Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
5. лекција Сабота, 2. ноември 2019

Ден на очистување

„Зашто во тој ден ве очистуваат, за да ве очистат од сите ваши гревови, и да бидете чисти пред лицето Господово.“ – Левитска 16:30.

„Живееме во големиот Ден на помирувањето и сега е време сите да се покајат пред Бога, да ги признаат своите гревови и со жива вера да се потпрат врз заслугите на распнатиот и жив Спасител.“ ¬– Testimonies to Ministers, pp. 224, 225.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Големата борба, 352-354, 409-422. 

Недела 27. октомври

1. ЗАВРШНА СЛУЖБА

а. Која суштинска вистина за светињата милеритите ја превиделе, а потоа тоа и го сфатиле? Левитска 16:29-31; Евреите 8:1,2; 9:24.

„По нашето разочарување, повторно со молитва најсесрдно ја проучувавме Библијата и по извесен период на неизвесност и недоумица, светлоста продре низ темнината што нѐ обвиткуваше, а сомнежите и несигурноста ги снема.

Сега стана јасно дека пророштвото од книгата на пророк Даниел 8:14, не се однесува на чистење на Земјата, туку на завршното дело на нашиот Првосвештеник на небото, на завршетокот на Неговата откупителна мисија и подготовка на народот за да може да опстане на денот на Неговото доаѓање.“ ¬– 1. Сведоштво, 58.

„Во симболичниот систем на старозаветното богослужение кое било само претслика на Христовата жртва и на Неговата свештеничка служба, исчистувањето на светињата бил последениот чин што свештеничкиот поглавар го вршел според годишниот ред на своите службени обреди. Тоа било завршно дело на помирување - отстранување или однесување на гревот од Израел. Тоа симболично претставувало завршен чин во службата на нашиот Првосвештеник на небото - отстранување или бришење на гревовите на Неговиот народ што се забележани во небесните книги. Оваа служба го претставува делото на истражниот суд кој треба непосредно да му претходи на Христовото доаѓање на небесните облаци со голема сила и слава; зашто кога Тој ќе дојде, случајот на секој поединец веќе ќе биде решен.“ ¬– Големата борба, 352.


Понеделник 28. октомври

2. СВЕЧЕНО ВРЕМЕ

а. Каде нашиот Првосвештеник, Исус Христос, ја врши службата од завршетокот на 2300 дена во 1844. година, и зошто тоа е толку важно? Евреите 9:1-3; Откровение 3:7; 11:19.

„Видов дека Исус ја затвори вратата од светињата и никој не може да ја отвори, а ја отвори вратата од светињата над светињите и никој не може да ја затвори (Откровение 3:7,8); и дека од оној момент кога Тој ја отворил вратата од светињата над светињите, каде што се наоѓа ковчегот на заветот, заповедите ги осветлуваат Божјите деца и празнувањето на саботата за нив станува тест.“ – Рани списи, 42.

б. Што мораме да сфатиме во овој историски момент? 1. Тимотеј 5:24.

„Живееме во големиот Ден на помирување, кога нашите гревови, признаени и покајани, треба да одат пред нас на суд. Бог сега не прифаќа млако и безживотно сведоштво од Неговите проповедници. Таквото сведоштво не би ја претставувало сегашната вистина. Пораката за денешно време мора да биде правовремена храна која ќе ја нахрани Божјата црква. Но, сатаната се труди постепено да ја ослаби силата на оваа порака како луѓето не би биле подготвени да се одржат во Господовиот ден.

Нашиот голем Првосвештеник во 1844. година влегол во најсветото место на небесното светилиште, како би отпочнал со делото на истражниот суд. Бог почнал да ги прегледува случаите на умрените праведници. Кога тоа дело ќе се приведе кон крај, ќе почнат да се изрекуваат пресуди над живите. Колку се скапоцени, колку се важни овие свечени моменти!“ ¬– Selected Messages, bk. 1, pp. 124, 125.


Вторник 29. октомври

3. ИСТРАГА – СЛУЧАЈ ПО СЛУЧАЈ

а. Што покажува дека судот се однесува на секого од нас поединечно? Проповедник 11:9; Матеј 12:36; Данил 7:9,10.

„Случајот на секој од нас чека на ред на небесниот суд. На секого од нас ќе му биде судено според делата направени во телото. Во земната служба, додека првосвештеникот го вршел делото на помирување во најсветото место на земното светилиште, од луѓето се барало да ги мачат своите души пред Бога и да ги признаат своите гревови како би можеле да добијат помилување и да им бидат избришани гревовите. Дали нешто помалку се бара од нас во овој вистински ден на помирување, кога Христос во небесната светиња се изјаснува во име на својот народ, а конечната и неотповиклива одлука треба да биде изречена над секој човек?“ – Selected Messages, bk. 1, p. 125.

б. На какво размислување сето ова треба да нѐ наведе? Проповедник 12:13,14.

„Каква е нашата состојба во ова страшно и свечено време? За жал, каква гордост преовладува во црквата, какво лицемерие, каква измама, каква љубов кон модата, несериозноста и забавата, каква желба за превласт? Сите овие гревови го замаглиле умот, така што вечните работи не можат да се распознаат. Зарем нема да го проучуваме Светото Писмо за да сознаеме каде се наоѓаме во историјата на овој свет? Зарем нема да станеме мудри во однос на делото кое се врши за нас во ова време и положбата која ние како грешници треба да ја заземеме додека се одвива делото на помирување? Ако го имаме во предвид спасението на нашите души, ние мораме да направиме одлучна промена. Мораме да го бараме Господа со вистинско покајание; ние мораме со длабоко скрушени души да ги признаеме нашите гревови за да бидат избришани.

