Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 30. ноември 2019

Физичка сила

„Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сè да ти биде добро, како што и е добро на душата твоја.“ – 3. Јованово 2.

„Колкумина мажи и жени не сфаќаат дека сѐ што прават со своето тело влијае на силата и чистотата на умот и срцето.“ – Мараната, 230.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Sons and Daughters of God, pp. 168–174. 

Недела 24. ноември

1. ЕДНА ОД ХРИСТОВИТЕ НАРОЧИТИ ОСОБИНИ

а. Што Исус, Синот човечки, најчесто правел додека живеел на оваа земја? Дела 10:38.

„За време на својата служба, Исус поминувал повеќе време во лекување на болните отколку во проповедање. Неговите чуда сведочеле за вистинитоста на Неговите зборови дека не дошол да уништува, туку да спасува. Неговата праведност одела пред Него, а Господовата слава била Негова стража одзади. Каде и да одел, гласовите за Неговата милост оделе пред Него. Онаму каде што ќе поминел, оние кои биле предмет на Неговото сочувство се радувале на своето здравје и ја ставале на проба својата новостекната сила.“ – Копнежот на вековите, 350.

б. Каков е Божјиот план за физичкото здравје на Неговите деца? 3. Јованово 2.

„(Исус) главниот Лекар, е подготвен на сите да им даде мелем од Галад. Тој ќе ги слушне молитвите на лекарот и мисионерот ако Неговото име биде прославено со тоа; и животот на пациентот кој страда ќе биде продолжен.“ – Counsels on Health, 536.

„Јас ги молам оние кои зазедоа неутрален став кон здравствената реформа да се обратат. Оваа светлина е скапоцена и Господ ми даде вест да ги поттикнам сите оние кои ја носат одговорноста во било која гранка од делото за да се заложат за вистината да претежне и во срцето и во животот. Само на тој начин секој може да се бори со искушенијата кои сигурно ќе ги сретне во животот.“ – Совети за животот и исхраната, 453.


Понеделник 25. ноември

2. САДОТ СО МАНА КАКО СИМБОЛ

а. Во што специјалниот сад со мана бил чуван, и во кој дел од светињата се наоѓало тоа? Излез 16:33,34; Евреите 9:3,4. Поради која причина?

„Како што им дал небесна мана на Израеловите деца, така Бог сега ќе му даде на својот народ во разни краеви вештина и мудрост за да може производите во таа земја така да ги употреби во подготовката на храна што тие ќе можат да го заменат месото.“ – 7. Сведоштво, 124.

„Светот во целост се препушта на ненаситност и на задоволување на најниските страсти. Светлината на здравствената реформа му е откриена во Божјиот народ во ова време, за да ја увиди потребата од потчинување на својот апетит и страстите под контрола на повисоките сили на умот. Ова исто така е неопходно за да можат да имаат ментална сила и јасност за разбирање на светиот синџир на вистината и да се одвратат од маѓепсувачките заблуди и пријатни басни, кои го поплавуваат светот. Нивното дело е на луѓето да им ги изложат чистите вистини на Библијата. Затоа здравствената реформа има свое место во делото на подготовка за второто Христово појавување.“ – The Spirit of Prophecy 2, 44.

б. Како Бог гледа на јадење на месо? Што треба ние да правиме, со оглед дека живееме во несимболичниот ден на помирување? Псалм 78:17,18; Исаија 22:12-14,20-22 (спореди со Откровение 3:7).

„Меѓу оние кои го чекаат Господовото доаѓање, јадењето месо ќе биде конечно напуштено; месото ќе престане да биде дел од нивната исхрана...

Повторно и повторно ми беше покажано дека Бог го враќа Својот народ, назад на Својот првобитен план, а тој е да не се хранат со месото на мртвите животни. Тој има желба ние да го поучуваме народот за подобриот начин на исхрана... Доколку месото се остави, доколку вкусот се воспитува во таа насока, доколку се изградува желба за храна од овошје и житарки, тогаш наскоро ќе биде онака како што Бог во почетокот замислил да биде. Неговиот народ нема да употребува месо.“ – Совети за детето, 383.

