Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 18. март 2023

Стариот завет

„Но, укорувајќи ги, вели: ‘Ете идат денови, вели Господ, и со домот Израелов и со домот Јудин ќе склучам нов завет’“ (Евреите 8:8).

„Бог виде што се случува во логорот. Тој виде дека луѓето, дури и кога божествената слава сѐ уште почива на Синај, попуштиле на искушенијата на сатаната и правеа заговор против правилото што ветиле дека ќе го почитуваат“. – The Youth’s Instructor, November 21, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 370-373. 

Недела 12. март

1. РОПСТВОТО ГО ЗБУНУВА УМОТ

а. Каква била состојбата на Израел неколку години — и како таа состојба влијаела на нивното знаење за Бога и Неговите закони? Излез 20:1,2; Второзаконие 5:15.

„Израелскиот народ за време на своето робување во голема мера го загубил поимот за Бога и за начелата на аврамовскиот завет. Кога ги ослободил од Египет, Бог настојувал да им ја открие својата моќ и милост за да ги одоброволи да го љубат и да имаат доверба во него. Ги довел до бреговите на Црвеното Море - каде што не било можно да побегнат од Египќаните кои им биле зад петиците - за да сфатат колку се беспомошни и колку им е неопходна божествената помош. А тогаш се погрижил да ги ослободи од Египќаните кои ги гонеле. Така биле исполнети со љубов и благодарност кон Бога и се здобиле со доверба во неговата моќ која им помагала. Тој ги врзал за себе како Ослободител од поминливото (египетско) ропство.

Меѓутоа, во нивните мисли требало да се втисне уште една голема вистина. Бидејќи живееле среде идолопоклонство и расипаност, тие немале вистинска претстава за Божјата светост, за тежината на грешноста на сопственото срце, за целосната неспособност само со своја сила да му се потчинуваат на Божјиот закон. А и не чувствувале колку им бил потребен Спасителот. На сето тоа требало да се научат“. – Патријарси и пророци, 371.

б. Каде ги довел Бог за да можат да ја разберат светоста на Неговиот закон? Излез 19:1,5,6.


Понеделник 13. март

2. ГРЕШНОСТА НА ГРЕВОТ

а. Како реагирале Израелците на ветувањата за благослови, дури и откако го разбрале законот како што го кажал Бог? Излез 19:8; 24:3.

„Тие не ја увидувале грешноста на своето сопствено срце и фактот дека без Христа не е можно да се држи Божјиот закон. Затоа биле готови веднаш и без премислување да склучат сојуз (завет) со Бога. Уверени дека можат сами ‘да ја утврдат својата правда’, изјавиле: ‘Сè, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни’ (Излез 24:7). Тие присуствувале при објавувањето на законот во величественост што бара најдлабока страхопочит и стоеле под гората тресејќи се од страв, а сепак, само по неколку седмици го раскинале својот завет со Бога и се клањале пред делкан кип. Не можеле веќе да се надеваат на Божја милост врз основа на заветот што го раскинале. И сега, откако ја увиделе својата грешност и потреба од проштавање, биле доведени во состојба лично да почувствуваат колку им е потребен и Спасителот кој бил откриен во заветот на Аврама и навестуван со принесувањето на жртвите. И сега со вера и со љубов се врзале за Бога како свој Ослободител од робувањето на гревот. Дури сега биле подготвени да ги ценат благословите на новиот завет“. – Патријарси и пророци, 371,372.

б. Кои беа условите на овој завет? Второзаконие 27:26; Езекиел 20:11; Левитска 18:5.

в. Слично на нашата природна состојба, што тие не можеле да сфатат? Еремија 17:9; Исаија 1:5,6; 64:6.

„’Не ќе може да Му служите на Господ’, рекол Исус Навин, ‘зашто Тој е свет Бог, Бог ревнител; Тој нема да го истрпи беззаконието ваше и гревовите ваши’. Пред да може да се зборува за трајна реформа, тие морале да бидат наведени да ја почувствуваат својата целосна неспособност со сопствена сила да му служат на Господа. Тие го престапиле неговиот закон кој ги осудувал како престапници, не предвидувајќи начин за ослободување од таа осуда. И сè додека се потпирале врз својата сила и правда, не можеле да постигнат проштавање на гревот. Тие не биле во состојба да ги задоволат барањата на совршениот Божји закон и попусто се обврзувале дека ќе му служат на Господа. Само со вера во Христа можеле со сигурност да добијат проштавање на гревот и сила да го држат Божјиот закон. Морале да престанат својата надеж во спасение да ја темелат на своите сопствени напори. За да му бидат угодни на Бога, морале целосно да се потпрат врз заслугите на ветениот Спасител“. – Патријарси и пророци, 524.


Вторник 14. март

3. РАТИФИКАЦИЈА НА ЗАВЕТОТ

а. Откако Мојсеј го прочитал законот со сите негови услови кога се во прашање благослови и проклетства, како Израелците упорно реагирале? Излез 24:7.

„Умовите на луѓето, заслепени и понижени од ропството, не биле подготвени целосно да ги разберат далекусежните начела на десетте Божји заповеди. За да може подобро да се разберат и спроведат обврските на Декалогот, дадени се дополнителни заповеди за илустрација и примена на одредбите од десетте заповеди. За разлика од Декалогот, овие заповеди му биле дадени приватно на Мојсеј, кој требало да му ги пренесе на народот“. – Fundamentals of Christian Education, p. 506.

