Back to top

Sabbath Bible Lessons

Животот во денот на помирувањето

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 21. декември 2019

„Како видело кое гореше“

„Нема да замолчам заради Сион, ниту ќе се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението негово - како запалена светилка.“ – Исаија 62:1.

„Да не дозволиме светлината што е во нас да исчезне затоа што одбиваме да ја поделиме со другите.“ – Pacific Union Recorder, February 20, 1908.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   5. Сведоштво, 157-162, 307,308, 385-389. 

Недела 15. декември

1. ДА СТАНЕМЕ СВЕСНИ ЗА СВОИТЕ ПРИОРИТЕТИ

а. Што денес мора да стане главна цел на секој верник? Исаија 62:1,2.

„Не постои поголем доказ дека оние кои примиле голема светлина не ја ценат таа светлина, отколку што е нивното одбивање да дозволат таа да ги осветлува душите кои се наоѓаат во темнина.“ – The Review and Herald, July 16, 1895.

„Кога ти и твојата сестра би биле подготвени за спасение, вие би ја сфатиле опасноста која демне над оние кои не се спасени. Ако во вас не се изврши голема промена, ќе дојде ден кога од многу усни ќе слушнете: ‘Се дружев со тие христијанки, но тие никогаш не ме предупредуваа за опасноста во која се наоѓам. Тие никогаш не ме предупредија. Мислев дека нема да имаат мир ни ден ни ноќ додека не ми укажат на состојбата на загубеност во која се наоѓам. А сега сум загубен. Јас да бев на нивно место и да видев дека некој се наоѓа во таква опасност, не би мирувал сè додека не го предупредам и укажам на Оној кој што може да го спаси’.“ – 2. Сведоштво, 181,182.

„Што може да им се каже на невработените што би ги навело да сфатат во каква состојба се наоѓаат, и да се разбудат од нивната положба без работа? О, кога Сион би се разбудил и би ја облекол својата прекрасна облека! Браќа и сестри, како членови на црквата, да ја исполниме верно нашата должност...

Бог на секој човек му го одредил неговото дело; никој не е изоставен од службата.“ – Pacific Union Recorder, February 20, 1908.


Понеделник 16. декември

2. ВО ВРЕМЕ НА МОРАЛНА ТЕМНИНА

а. Кој повик силно одекнува до сите нас? Исаија 21:11 (последен дел), 12.

„Се чини дека сѐ е разбранувано со интензивна активност одоздола. Возбудата е постојано присутна. Веселбите, купувањето и продавањето влегуваат во црквата. Чуварот рече: ‘Наближува утрото, но и ноќта’. Ноќта симболизира ширење на заблуда, погрешно толкување и погрешно применување на Светото Писмо. Се вовлекуваат сите видови на заблуда. Најјасните вистина на Божјата Реч сега се покриени со мноштво на човечки теории. Смртоносните заблуди се изнесуваат како вистина пред која сите мора да се поклонат. Едноставноста на вистинската побожност е закопана под традицијата.“ – The Bible Echo, February 1, 1897.

„Очевидно е дека сите оние проповеди кои се изговорени, не оформиле широк круг на самопожртвувани работници. Ова прашање треба да се смета многу важно, зашто вклучува многу сериозни последици. Нашата вечна иднина е на ризик.“ – 6. Сведоштво, 431.

„Ние несомнено живееме во последните денови од историјата на оваа земја. Треба да посветиме повеќе време за нашите духовни интереси, ако сакаме да доживееме духовен раст кој ни е неопходен во ова време. Ние мораме да направиме сериозни реформи. Гласот рече: ‘Чуварите треба да се разбудат, и дајте и на трубата јасен звук. Утрото доаѓа, а потоа пак ноќта’. Разбудете се, мои чувари. Гласовите што сега треба да се слушнат како ја изнесуваат вистината молчат. Душите умираат во своите гревови, а проповедниците, лекарите и учителите спијат. Разбудете ги чуварите!“– Pacific Union Recorder, February 20, 1908.