„Ќе увидат ли припадниците на нашиот народ колкав грев претставува попуштањето на изопачениот апетит? Ќе сакаат ли да се откажат од чајот, кафето, месото и сите стимулативни средства и парите кои ги давале за тие штетни задоволства да ги употребат за ширење на вистината?“ – 3. Сведоштво, 569.


Вторник 26. ноември

3. ПЛАН ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ

а. Кој е првобитниот план на нашиот Творец во врска со исхраната на човечкиот род? Кога тоа се изменило откако гревот ја осквернил планетата? Создавање 1:29; 3:18.

„Со цел да знаеме која храна е најдобра, мораме да го проучуваме првобитниот Божји план за човековата исхрана. Оној кој што го создаде човекот и кој што ги разбира неговите потреби, му одреди храна на Адама. ‘Еве’, рече Тој, ‘ви дадов секаков вид на растение, што дава семе, ... и секое дрво, што во себе има плод според својот вид и род: тоа да ви биде за храна’. Кога го напушти Едем и тргнал да си обезбеди за својата живеачка, тешко обработувајќи ја земјата под проклетството на гревот, на човекот му било дозволено да јаде и ‘зеље полско’.

Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ја сочинуваат храната која што за нас ја одбра нашиот Создател. Оваа храна, подготвена на што е можно поедноставен и поприроден начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и бистрината на умот кое што не може да се постигне со посложената и постимулативна исхрана.“ – Совети за животот и исхраната, 81.

б. Освен што самите ќе ја прифатиме здравствената реформа, која уште света одговорност имаме во однос на истата? Псалм 67:1,2.

„Бог треба да го признаеме како Автор на нашето битие. Со животот кој ни го дал не треба да си играме. Непромисленоста во телесните навики ја открива непромисленоста на моралниот карактер. Здравјето на телото мораме да го сметаме за важно во напредувањето на растот во благодатта и смирениот темперамент.“ – Ум, карактер и личност, 405.

„Адвентистите на седмиот ден треба да се претстават пред светот преку напредни начела на здравствената реформа која Бог ни ја дал.

Уште поголеми вистини ќе му бидат откриени на Божјиот народ додека се приближуваме кон завршетокот на времето, и Божја намера е насекаде да основаме установи каде што оние што се во темнина во поглед на потребите на човечкиот организам да можат да се едуцираат, за да можат, од своја страна, да ги доведат другите во светлината на здравствената реформа.“ – Medical Ministry, 187.

„На болните и оние кои страдаат треба да им се помогне. Мнозина на кои им е направено ова дело на милост ќе ги слушнат и прифатат зборовите на животот. Мнозина ќе бидат излечени преку молитва на верата и ќе станат да ги застапуваат начелата на здравствената реформа.“ – Pacific Union Recorder, November 6, 1902.

„Господ денес не работи за да приведе многу души кон вистината, поради членовите на црквата кои никогаш не се обратиле, како и поради оние кои еднаш се обратиле, а потоа повторно почнале да запаѓаат во поранешната состојба. Какво влијание можат да имаат на новите обратеници овие непосветени членови? Ќе сакаат ли тие да ја направат неделотворна Божјата вест која треба да ја објавува Неговиот народ?“ – 6. Сведоштво, 371.


Среда 27. ноември

4. СЕОПФАТНА ВЕСТ

а. Како духовната вистина го унапредува физичкото здравје? Изреки 3:7,8; 4:20-22. Како децата и младите можат да бидат здрави? Како можеме да го обновиме своето здравје?

„За децата и младите да имаат добро здравје, расположение, живост, добро развиени мускули и бистрина на мозокот, тие треба што повеќе да се задржуваат во отворена природа и на свеж воздух, и да имаат правилно пропишано занимавање и разонода.

Децата треба да имаат окупација за нивното време. Соодветната ментална работа и движењето на отворено нема да му на штети на телото на вашите момчиња. Корисната работа и запознавањето со тајните на работата во домот ќе биде од корист за вашите девојчиња, и одредено занимање на отворено е неопходно за нивната конституција и здравје.

