Back to top

Sabbath Bible Lessons

Ризници на Вистината (I) - Да Расудуваме со нашиот Творец

 <<    >> 
4. лекција Сабота, 28. јануари 2023

Дај ми масло во мојата светилка

„Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух! - слово е на Господа над Војските“ (Захарија 4:6).

„Нашето посветување е дело на Отецот, Синот и Светиот Дух. Тоа е исполнување на заветот што Бог го склучил со оние кои се обврзале да стапат во свет однос со Отецот, со Неговиот Син и со Неговиот Дух. Дали сте повторно родени? Дали станавте ново суштество во Христа Исуса? Потоа соработувајте со трите големи небесни сили кои работат во ваша корист. Правејќи го ова ќе му ги откриете на светот начелата на праведноста“. ¬– The Signs of the Times, June 19, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 47-56. 

Недела 22. јануари

1. КОЈ Е СВЕТИОТ ДУХ?

а. Колку долго постои Светиот Дух? Создавање 1:2; Псалм 51:11; Евреите 9:14.

б. Опишете ја и објаснете ја сеопфатната природа на Божјиот Дух. Псалм 139:7-12; 1 Коринтјаните 2:9-12; 2 Петрово 1:21.

„Во текот на старозаветниот период влијанието на Светиот Дух се забележувало на упадлив начин, но не во потполност. Со векови биле упатувани молитви за исполнување на Божјото ветување за дарот на Светиот Дух, и ниедна од тие искрени молитви не е заборавена пред Бога“. – Мојот живот денес, 36.

„Пред да се појави гревот, Адам уживал во отворено заедништво со својот Творец; но бидејќи човекот се одвоил од Бога преку престап, на човештвото му била ускратена оваа привилегија. Меѓутоа, преку планот на спасението, отворен е пат преку кој жителите на земјата сѐ уште можат да имаат контакт со небото. Бог комуницирал со луѓето преку Својот Дух, а божествената светлина му била пренесена на светот преку откровенијата на Неговите избрани слуги“. – God’s Amazing Grace, p. 190.


Понеделник 23. јануари

2. ДАЛИ СВЕТИОТ ДУХ Е ЛИЧНОСТ?

а. Наведете некои карактерни црти кои ја покажуваат личноста на Светиот Дух.

(1) Духот знае. 1 Коринтјаните 2:9-12.

(2) Може да сака. Римјаните 15:30.

(3) Може да биде во интимна заедница. 2 Коринтјаните 13:14.

(4) Бидејќи може да биде во заедница, мора и да зборува. 1 Тимотеј 4:1.

(5) На тој начин може и да поучува. 1 Коринтјаните 2:13.

(6) Може да биде сведок. Римјаните 8:16.

„Христос им оставил сигурно ветување на Своите следбеници дека по Неговото вознесение ќе им го испрати Својот Дух. ‘Одете’, рекол Тој, ‘и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот (личноста на Бога), и Синот (личноста на Кнезот и Спасителот), и Светиот Дух (испратен од небото да биде Христов претставник), учејќи ги да држат сè што ти заповедав; и еве ме со тебе сите денови до крајот на светот’“. ¬– The Review and Herald, October 26, 1897.

„Треба да сфатиме дека Светиот Дух, кој е личност како што Бог е личност, оди по оваа земја.

Светиот Дух е личност, бидејќи Тој ‘му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји’ (Римјаните 8:16). Кога се дава ова сведоштво, тоа го носи со себе и својот доказ. Во такви моменти веруваме и сме сигурни дека сме Божји деца...

Светиот Дух има своја личност; инаку, Тој не би можел да му сведочи на нашиот дух и со нашиот дух дека сме Божји деца. Тој мора да биде и божествена личност, бидејќи во спротивно не би можел да ги испита тајните што се кријат во Божјото срце. ‘Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух’ (1 Коринтјаните 2:11)“. – Evangelism, pp. 616, 617.

„Обременет со човечка природа, Христос не можел лично да биде на секое место; затоа за нивно добро беше Тој да ги остави, да отиде кај Својот Отец и да им го испрати Светиот Дух да биде Негов наследник на земјата. Светиот Дух не поседува човечки облик и не зависи од него. На тој начин, Христос можел да биде на секое место преку Својот Свети Дух, како сеприсутен“. – Manuscript Releases, vol. 14, p. 23.

