Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 7. декември 2019

Ред и организација

„Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење“ – 1. Коринтјаните 1:10.

„Божја намера е припадниците на Неговиот народ да бидат единствени, еднодушни и едномислени. Меѓутоа, тоа не може да се оствари без влијание на јасното, одредено и живо сведоштво во црквата.“ – 3. Сведоштво, 361.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   3. Сведоштво, 343-362. 

Недела 1. декември

1. РАЗВИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ УМ

а. Кое прашање, што Бог му го поставил на Маној, треба да ја води нашата внатрешна потрага за ментален развој? Судии 13:8,12.

„Умот, душата, се изградува со она со што се храни.“ – Воспитување, 126.

„Воспитувањето на срцето е поважно отколку образованието здобиено од книгите. Добро е а дури неопходно, да се здобие знаење за светот во кој живееме; но доколку ја изоставиме вечноста од нашето размислување, ќе направиме пропуст од кој нема да можеме никогаш да се опоравиме.“ – Совети за детето, 497.

„’Така вели Господ’, треба да ве води во сите ваши планови на воспитување....“ – Совети за детето, 69.

„Умот треба да биде дисциплиниран, обучен, едуциран, бидејќи Божјото дете треба да му служи на Бога на начини што не се природни, или во склад со неговата вродена склоност. Оние кои стануваат Христови следбеници заклучуваат дека сега настануваат нови мотиви на дејствување, се појавуваат нови мисли и дека од тоа ќе настанат нови постапки.“ – Christian Education, 122.


Понеделник 2. декември

2. САМОДИСЦИПЛИНА ЗА ВЕЧНОСТ

а. Во нашата потрага за знаење, од што треба да се чуваме како би развиле здрав ум? Проповедник 12:12.

„Ако физичките сили не се оптоваруваат подеднакво со умните, вторите трпат преголемо оптоварување. Доколку секој дел од човечкиот организам не ги извршува задачите кои му се одредени, умните сили никогаш не можат да бидат употребени до крајните граници од своите можности.“ – Christian Education, 211.

„Многу се губи поради тоа што физичкиот напор не се поврзува со умниот. Своите слободни часови студентите често ги поминуваат во лекомислени забави кои само ги слабеат нивните физички, умни и морални сили. Среде унижувачките сензуални уживања или предвремените возбуди, кои ги пратат додворувањето и прераното склопување на брак, многу студенти не успеваат да ја достигнат онаа висина на ментален развој која инаку би можеле да ја достигнат.“ – Christian Education, 36,37.

„Денес преовладува навиката денот да се претвори во ноќ, а ноќта во ден. Мнозина од младите наутро спијат со длабок сон, додека би требало да се будат рано кога птиците пеат, и да стануваат кога сѐ во природата се буди... Нека младите практикуваат редовност во часовите за спиење и станување и така ќе го подобрат своето здравје, својот ум, духот и карактерот.“ – The Youth’s Instructor, September 7, 1893.

б. Која практична наука исто така треба да ја изучуваме? 1. Солунјаните 4:11.

„Колку што е можно, треба да се размислува за она што треба да се постигне во текот на денот. Направете список на различни должности кои ќе го бараат вашето внимание, и одвојте одредено време за извршување на секоја должност. Сѐ нека се извршува темелно, уредно и правовремено.“ – The Youth’s Instructor, September 7, 1893.

в. Од каква корист е недесциплираниот ум? Изреки 25:28.

„Просечниот ум, ако е дисциплиниран, може да постигне многу повеќе и да изврши поодговорна работа отколку најголемиот талент и високообразованиот ум ако не се научил на самосовладување.“ – Христовите очигледни поуки, 335.


Вторник 3. декември

3. ДА СЕ УМНОЖУВА МУДРОСТА

а. Наведи некои од клучните работи за совладување на неефикасноста. Колосјаните 3:23,24.

„Ми беше кажано дека една девојка која ја вработив знаеше да седне среде недовршената работа, кога садовите не биле измиени, или креветите ненаместени, и за да заборави на своите должности читала книга или весник. На тој начин таа поминувала часови кои требало да ги искористи вршејќи ја работата за која била платена. Заради оваа неуредна навика куќата со часови била оставена во неред, наместо да биде во совршен ред.“ – The Youth’s Instructor, September 7, 1893.

б. Каква спротивност постои помеѓу мудрите и лудите? Изреки 9:8; 15:31.

„За една друга девојка за која размислував да ја вработам дознав дека нема почит кон оние што ја вработиле, освен ако и се допаѓаат. На оние што ги сакаше им служеше до крај, а пријателите кои ги избрала, кои и ласкале и го одобрувале нејзиното однесување, ја добивале нејзината услуга и наклоност. Но јас вака размислував: ‘Ако таа е христијанка, таа сигурно ќе го послуша советот’. Лицето на кое му зборував направи тажен израз на лицето, и ми рече: ‘Се плашам дека ќе се разочараш. Ако сакаш да и покажеш каде греши, таа ќе инсистира на тоа дека прави најдобро што знае, и наместо да ги исправи своите грешки, ќе заземе став дека е многу повредена. Таа не го почитува авторитетот, во својот ум ќе негува бунт, кој, ако не се искаже со зборови, ќе може јасно да се види на нејзиното лице. Таа своето мислење нема да го задржи за себе, туку слободно ќе им зборува на другите што мисли за оние што сакаат да ги исправат нејзините грешки.“ – The Youth’s Instructor, September 7, 1893.

