Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Навистина е неверојатно величественото создавање што Семоќниот го создал и одржувал овде на Земјата повеќе од 6.000 години. А кулминацијата на Неговото величествено создавање е човечкиот род, создаден според Неговиот лик и подобие! Оваа раса е предодредена да ја насели оваа планета и да владее над неа. Благодарение на интелигенцијата и моќта на разумот дадена на човештвото, на оваа раса - хомо сапиенс - и беше доверена оваа привилегија, но што е најважно, таа е единствената на земјата на која и се нуди можност да живее во радосното присуство на величествениот Создател - за цела вечност.

Како и со секоја привилегија и одговорност, така и оваа доаѓа со услови. Праведниот и милостив Творец на вселената јасно ги поставува овие услови пред нас и нè повикува да расудуваме со Него за да можеме да ги разбереме одредбите од Неговиот завет.

Затоа, во наредните три месеци, учениците од саботните училишта ширум светот ќе ја изучуваат важната тема: „Да расудуваме со нашиот Творец.“ Ова е првиот дел од едногодишната серија наречена „Ризници на вистината“, која дава важен увид во прекрасните бисери на вистината кои имаат огромна вредност во подготовката за вечноста. Сите што сакаат да се спасат мора да имаат длабока, вистинска вера во Бога и победничко христијанско искуство кое ќе ги издржи дури и најтешките искушенија во последните часови од историјата на Земјата.

„Верата што им се дава на интелигентните суштества дава разумни докази за нејзината автентичност, бидејќи ќе се видат забележителни резултати во срцето и карактерот. Христовата благодат се манифестира во нивното секојдневно однесување. Можеме безбедно да ги прашаме оние кои тврдат дека се посветени: Дали плодовите на Духот се видливи во твојот живот? Дали во тебе се манифестира Христовата кротост и понизност, и дали се открива фактот дека секојдневно учиш во Христовата школа, и го обликуваш твојот живот според моделот на Неговиот несебичен живот?

Најдобриот доказ дека сите ние имаме заедништво со небесниот Бог е држењето на Неговите заповеди. Најдобар доказ за верата во Христа е недовербата во себе и зависноста од Бога. Единствениот сигурен доказ дека пребиваме во Христа е да го одразуваме Неговиот лик. Доколку го правиме тоа, даваме доказ дека сме посветени преку вистината, бидејќи вистината се покажува во нашиот секојдневен живот“. – Ye Shall Receive Power, 121.

„Има многу луѓе кои, иако настојуваат да се придржуваат кон Божјите заповеди, немаат потполн мир ниту радост. Тоа доаѓа оттаму што во своето секојдневно искуство не се вежбаат во верата. Тие како да одат по опустена земја, по солена пустина. Бараат малку, а би можеле да бараат многу повеќе, зашто нема граници за Божјите ветувања“. – Делата на апостолите, 563.

Наша молитва е сите да бидеме збогатени со саботните библиски лекции во овој квартал, а нашата вера да зајакне преку вистинското расудување со Сезнајниот!

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>