Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 
  Сабота, 7. јануари 2023

Дар во првата сабота за здравствениот и воспитен центар во Адигеја, Северен Кавказ, Русија

Територијата на Русија опфаќа 17.125.191 км2, со население од околу 146.780.000 жители, од кои 111 милиони се Руси. Останатите 35 милиони жители ги сочинуваат припадниците од 180 различни националности. Најзастапена религија е православната (42%) по што следи исламот (30%). Други религии се католицизмот (3%), староверците (гранка на источните православни христијани), будизмот, јудаизмот и грчкиот католицизам (1%).

Од 1925. година, реформната порака се објавува овде во многу тешки околности. Поради Божјата реч, многу браќа завршија во затвор. Некои од нив ги жртвуваа своите животи поради вистината. Деведесеттите години од минатиот век нашата црква имаше можност слободно да проповеда и тие активно ја искористија оваа можност. Во јуни 2018. година беше организирана Руската Унија. Во изминатите неколку години, нашите можности за бесплатно проповедање станаа многу ограничени, па затоа баравме парче земја во природа каде што би можеле да одржуваме состаноци и здравствено-мисионерска работа. Господ ни овозможи да купиме околу 5 хектари земјиште на падините на Кавказ со поглед на неверојатните планински предели. Бидејќи е многу тешко да се најде вода во планинскиот регион, цената на парцелата беше прилично ниска. Но, Господ се погрижи за тоа и ни помогна да најдеме на парцелата извор со вода не само за пиење, туку и да имаме мало езеро. Ние сме Му благодарни за овој голем благослов на Неговата промисла! Во летото 2019. година, го одржавме првиот камп-состанок на ова земјиште, иако можевме да изградиме само летни згради за состаноци, трпезарија и мала куќа со две соби. Поканивме и лекар да одржи семинар за здрав живот. Во согласност со светлината од Духот на пророштвото и со оглед на нашите околности, гледаме голем потенцијал за здравствено-мисионерска работа доколку се најдат и изградат соодветни простории за оваа намена.

Ние веруваме дека со милоста Божја и со помош на браќата од целиот свет, Господ ќе ни помогне да го реализираме овој проект, за кој нашите локални браќа немаат доволно средства да го финансираат. Господ да ги благослови сите што сакаат да го поддржат овој потфат со молитви и парични придонеси.

Вашите браќа и сестри од Руската Унија

 <<    >>