Оние кои не ги користат своите екстремитети секој ден, ќе воочат слабост кога ќе се обидат да вежбаат. Вените и мускулите не се во состојба да ја извршат својата работа и целиот организам да го одржат во здраво дејствување, при што секој орган да ја изврши својата улога. Екстремитетите зајакнуваат со употреба. Умерено вежбање секој ден ги зајакнува мускулите, кои без вежбање стануваат млитави и слаби. Црниот дроб, бубрезите и белите дробови исто така зајакнуваат со секојдневно движење на свеж воздух и стануваат способни да ја извршуваат својата работа.“ – Совети за детето, 339.

„Кога ќе ги прекршам законите кои Бог ги воспоставил во моето битие, треба да се покајам и реформирам, и во најдобра можна состојба да се поставам пред лекарите кои Бог ги обезбедил – чистиот воздух, чистата вода и лековитата, скапоцена сончева светлина.

Водата може да се користи на многу начини за да се намали страдањето.“ – Selected Messages 2, 297.

„Имам збор за тебе. Зар нема да се обврзеш дека нема повеќе да слабееш и да го нарушуваш Господовиот храм работејќи кога ти е потребен одмор? За да имаш исправни мисли и за да говориш исправни зборови мораш да го одмориш мозокот. Не се одмараш доволно. Уморниот мозок и нерви би се освежиле кога би направил промена во тој поглед.“ – Ум, карактер и личност, 735.

б. Додека размислуваме за здравствената корист која ни ги пружаат довербата во Бога, здравата храна, вежбањето, водата, сончевата светлина, свежиот воздух и одморот, што уште треба да имаме на ум (особено во ова време на крајности)? Филипјаните 4:5.


Четврток 28. ноември

5. СО МИЛОСТ СЕ БОРИМЕ ЗА НАЧЕЛАТА

а. Колку е далекусежна нашата должност да ги одржиме Божјите закони на здравјето? Кому му ја должиме оваа должност? Зошто? 1. Коринтјаните 9:24-27.

„Со желбата за јадење, пиење и облекување толку се претерува што тоа станува престап. Тоа станува меѓу впечатливите гревови на овие последни денови и претставува знак на Христовото скоро доаѓање. Времето, парите и силата – дарови кои Господ ни ги доверил на чување, а кои му припаѓаат Нему – се расфрлаат на непотребни облеки и раскошни јадења за да се задоволат изопачените страсти кои ја намалуваат животната сила, донесуваат болест и распаѓање. Невозможно е да му го дадеме своето тело и жртва на Господа ако со своето грешно попуштање постојано го расипуваме и изложуваме на болести.

Мора да се стекне знаење во однос на тоа како да се јаде и пие и како да се облекува за да се сочува здравјето. Болестите се последица од прекршувањето на природните закони. Наша прва должност, она што му го должиме на Бога, на себе и на нашите пријатели, е почитувањето на Божјите закони, а тука спаѓаат и законите на здравјето. Ако сме болни, ние со тоа ги мачиме и оптоваруваме своите пријатели, а себеси се онеспособуваме за извршување на извршување на должностите што ги имаме кон семејството и ближните. А, кога последица е прерана смрт, со тоа им нанесуваме болка и страдања на другите; своите ближни ги лишуваме од помошта што сме можеле да им ја дадеме; на членовите на своето семејство им ја одземаме поткрепата и помошта што би требале да ја примат од нас, а на Бога му ја одземаме службата што Тој ја бара од нас за да придонесеме за прославување на Неговото име. Зарем тогаш не сме, во подлабока смисла, престапници на Божјиот закон?“ – Христијанска умереност, 12.

„Кршење на законите што владеат со нашето битие исто така е грев како и престапување на некоја од Десетте заповеди.“ – Христијанска умереност, 53.


Петок 29. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како знаеме дека Оној кој ни го дал животот се грижи за нашето здравје?

2. Зошто е толку важна здравствената реформа во сегашниот ден на очистување?

3. Каде во Библијата можеме да го најдеме Божјиот план за нашата исхрана во овие последни денови?

4. Што, освен исхраната, уште е вклучено во вистинската здравствена реформа?

5. Како моето прифаќање на веста за здравјето ја покажува мојата љубов кон другите?

 <<    >>