б. На кој начин Бог сака да ги преобрати нашите цркви преку својата милост? Исаија 60:1,2.

„Црквите се во пад затоа што не успеале да ги искористат своите таленти во ширењето на светлината на вистината на другите. На народот треба внимателно да му се дадат упатства кои ќе бидат поуки од Учителот, за да можат сите да ја искористат својата светлина на практичен начин во корист на ближните.“ – The Review and Herald, February 28, 1893.


Вторник 17. декември

3. ВЕТЕНИ РЕЗУЛТАТИ

а. Која сигурност Бог им ја ветува на сите кои се стремат да бидат проникнати со Неговиот Свет Дух како би ја носеле вистината на другите? Изреки 1:23; Псалм 81:10.

„Сите што ја примиле светлината на вистината имаат свечена обврска да се погрижат таа светлина да им свети и на другите. Секој може, во својата скромна сфера, да направи нешто за Господарот. Тој можеби нема да биде во можност да приложи прекрасни дарови за напредок на Божјото дело, но може спремно да го даде своето послушно срце во радосна служба. Сите не можат да бидат проповедници; сите не можат да бидат генерали во Господовата војска; но сите можат да бидат верни војници, следејќи ги во понизна послушност наредбите на Капетанот на нивното спасение. Тие можат да ги охрабрат своите пријатели со зборови на надеж и храброст и на тој начин ќе ја покажат славата на Оној кој ги повикал од темнината во Неговата чудесна светлина. Бог од сите бара најдобра служба што можат да ја дадат. Ако тие можат да направат само мали работи за Него, ниту тоа не треба да се занемарува.“ – The Review and Herald, August 24, 1886, 281.

„Членовите на црквата треба да се научат дека мерката на нивниот успех во службата за душите ќе биде степенот на нивното самоодрекување и нивната верност во следењето на Христовиот пример.“ – Pacific Union Recorder, February 20, 1908.

б. Која е последицата од верните напори да се сподели светлината со другите? Захарија 8:20-23.

„Бог ќе ги придвижи луѓето со скромен друштвен статус, луѓе кои не станале бесчувствителни на јасните зраци на светлината со тоа што долго размислувале за светлината на вистината или поради тоа што одбиле да напредуваат во неа. Мнозина такви ќе бидат видени како брзаат насекаде, поттикнати од Божјиот Дух да им ја однесат светлината на другите. Вистината, Божјата Реч, е како оган во нивните коски, исполнувајќи ги со огнена желба да ги просветлат оние што седат во темнина. Многумина, дури и меѓу необразованите, сега ги објавуваат зборовите на Господ. Децата се поттикнати од Духот да одат и да ја објавуваат пораката од небото. Духот се излева врз сите кои ќе се потчинат на Неговото делување; отфрлајќи ги сите човечки творби, сите човечки обврзувачки правила и сите претпазливи методи, тие ќе ја објават вистината во силата и моќта на Духот. Мнозина ќе ја примат верата и ќе се приклучат во војската Господова.“ – The Review and Herald, July 23, 1895.


Среда 18. декември

4. ХРАБРОСТ И ПОКРАЈ ПРОТИВЕЊЕТО

а. Опишете го искуството на Еремија во сведочењето за Бога додека го исмејувале и навредувале, и начинот на кој тој ги победил своите стравови. Еремија 20:7-11.

„Поради огорченоста, омразата и противењето што се манифестира против Божјата реч изговорена во укор, многу од Божјите гласници одлучиле да постапат како што постапил Еремија. Но, што направил овој Божји пророк после оваа негова одлука? Колку и да се обидувал да го сочува својот мир, тој не успеал во тоа. Штом се нашол пред насобраниот народ, открил дека Божјиот Дух е посилен од него...

Во оваа генерација, кога Божјите слуги го цитираат словото Господово да ги укорат оние кои внесуваат погрешни начела, зарем нема да го доживеат искуството слично на она што го имал Еремија? Кога се воведува начин на постапување со кој се искривува правдата и судот, словото Господово треба да се изговори во укор.“ – Коментари на библиските текстови, 354.

