Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 
12. лекција Сабота, 25. март 2023

Дојдете, да расудуваме заедно!

„Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур - како волна ќе станат бели“ (Исаија 1:18).

„Божјиот закон бил основа на тој (нов) завет, кој всушност е само едно средство човекот пак да стапи во хармонија со Божјата волја на тој начин што е ставен во положба која му овозможува да биде послушен на Божјиот закон“. – Патријарси и пророци, 370.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Мисли од гората, 45-77. 

Недела 19. март

1. ДВА ЗАВЕТА

а. За да бидеме оправдани пред Бога, каков договор е неопходен од наша страна? Псалм 50:5.

б. За да склучиме таков договор, каков став ни е потребен? Исаија 1:18.

в. Кои заветни опции ни се дадени? Евреите 8:6-13.

„Условите на стариот завет гласеле: ‘Слушај и ќе бидеш жив!’ ‘Им ги дадов Моите заповеди и им ги објавив Моите наредби, преку кои човекот, откако ќе ги изврши, ќе биде жив’ (Езекиел 20:11; Левитска 18:5). ‘Проклет да е секој, кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив’ (Второзаконие 27:26). ‘Новиот завет’ е заснован на ‘подобри ветувања’ - на ветување за проштавање на гревот и за божествена милост која е во состојба да го прероди срцето и да го доведе во Хармонија со начелата на Божјиот закон. ‘Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни... ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам’ (Еремија 31:33,34)“. – Патријарси и пророци, 372.


Понеделник 20. март

2. ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ЗАВЕТ?

а. Што нè одвојува од заедништвото со нашиот Творец? Исаија 59:2. Што заслужуваме ние? Создавање 2:17; Римјаните 6:23.

„Во моментот кога Адам попуштил на искушението на сатаната, и го направил она што Бог рекол дека не треба да го прави, Христос, Божјиот Син, застанал меѓу живите и мртвите, велејќи: ‘Нека казната падне врз Мене. Јас ќе застанам на местото на човекот. Дајте му уште една шанса’. Престапот го ставил целиот свет под смртна казна. Но, на небото се слушна глас кој вели: ‘Најдов откуп’. Оној што не знаел за грев, бил направен грев заради нас. ‘Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот’. Христос ја соблекол Својата царска облека и царската круна и се откажал од Својата власт над целото небо. Тој ја облекол Својата божествена природа во човечка природа, за да може да ги поднесе сите немоќи и да ги поднесе сите искушенија на човечкиот род. Тој бил човек на болки и свикнат на страдања. А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. Заради нас, Тој стана сиромашен, за преку Неговата сиромаштија ние да станеме богати. Заради нас го оставил обожавањето на ангелите, заменувајќи го со навредите и хулите на толпата, која свештениците и водачите ја поттикнале на дивеење“. – The Signs of the Times, June 27, 1900.

б. Што направил Бог од самиот почеток за да ја избегне оваа смртна казна? Јов 33:24; спореди со 1 Јованово 4:19; Откровение 13:8.

„Планот за нашето спасение не е донесен дополнително, не е формулиран по Адамовиот пад во грев. Тој бил ‘откровение на тајната за која се молчеше од вечни времиња’ (Римјаните 16:25). Тој е откровение на начелата, кои од вечните векови претставувале темел на Божјиот престол. Бог и Христос уште на почетокот знаеле за отпадништвото на сатаната и за човековиот пад предизвикан со делувањето на измамната сила на отпадникот. Бог не замислил гревот да постои, но предвреме видел дека тој ќе се појави и преземал мерки за соочување со таа ужасна појава. Неговата љубов кон светот била толку голема, што се заветувал да го даде Својот Единороден Син ‘за ниту еден кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот’ (Јован 3:16)“. – Копнежот на вековите, 22.


Вторник 21. март

3. СЕМЕТО НА ЖЕНАТА

а. Кога старата змија, ѓаволот, ги измамил нашите прародители во Едем, какво ветување дал Бог што му дава надеж на човечкиот род? Создавање 3:15.

„Нашите природни склоности, ако не се поправат од Светиот Божји Дух, во себе содржат семе на морална смрт. Ако не воспоставиме животна врска со Бога, нема да можеме да се спротивставиме на безбожното влијание на себичноста, желбата за уживање и на искушението на гревот“. – 8 Сведоштво, 315,316.

б. Кој е семето на жената? Создавање 22:18; Галатјаните 3:8,16; Евреите 2:14.

„Уште од првата евангелска порака, изречена во Едем, кога било објавено дека семето на жената ќе и ја рани главата на змијата, Христос бил воздигнат како патот, вистината и животот. Тој бил патот кога Адам живеел, кога Авел ја принел на Бога крвта на погубеното јагне, која ја прикажувала крвта на Откупителот. Христос бил патот по кој нашле спасение патријарсите и пророците. Тој е единствен пат по кој и ние можеме да Му пристапиме на Бога“. – Копнежот на вековите, 663.

в. Бидејќи Авраам верувал само во Христа за простување на гревовите (Галатјаните 3:6-8), каков бил резултатот од таквата вера? Создавање 26:5.

