Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 
  Сабота, 4. март 2023

Дар во првата сабота за црквата во Патанкот, Северноиндијска Унија

Патанкот е град во државата Пенџаб, Индија. На запад се граничи со Пакистан, и е туристички центар за државите Пенџаб, Химачал Прадеш и Џаму и Кашмир.

Пораката на Реформното движење стигнала овде во 2015. година, а нашето членство растеше со текот на годините. Преку дистрибуирање на нашите саботно библиски лекции, многу драгоцени нови души се желни барајќи ја сегашната вистина.

Според податоците од 2011. година, градското подрачје на Патанкот имаше 159.909 жители, со стапка на писменост од 88,71%. Опкружен е и со планинскиот венец Шивалик (дел од подножјето на Хималаите) и со реката Чаки. Познати места во близина на Патанкот вклучуваат Шахпур Канди со висечка куќа за одмор на туристи и браната Ранџит Сагар, која е највисоката гравитациска брана во Азија. Индустриите во околината вклучуваат производство на млеко, пченица, ориз, текстил, машини за шиење, спортска опрема, шеќер, скроб, ѓубрива, велосипеди, научни инструменти, електрична опрема, машински алати и борово масло.

Религиите застапени во Патанкот се хиндуизмот со 88,89%, сикизмот 8,01% и христијанството 1,73%, потоа исламот и другите религии.

Сместен во живописното поднебје на Кангра и Далхауз, во близина на реката Чаки, овој град често се користи како место за одмор пред да се упатите кон планините Џаму и Кашмир, Далхузи, Чамба, Кангра, Дарамшала, Меклеодганџ, Џвалаџи, Чинтпурни и подлабоко во Хималаите. Многу студенти од селските подрачја од соседните држави доаѓаат во Патанкот заради образование.

Патанкот е добро поврзан со железница и патишта со остатокот од Индија, а исто така е поврзан со широка мрежа на приватни и државни автопревозници со другите градови во Пенџаб, Химачал Прадеш, Делхи, Харајана и Џаму и Кашмир. Важни дестинации вклучуваат Делхи, Манали Чандигар, Џаму, Дарамшала, Далхаузи и Амристар.

Затоа, како Капернаум во времето на Исус, Патанкот служи како раскрсница за патниците – а со тоа и како потенцијално место за евангелизација! Ние немаме сопствени средства да купиме земјиште и да изградиме црква, затоа ни треба поддршка од нашите браќа и сестри ширум светот со љубезно испраќање на нивните дарежливи донации за изградба на споменик на Господ во Патанкот, Индија. „Бог го љуби оној што од срце дава“ (2 Коринтјаните 9:7), па со ова се надеваме дека Господ Исус ќе го благослови секој од нив изобилно.

Вашите браќа и сестри од црквата во Патанкот

 <<    >>