б. Што треба да научиме од начинот на кој пророците и апостолите ги носеле Божјите пораки со толку голема сила? Михеј 3:8; 1. Коринтјаните 2:4,5.

„Божјите проповедници некогаш го проповедаа Неговото слово ‘во демонстрација на Дух и сила’. Објавувањето на евангелието ги задвижуваше срцата на луѓето. Зошто проповедањето на вистината денес има толку мало дејство врз луѓето? Дали Бог е помалку волен да ги благослови работниците во Неговото дело како што тоа го правел во деновите на апостолите?

Опомената, која ја носиме на светот, за луѓето треба да биде животен мирис за живот или смртен за смрт. Ќе ги прати ли Господ Своите слуги да ја објавуваат оваа ужасно света вест, задржувајќи го од нив Својот Свети Дух? Зар немоќните луѓе кои се склони да грешат ќе се осмелат без Божјата посебна благодат и сила да стојат меѓу живите и мртвите и да зборуваат зборови за вечен живот? Нашиот Господ е богат со благодат и со голема сила; Тој богато ќе ги излее овие дарови на тие што ќе Му се обратат со вера. Тој повеќе сака да им го даде Светиот Дух на тие што го бараат од Него, отколку што родителите да им дадат добри дарови на своите деца. Причината заради која оваа драгоцена и значајна вистина не е во состојба да спаси е затоа што ние не го вршиме своето дело со вера.“ – 5. Сведоштво, 157,158.


Четврток 19. декември

5. ЖЕТВА НА НАГРАДИ

а. Која била намерата на Исус со чудото на улов на мноштво риби? Што можеме да научиме од ова искуство во нашата работа за душите? Лука 5:4-10.

„Немојте толку да се грижите за себе. Постојат илјадници чии животи се исто толку скапоцени како и вашите. Зошто тогаш сте свртени кон себе и вржани за брегот? Разбудете се на должност и бидете корисни! Ако отидете во длабочини и ги фрлите вашите мрежи во водата Учителот ќе ги собере рибите, а вие ќе го видите Божјото моќно дело...

Научете ги луѓето да имаат светлина во себе и да не зависат од проповедниците. Тие треба да го имаат Христа како свој помошник, и треба да научат да си помагаат едни на други, за да може проповедникот слободно да оди во нови полиња.“ – Historical Sketches, 139.

„Нашите верници имаат голема светлина, па сепак голем дел од нашите проповедници силата ја трошат по црквите, поучувајќи ги оние кои би требало да бидат учители; просветлувајќи ги оние кои треба да бидат ‘светлината на светот.’“ – Evangelism, p. 382.

б. Како може нашиот Творец да го врши своето дело користејќи ја индивидуалноста со која Тој толку милостиво го надарил секого од нас? Јов 34:11; 37:7.

„Луѓето со еден талент можат да пристапат кај онаа класа на луѓе каде што оние со два или пет таленти не можат да се приближат. И големите и малите се избрани садови да ја носат водата на животот за да се напијат жедните души... Господ нека работи преку кого Тој сака. Пораката мора да напредува.“ – 5. Сведоштво, 462.

„Браќа мои и сестри, проучете го внимателно предложениот план, искористете ја секоја прилика да им зборувате на своите соседи и пријатели, да им прочитате нешто од книгите кои ја содржат сегашната вистина. Покажете им колку ви дошло до спасување на душите за кои Христос поднел толку голема жртва.“ – 9. Сведоштво, 129.


Петок 20. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто многу изгубени души со право ќе се жалат кога ќе биде предоцна?

2. Освен проповедањето, која е суштинската должност на црквата?

3. Објаснете го Божјиот план да го осветли светот со сегашната вистина.

4. Како ќе се награди искуството што го научил Еремија?

5. Како можам да престанам да ги оптоварувам проповедниците?

 <<    >>