„Христовата смрт на крстот овозможи да се уништи оној кој ја има ‘власта над смртта’, кој е авторот на гревот. Кога сатаната ќе биде уништен, нема да има кој да искушува на злото; никогаш повеќе нема да има потреба некој да биде откупен, ниту пак ќе има опасност од уште еден бунт во Божјиот универзум. Само со успешно спротивставување на гревот овде на овој мрачен свет, ќе се спречи и гревот на небото. Значењето на Христовата смрт ќе ја увидат сите спасени и сите ангели. Ако Јагнето не беше заклано од создавањето на светот, паднатите луѓе не би можеле да имаат дом во Божјиот рај. Зарем тогаш не треба да го величаме Христовиот крст? Ангелите постојано му оддаваат чест и слава на Христа, зашто ни тие не се сигурни доколку не беа страдањата и маките на Синот Божји. Со успехот постигнат на крстот и небесните ангели се заштитени од отпадништво. Да не беше победата извојувана на крстот, тие во борбата против злото не би биле посигурни отколку што биле пред падот на сатаната. Ангелското совршенство не успеа во рајот (за време на бунтот на сатаната). Човечкото совршенство пропадна во Едем, во блажениот рај. Сите што сакаат сигурност на земјата или на небото, мора да гледаат на Божјото Јагне“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1132.


Среда 22. март

4. РАТИФИКАЦИЈА НА ЗАВЕТОТ

а. Иако овој завет бил склучен со Адам и обновен со Авраам, кога можел да биде ратификуван - и оттука наречен Нов или втор завет? Евреите 9:16.

„Иако тој завет бил склучен со Адама и обновен со Аврама, сепак не можел да биде потврден сѐ до Христовата смрт. Според Божјото ветување, заветот постоел откако било дадено првото навестување за откуп; бил прифатен со вера; сепак, откако е потврден од Христова страна, се вика нов завет“. – Патријарси и пророци, 370,371.

б. Ако не бил ратификуван до смртта на Исус, како се применувал на оние деца на небесниот Цар кои живееле пред крстот? Евреите 6:13-18.

„Заветот со Аврама е потврден со Христовата крв и се вика ‘нов завет’, зашто крвта со која е потврден е пролеана по крвта на првиот завет. Дека новиот завет бил во сила во времето на Аврама, очигледно произлегува од фактот што токму тогаш тој бил потврден не само со ветување, туку и со Божја заклетва – ‘Преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже’ (Евреите 6:18)“. – Патријарси и пророци, 371.

„Неговиот збор е загарантиран. Планините ќе се поместат и ридовите ќе исчезнат, но Неговата милост никогаш нема да отстапи од Неговиот народ, и заветот на Неговиот мир нема да пропадне. Се слуша Неговиот глас: ‘Со вечна љубов те засакав’ (Еремија 31:3). ‘Но со вечна милост ќе те помилувам’ (Исаија 54:8). Колку е неверојатна оваа љубов, што Бог ја отстранува секоја причина за сомнеж и преиспитување од страна на луѓето полни со стравови и слабости, и ја зграпчува треперливата рака што е испружена кон Него со вера; и ни помага да Му веруваме со тоа што ни дава многу уверувања и гаранции. Тој ни даде обврзувачко ветување под услов да бидеме послушни и ни излегува во пресрет според нашето разбирање на нештата. Ние веруваме дека било какво ветувањето или завет на нашиот ближен, дури и ако е забележан, сепак бара одредена гаранција. Исус одговорил на сите овие стравувања и го потврдил Своето ветување со заклетва: ‘Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва’ (Евреите 6:17)... Што повеќе може да направи нашиот Господ за да ја зајакне нашата вера во Неговите ветувања?“ – That I May Know Him, p. 262.


Четврток 23. март

5. ПЛОЧИТЕ НА СРЦЕТО

а. Каква можност добиваме поради Христовата жртва на крстот? Евреите 9:15.

б. Каков апел Бог упатува до секој од нас лично додека размислуваме за нашата одговорност пред Бога? 2 Коринтјаните 6:2.

„ Истиот закон, кој бил напишан на камени плочи, Светиот Дух ги врежал на плочите на срцето. Наместо нашето јалово настојување да ‘утврдиме’ некоја своја правда, ние треба да ја прифатиме Христовата праведност. Неговата крв е средство за измирување за нашите гревови. Неговата послушност ни се припишува нам. Тогаш срцето, преродено со Светиот Дух донесува ‘духовен плод’. Благодарение на Христовата милост, ќе успееме да живееме со послушност кон Божјиот закон напишан во нашето срце. А ако го имаме во себе Христовиот Дух, ќе живееме онака како што живеел Тој. Христос преку пророкот најавил за себе: ‘Со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое’ (Псалм 40:8). А кога бил меѓу луѓето, рекол: ‘Отецот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно’ (Јован 8:29).

Апостол Павле јасно покажува во каков однос во Новиот завет се законот и верата. Тој кажува: ‘И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос’. ‘А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме’. ‘Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото’ - не можел да го оправда човекот затоа што човекот во својата грешна природа не можел да го држи законот – ‘го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото’ (Римјаните 5:1; 3:31; 8:3,4)“. – Патријарси и пророци, 372,373.


Петок 24. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какви искуства сте имале при склучување завети со Бога?

2. Зошто Бог бил подготвен кога Адам згрешил?

3. Кои симболи Бог ги користел за луѓето постојано да го имаат на ум доаѓањето на Месијата?

4. Како знаеме дека Авраам бил под Новиот завет?

5. Каков вид на завет или договор сте спремни да склучите со вашиот Творец?

Размислување за реформацијата

 <<    >>