 2:8,19.

„Во едемскиот дом на Адама и Ева природата била ‘полна со знаење за Господа’, преполна со божествени поуки. Мудроста му зборувала на окото и таа била примана во срцето, зашто луѓето разговарале со Бога преку неговите дела, преку делата што ги создал Тој.“ – Христовите очигледни поуки, 18.


Понеделник 30. септември

2. СОВРШЕНСТВОТО СЕ РАСИПАЛО

а. Што ја нарушило радоста во Едем? Создавање 2:16,17; 3:6.

„Адам и Ева самите себеси се увериле дека толку незначителното дело, како што е јадењето од забранетиот плод, не може да има толку страшни последици како што рекол Бог. Но тоа незначително дело било престап на Божјиот непроменлив свет закон, што го одвоило човекот од Бога.“ – Патот кон Христа, 33.

б. Како овој проблем ја погодил целата планета? Римјаните 8:22.

„(Земањето на забранетиот плод) ги урнало браните за смрт и неискажани страдања да го преплават нашиот свет. Од столетие во столетие од нашата земја постојано се издигнувале извици на болки и сите созданија заеднички воздивнувале и болно страдале од последиците на човечката непослушност. И самото Небо го чувствувало влијанието на неговиот бунт против Бога.“ – Патот кон Христа, 33.

в. Што мораме да сфатиме за склоностите на човечкиот род од времето кога семето на побуната се појавило и го расипало природното човечко срце? Проповедник 7:29.

„Гревот не треба да го сметаме за нешто незначително.

Секој престап, секое занемарување или отфрлање на Христовата благодат, остава свои последици врз нас; тоа го стврднува срцето, ја ослабнува волјата, го отапува умот и не само што нè прави помалку готови, туку и помалку способни да ги послушаме нежните повици на Божјиот Свет Дух.

Мнозина ја умируваат разбудената совест со мислата дека можат да се вратат од својот лош пат секогаш кога ќе посакаат; дека можат да си играат со повиците на милоста, а сепак да останат трајно чувствителни кон нивното влијание. Иако му пркоселе на Духот на благодатта, иако своето влијание го ставиле во служба на сатаната, тие мислат дека сепак ќе можат да ја променат насоката на животот во мигот кога ќе настапи страшната криза. Но тоа не е така лесно да се стори. Искуствата и воспитувањето во текот на целиот живот толку темелно го формирале карактерот, што тогаш само ретки посакуваат да бидат слични на Исуса.“ – Патот кон Христа, 33,34.


Вторник 1. октомври

3. ПРОБЛЕМОТ НА ГРЕВОТ

а. Како Светото Писмо ја објаснува постојната криза во човештвото и ширум целата планета? 1. Јованово 3:4; 1:8.

„Без оглед колку да се труди да чини најдобро што може, не постои никој кој може да каже: ‘Јас немам грев’.“ - The Upward Look, 53.

„Во Светите списи ништо не е појасно од вистината дека Бог ниту на било кој начин не е одговорен за настанувањето на гревот, и дека никакво тиранско скратување на божествената милост, ниту било каков недостаток во божественото владеење не дале повод за побуна. Гревот се наметнал како неканет гостин за чиешто присуство не може да се наведе причина. Тој е таинствен, необјаснив и да се оправдува би значело да се брани. Кога за него би можело да се најде оправдување или причина за неговото постоење, тогаш тој би престанал да биде грев. Дефиницијата за гревот е јасно дадена во Божјото Слово: ‘Гревот е беззаконие’ - престап на законот (1. Јованово 3:4), и тоа е наше единствено објаснување; тој е олицетворение на начелата што се во непријателство со големиот Закон на љубовта врз кој се темели божественото владеење.“ – Големата борба, 492,493.

б. Со која болна реалност секое човечко битие мора да се соочи? Римјаните 3:23; Исаија 1:5,6.

„Делото на отпадништво започнува со некоја потајна побуна на срцето против барањата на Божјиот закон. Несветите желби, незаконските амбиции, се негуваат и подржуваат, а неверувањето и темнината ја одделуваат душата од Бога. Доколку не ги совладаме овие зла, тие ќе нѐ совладаат нас.“ – God’s Amazing Grace, 333.

в. Како Бог гледа на недостатокот на правда предизвикан поради гревот, и кое решение Тој го има? Исаија 59:15,16.

