Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 
  Сабота, 4. февруари 2023

Дар во првата сабота за Глобална помош при катастрофи

Природните катастрофи стануваат се почести и посериозни насекаде во светот. Тие вклучуваат – но не се ограничени на – земјотреси, цунами, циклони, торнада, урагани, поплави и вулкански ерупции. „Од југ доаѓа бура, од север - студ. Од дувањето Божјо настанува лед... Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова, и тие се движат по целата земја според волјата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Тој. Тој им заповеда да отидат или за казна, или за благослов, или за помилување“ (Јов 37:9-13).

Семоќниот секогаш ги има на ум најдобрите интереси на оваа прекрасна планета и суштествата што Тој ги создал - но денес многу чудни и екстремни временски појави доаѓаат токму од арсеналот на заколнатиот непријател на душите:

„Додека сатаната им се претставува на човечките синови како голем лекар кој може да ги исцели сите нивни болести, во исто време тој ќе ги обремени со болести и несреќи и цели градови ќе претвори во урнатини и пустош. Дури и сега е на дело. Во несреќите и катастрофите на море и на копно, во големите пожари, во страшните торнада придружувани со град, во бурите, во поплавите, во циклоните, во високите бранови и во земјотресите, на секое место и во илјадници облици сатаната ја покажува својата моќ. Тој ја уништува зрелата жетва и тогаш настапуваат глад и неволја. Тој го исполнува воздухот со смртни зарази и илјадници умираат од епидемии. Овие појави ќе бидат сè почести и сè поужасни. Со масовно уништување ќе бидат зафатени не само луѓето туку и животните. ‘Тагува, нажалена е земјата; опаднала... И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет’ (Исаија 24:4,5)“ – Големата борба, 589.

Што и да се случи, на кој начин се повикани Божјите деца да одговорат на огромното човечко страдање што се случува како резултат на природните катастрофи?

Господ нѐ повикува да го следиме Неговиот сопствен пример на земјата со тоа што ќе посегнеме да го ублажиме страдањето каде и да постои. Основните животни потреби наеднаш се губат кога ќе се случи некоја природна катастрофа, затоа наша христијанска должност е да помогнеме колку што можеме и каде можеме. Вашата дарежлива донација за Глобална помош при катастрофи помага да се овозможи ова. Благодарам однапред!

Вашите браќа и сестри од Генералната конференција

 <<    >>