в. Иако не е лесно да се поднесе укор, што мораат да научат сите кои сакаат да пораснат и да успеат во животот? Изреки 17:10; 6:23.

„Господ ни праќа предупредување, совет и укор за да имаме можност да ги поправиме своите грешки пред да станат наша втора природа.“ – Our High Calling, 160.


Среда 4. декември

4. РЕД КОЈ МУ ДАВА ЧЕСТ НА БОГА

а. На кој начин Христовото тело треба да биде уредно? Со која цел? 1. Коринтјаните 1:10; 14:40; 12:27,28.

„Црквата е Божјо орудие за спасување на луѓето. Таа е организирана да служи и нејзина задача е да му го објававува евангелието на светот.“ – Делата на апостолите, 9.

б. Осврнувајќи се на историјата, објаснете како Кореј ги предизвикал водачите одредени од Бога и како Бог моќно го спречил овој бунт. Броеви 16:1-3,28-35. Како Кореј се служел со ласкање да му угоди на народот?

„Кореј и неговата дружина, кои во нивната самодоверба се стремеле да го преземат свештенството, дури се осмелиле да земат кадилници и да застанат на вратата на скинијата со Мојсеј. Кореј негувал дух на бунт и завист сѐ додека не паднал во самоизмама, и навистина помислил дека зборот е праведен, а дека Мојсеј бил тирански владетел. Народот, на кого нивниот бунтовен водач му ласкал, бил наведен да верува дека причината за сите нивни неволји е Мојсеј, кој постојано ги потсетувал на нивните гревови. Тие мислеле дека, ако Кореј ги води, ако ги охрабрува и им зборува за нивните праведни дела, наместо да ги потсетува на нивните неуспеси, дека нивното патување ќе биде мошне мирно и успешно, и дека тој без никаков сомнеж би ги водел, не напред-назад во пустината, туку во ветената земја.“ – The Signs of the Times, September 9, 1880.

в. Како Бог ги одобрил Мојсеевите укори? Броеви 17:1-10.

„Оваа чудесна прачка била сочувана секогаш да ги потсетува Израелците на минатото, да го спречи мрморењето, поставувајќи го прашањето на кого му припаѓа правото на свештенство. Откако синовите на Израел биле целосно осведочени дека биле на погрешен пат, неправедно обвинувајќи ги Мојсеја и Арона, го виделе нивниот бунт во вистинско светло и биле преплашени.“ – Spiritual Gifts, 4а, 35, 36.


Четврток 5. декември

5. УКОРУВАЊЕ НА ПОПУЛАРНИТЕ ГРЕВОВИ

а. Кој предмет во небесниот ковчег ја симболизира Божјата организирана служба на укорување? Евреите 9:3,4; 8:1,2. Како тоа се однесува на нас денес?

„Евреите не биле расположени да ги прифатат Божјите упатства и ограничувања. Тие не поднесувале никакви ограничувања и нерадо примале прекори. И тоа била главната причина за нивното мрморење против Мојсеј. Да им било дозволено да прават што сакаат, помалку би се жалеле на својот водач. Во текот на целата историја на црквата, Божјите слуги наидувале на истиот тој дух.“ – Патријарси и пророци, 404.

б. Кој карактер на служба е неопходен во подготовката на Божјиот народ за средба со Господа во мир? 2. Тимотеј 4:1-5; Тит 2:11-15.

„Да не мислиме дека опасностите кои нам ни се закануваат се помали од оние кои им се заканувале на Израелците; напротив, тие се уште поголеми. И ние често доаѓаме во искушение да завидуваме и да мрмориме, па дури и да манифестираме бунтовнички дух, како што е запишано за старозаветниот Израел. Секогаш ќе постои склоност да се застанува против укорувањето и осудата на гревот и на сè што е неправилно. Но зар гласот на укорот поради тоа треба да замолкне? Ако би било така, тогаш не би биле во поповолна положба од останатите верски заедници во нашата земја, каде што не се осмелуваат ниту да ги спомнат гревовите и заблудите кои преовладуваат кај народот.

Оние кои Бог ги издвоил за проповедници на правдата имаат сериозна и света одговорност да ги укоруваат и разоткриваат гревовите на народот.“ – 3. Сведоштво, 358,359.


Петок 6. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведи некои од важните начини за развојот на умот.

2. Зошто ни е потребна умереност, дури и во потрага за знаење?

3. Наведи некои од погрешните работни навики кои треба да се совладаат.

4. На кој начин Кореевиот бунт се повторува и денес?

5. Која свечена одговорност денес почива на проповедниците и водачите?

 <<    >>