„Мојсеј не ги напишал десетте заповеди, туку прописите што Бог сакал да ги следат и ветувањата што Бог им ги дал под услов да го слушаат. Тој им го прочитал ова на луѓето и тие ветиле дека ќе ги слушаат сите зборови што Господ ги кажал. Потоа Мојсеј го запишал нивното свечено ветување во книга и принел жртва на Бога за луѓето. ‘Па ја зеде книгата на заветот и му ја прочита гласно на народот, а тие рекоа: Сè, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни’. А Мојсеј ја зеде крвта, и го попрска со неа народот и рече: ‘Ова е крвта на заветот, што Господ го склучи со вас за сите овие зборови’. Народот го повторил своето свечено ветување на Господа дека ќе го направи сето она што Тој го рекол и дека ќе биде послушен“. – The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 240.

б. Што веднаш било преземено за да се покаже сериозноста на таквиот договор? Излез 24:6,8.

„На тој начин народот ја потврдил својата свечена заклетва на Господа дека ќе направат сѐ што Тој рекол и дека ќе Му бидат послушни“. – The Signs of the Times, May 6, 1880.

„Овде народот се запознал со условите на заветот. Тие склучиле свечен завет со Бога, што е образец на заветот склучен меѓу Бога и секој верник во Исус Христос. Условите на заветот биле јасно претставени пред народот. Не можеле погрешно да ги разберат. На прашањето дали ќе се согласат со сите дадени услови, тие едногласно се согласиле да ја почитуваат секоја обврска. Тие веќе се согласиле дека ќе ги почитуваат Божјите заповеди. Сега биле прецизирани начелата на законот, за да можат да знаат што е вклучено во заветот за почитување на законот; и се согласиле со конкретно дефинираните одредби од законот“. – Manuscript Releases, vol. 1, p. 114.


Среда 15. март

4. ИЗГУБЕНА ГЕНЕРАЦИЈА

а. Што се случило со огромното мнозинство Израелци затоа што не разбрале дека не можат да се спасат себеси и совршено да го држат законот без божествена помош? Броеви 26:63-65.

„Сè што можеме да сториме ние самите е извалкано со грев“. – Христовите поуки, 311.

„Никодим ја слушнал проповедта на Јован Крстителот за покајанието и за крштевањето и за неговото укажување на Оној, Кој ќе крштева со Светиот Дух. И сам чувствувал дека кај Евреите нема доволно духовност, дека тие во голема мера се робови на лицемерието и световната слава. Се надевал на една подобра духовна состојба при доаѓањето на Месијата. Меѓутоа, веста на Јован не предизвикала во него сознание за сопствената грешност. Бил строг фарисеј и се фалел со своите добри дела. Бил надалеку почитуван заради својата добродушност и дарежливост во одржување на службата во Храмот и сметал дека Божјата благонаклонетост му е осигурена. Бил изненаден од помислата за едно царство, кое е премногу чисто за тој да го види во својата сегашна состојба“. – Копнежот на вековите, 171.

б. Дали во „стариот“ завет проблемот бил во Бога или во луѓето? Евреите 8:8.

„’Христијан по природа!’ Оваа измама на многумина им послужи како облека на самоправедност и мнозина ги навела на привидна надеж во Христа, не трудејќи се ништо да дознаат за Него, за Неговите неволји и живот полн со самооткажувања и саможртвувања. Нивната правда на која толку сметаат претставува само нечиста облека. Нашиот драг учител Христос вели: ‘Ако некој сака да оди по Мене, нека се откаже од себе, нека си го земе својот крст и оди по Мене’. Да, одете по Него и во зло и добро, помагајте на оние на кои помошта им е најмногу потребна и на оние кои се без пријатели“. – 2 Сведоштво, 177,178.

„Што претставува бедата и голотијата на оние кои мислат дека се богати и ништо не им треба? - Тоа е недостаток на Христовата праведност. Во својата праведност тие се претставени како облечени во валкани облеки, но во оваа состојба си ласкаат дека се облечени во Христовата праведност. Дали измамата може да биде поголема? Како што вели пророкот, тие можат да викаат: ‘Ова е храмот Господов, храмот Господов, храмот Господов’ (види Еремија 7:4), додека нивните срца се исполнети со несвета трговија и неправедна размена“. – This Day With God, p. 228.


Четврток 16. март

5. ПОТРЕБЕН Е ДРУГ ЗАВЕТ

а. Бидејќи Стариот завет е толку безнадежен, кое било единственото ветување што можело да им даде надеж на оние што живееле во старозаветниот период? Еремија 31:31-33.

„Преку верата во Христа, послушноста кон секое начело на законот станува возможно.

Духот на ропството произлегува од желбата да се живее според законската религија, од желбата да ги исполниме барањата на законот со свои сили. Надеж за нас има само кога ќе дојдеме под заветот на Аврам, кој е заветот на благодатта преку вера во Исус Христос, кој е Автор и Довршител на нашата вера“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1077.

б. Наведете некои херои во Светото писмо кои ги прифатиле овие ветувања за божествена помош. Евреите 11:4-32.

„Така од столетие во столетие имало херои коишто со својата верност кон Бога го воодушевувале светот околу себе и со својата изразита светлина ги осветлувале оние коишто живееле во темнината на заблудата. Даниел и тројцата негови другари претставуваат изразити примери на христијански херои. Од нивните доживувања на вавилонскиот двор можеме да научиме што сѐ може да стори Бог за оние коишто Му служат со сето срце“. – Мојот живот денес, 68.


Петок 17. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да го следиме истото искуство на Евреите кои не можеле да го разберат вистинското значење на божествениот морален закон?

2. Зошто тие толку спремно ветиле нешто што не можеле да го исполнат?

3. Како денес лесно сме заведени да Му даваме такви ветувања на Бога?

4. Што постојано се повторувало во текот на понатамошната историја на Израел?

5. Кои примери ги имаме што откриваат дека националното назадување не е изговор за нашата колеблива вера?

 <<    >>