Не смееме повеќе да се задржуваме на маѓепсаниот терен. Бргу се приближуваме кон крајот на нашата проба. Нека секоја душа се запраша: Како стојам пред Бога? Не знаеме во кој момент Христос може да ги изговори нашите имиња и конечно да ги реши нашите случаи. Ох, какви одлуки ќе бидат донесени! Дали ќе бидеме вброени меѓу праведните или ќе бидеме вброени меѓу злите?“ – Selected Messages, bk. 1, p. 125,126.

„Свечени се сцените поврзани со завршното дело на помирување. Фактите во врска со нив се од пресудно значење.“ – The Spirit of Prophecy 4, 314, 315.


Среда 30. октомври

4. ЛОГИЧНО ВРЕМЕ

а. Зошто истражниот суд е неопходен пред Христовото доаѓање? Матеј 16:27; Откровение 22:12.

„Како што во старо време, гревовите на народот кои со вера биле пренесувани прво на жртвата, а потоа со нејзината крв, симболично, во земната светиња, така и во Новиот завет гревовите на оние што се каат со вера се пренесуваат на Христа и преку Него на небесната светиња. И како што чистењето на земната светиња симболично е вршено со отстранување на гревовите со кои таа била извалкана, така мора да биде извршено и вистинско исчистување на небесната светиња со отстранување или со бришење на гревовите, кои се запишани таму. Но пред да може да се изврши тоа, мораат да се прегледаат книгите за да се утврди кој со покајание на гревовите и со вера во Христа, се здобил со право да се користи со благодатта на Неговото помирување. Затоа со чистењето на светињата е опфатено и делото на истражување - делото на истражниот суд. Оваа дело мора да биде извршено пред Христос да дојде да го спаси Својот народ, зашто кога Тој ќе дојде, со Него ќе дојде и Неговата плата. ‘За да му даде на секого според делата негови’ (Откровение 22:12).“ – Големата борба, 421,422.

б. Од кого започнува судот? 1. Петрово 4:17.

„Во симболичната служба во Стариот завет на Денот на исчистувањето, во богослужението можеле да земат учество само оние што пред Бога ги признале своите гревови и се покајале, и чиишто гревови со крвта на жртвата за грев биле пренесени во светињата. Така и во големиот ден на конечното исчистување и на истражниот суд, ќе се разгледуваат само случаите на оние што тврдат дека се Божји народ. Судењето на безбожниците е посебно и одделено од ова, и ќе се одржи подоцна.“ – Големата борба, 480.

в. Кога на злите ќе им биде судено, и кој ќе го направи тоа? 1. Коринтјаните 6:2,3.

„Во текот на овие илјада години, помеѓу првото и второто воскресение, ќе им се суди на непокајаните... Во тоа време, како што прорекол и Павле, ‘светиите ќе му судат на светот’ (1. Коринтјаните 6:2). Заедно со Христа тие ќе им судат на непокајаните.“ – Големата борба, 660,661.


Четврток 31. октомври

5. ВО СКЛАД СО СТАНДАРДОТ

а. Што Бог со својата милост чини во својата грижа да го избегнеме конечниот суд? Римјаните 8:28,29; Ефесјаните 4:11-13.

„Божјата цел да нѐ доведе до себе е да нѐ обликува според Христовиот лик.“ – The Review and Herald, January 21, 1896.

„Карактерот на вистинскиот, понизниот, искрениот христијанин полека ќе станува совршен, а неговото срце постојано ќе се обликува според Христовиот лик. Неговиот живот ќе биде проникнат со добродетелство и љубов. Таквите ќе бидат утврдено во Бога. Делото кое го започнало милоста, ако се комбинира со искрени напори да се приближиме до Исуса, ќе го доврши славата во Божјото царство.“ – The Review and Herald, June 3, 1880.

б. Зошто Божјиот закон е неопходен во процесот на обликување на нашиот карактер според Христовиот лик? Римјаните 7:7; 1. Тимотеј 1:8-10; 1. Јованово 1:9.

„Големо дело мора да се направи за сите нас пред да достигнеме совршенство на христијански карактер. Божјиот закон е мерило на правдата. Тој е огледало во кое треба да се огледаме како би ги виделе недостатоците во нашиот карактер. Кога гледаме во обично огледало, тоа ни укажува на недостатоците на нашата личност, но не отстранува никаква дамка; ако сакаме да станеме чисти, мора да се измиеме. Така е и со Божјиот закон. Тој е Божјото големо огледало или морален детектор на гревот; но во законот нема спасоносна сила; тој нема моќ да му прости на престапникот... Тогаш кое дело се наоѓа пред грешникот? Тој треба да се покае пред Бога, и да покаже вера во нашиот Господ Исус Христос. Во Неговата скапоцена крв сите дамки на гревот можат да се измијат.“ – The Present Truth, November 3, 1885.


Петок 1. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто за милеритите било важно да истраат во своето проучување на Библијата?

2. Кое е значењето на „отворените и затворените врати“ од Откровение 3?

3. Зошто вистината за истражниот суд е толку значајна?

4. Зошто на праведните и непокајаните им се суди во различно време?

5. Што треба да направиме кога законот ќе ги открие нашите карактерни недостатоци?

 <<    >>