„Во Едем човекот паднал од својата возвишена положба и преку престапот станал подложен на смрт. Небото видело дека човечките суштества ќе пропаднат и тоа предизвикало сочувство кај Бога. Тој пронашол начин за спасение, но со неизмерна цена... За престапникот не постоела друга надеж освен преку Христа.“ – 8. Сведоштво, 25.


Среда 2. октомври

4. ОЧИСТУВАЊЕ СО КРВТА

а. Кој план Бог однапред го смислил за да го спаси паднатиот човечки род, и зошто тој бил неопходен? Јов 33:24; Создавање 3:17-21.

„Божеството било трогнато со сочувство кон човечкиот род, а Отецот, Синот и Светиот Дух се дадоа во изработка на планот за откуп. За целосно да се спроведе овој план, беше одлучено дека Христос, единородниот Божји Син, треба се принесе себеси како жртва за грев.“ – Counsels on Health, 222.

„Како Адамовиот престап што донел неволја и смрт, така Христовата жртва ќе донесе живот и бесмртност.“ – Патријарси и пророци, 66,67.

б. Кој систем бил утврден симболично да ја прикаже Христовата жртва? Создавање 4:4; Левитска 17:11.

„Принесувањето на жртви го пропишал сам Бог. Тоа имало за цел човекот постојано да го потсетува на неговиот грев и да го наведе на каење и на јавно покажување на вера во ветениот Спасител, и постојано и живо на паднатиот човечки род да му ја предочува свечената вистина дека гревот предизвикал смрт. За Адама принесувањето на првата жртва било исклучително болна и мачна церемонија. Морал да ја подигне својата рака за да одземе живот кој само Бог можел да го подари. Тогаш првпат видел смрт, а знаел дека ниту човекот ниту животното не би морале да умрат кога тој би му останал послушен на Бога. Кога го заклал невиното животно на жртва, затреперил при помислата дека поради неговиот грев мора да се пролее крвта на пречистото и невино Божјо Јагне.“ – Патријарси и пророци, 68.

„Без пролевање на крв немало проштавање на гревот; и тие (Адмовите синови) со жртвувањето на првите младенчиња од своите стада требало да ја покажат својата вера во Христовата крв како Ветена жртва на страдање и помирување.“ – Патријарси и пророци, 71.

„Крвта на Божјиот Син симболично била претставена со крвта на убиената жртва; Бог сакал така да се сочуваат јасните и одредени идеи за разликата помеѓу светото и обичното. Крвта била света, со оглед на тоа дека само со пролевање на крвта на Божјиот Син може да се постигне помирување за гревот.“ – God’s Amazing Grace, 55.


Четврток 3. октомври

5. БЛАГОДАРНОСТ ЗА БОЖЈАТА ОДРЕДБА

а. Што треба да сфатиме за помирувањето кое е направено заради нас, и како треба да одговориме на тоа? Евреите 9:22; Римјаните 5:8-11.

„Исус е нашата жртва на помирување. Ние самите не можеме да се искупиме, но со вера можеме да го прифатиме помирувањето што било направено.“ – Selected Messages, bk. 1, pp. 307.

„Бог ни ја открива нашата вина за да можеме да најдеме засолниште во Христа, со Негова помош да се ослободиме од ропството на гревот и Блаженствата да се радуваме во слободата на Божјите деца. Со вистинско покајание можеме да дојдеме до подножјето на крстот и тука да го оставиме нашето тешко бреме.“ – Мисли од гората на блаженството, 9,10.

„Спасувањето на човечките битија е огромен потфат кој ги повикува на акција сите атрибути на божествената природа. Отецот, Синот и Светиот Дух се заветувале дека од Божјите деца ќе направат повеќе од победници, преку Оној кој ги љубел. Бог е милостив и долготрпелив, и не сака никој да загине. Тој ни обезбедил сила да нѐ направи победници.“ – The Review and Herald, January 27, 1903.


Петок 4. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведи некои од најубавите карактеристики на животот во Едем.

2. Зошто Бог ја проверува нашата верност и лојалност во наизглед малите работи?

3. Зошто е погрешно да го обвинуваме Бога и другите за гревовите во нашиот живот?

4. Опиши ја длабината на Христовата жртва за нас?

5. Како треба да одговорам на помирувањето кое Исус го остварил на крстот?

 <<    >>