„Постојат три живи личности во небесното трио; во името на овие три големи сили - Отецот, Синот и Светиот Дух - се крштаваат оние кои го прифаќаат Христа со жива вера; и овие сили ќе соработуваат со послушните поданици на небото во нивните напори да живеат нов живот во Христа“. – Evangelism, pp. 615.


Вторник 24. јануари

3. ДАЛИ СВЕТИОТ ДУХ Е ЛИЧНОСТ? (ПРОДОЛЖЕНИЕ)

а. Кои се уште некои карактеристики кои ја прикажуваат личноста на Светиот Дух?

(1) Тој посредува за нас кога се молиме. Римјаните 8:26,27.

(2) Тој дава посебни дарови. 1 Коринтјаните 12:7-11.

(3) Тој исто така го повикува грешникот на покајание. Откровение 22:17.

(4) Тој не само што го повикува грешникот на покајание, туку и го запечатува или утврдува во верата. Ефесјаните 1:13.

(5) И бидејќи нè запечатува или утврдува, на што сме предупредени? Ефесјаните 4:30.

(6) Бидејќи е личност, Исус на Светиот Дух му ја доделува личната заменка „Тој“ или „Нему“ 24 пати. Еден таков пример се наоѓа во Јован 14:16,17.

„Христос нашиот Посредник и Светиот Дух постојано се застапуваат за човекот, но Духот не посредува за нас како Христос, кој се повикува на Својата крв, пролеана од создавањето на светот; Духот делува на нашите срца, извлекувајќи од нас молитви и покајание, пофалби и благодарност. Благодарноста што тече од нашите усни е резултат на тоа што Духот ги допира жиците на душата во светите спомени, будејќи ја музиката на срцето“. ¬– The SDA Bible Commentary [E. G. White Com¬ments], vol. 6, pp. 1077, 1078.

„Среќата се состои од мали и големи нешта... Ако сакаме да станеме како Христос и да го примиме Неговиот карактер, мораме да ја тренираме душата преку мали нешта до секојдневно прогресивно посветување. Немаме време за губење. Ако сакате да втиснете печат за да оставите јасен отпечаток на восокот, нема да го туркате насилно и со сета сила, туку го ставате печатот внимателно и цврсто го притискате додека восокот не добие форма. Токму така Бог постапува со нашите души... Светиот Дух постојано, а не само одвреме-навреме, всадува во нас нов живот според Христовото подобие“. – In Heavenly Places, p. 66.

„Светиот Дух стои зад секоја искрена молитва. Научив дека во сите мои посреднички молитви Духот посредува за мене и за сите светии; но Неговото посредување е во согласност со Божјата волја, никогаш не е спротивно на неа. ‘И така Духот ни помага во нашите слабости’; а Духот, бидејќи е Бог, ги познава Божјите мисли; затоа, во секоја наша молитва за болните или за други потреби, треба да се земе предвид Божјата волја“. – The Signs of the Times, October 3, 1892.


Среда 25. јануари

4. КОЕ Е ДЕЛОТА НА СВЕТИОТ ДУХ?

а. Откако Исус отиде да посредува за нас од десната страна на Божјиот престол, што ни покажува дека Светиот Дух е личен претставник на Спасителот? Јован 15:26; 16:13,14.

б. Што обезбедува Светиот Дух за нашето осамено срце во отсуство на нашиот сакан Пријател? Јован 16:7.

в. Како Тој нè води до преобраќање? Јован 16:8; Захарија 4:6.

„Духот ќе им биде даруван заради преродување, а без тоа Христовата жртва би била безуспешна. Моќта на злото зајакнувала низ вековите и било неверојатно колку луѓето немоќно се потчинувале на ропството на сатаната. Да се пружи отпор на гревот и да се совлада може само со моќното делување на Третото Лице на Божеството, Кој не Доаѓа со никаква ограничена енергија, туку со целосна божествена сила. Духот го спроведува во дело она што го извојувал Спасителот на светот. Со силата на Светиот Дух срцето се чисти од гревот. Со помош на Светиот Дух верникот станува учесник во божествената природа. На Своите следбеници Христос им го дава Својот Дух, како божествена сила, за да ги совладаат сите наследени и стекнати склоности кон злото и црквата да го прими печатот на Неговиот карактер“. ¬– Копнежот на вековите, 671.

„Христовиот лик врежан во срцето се огледа во карактерот, во практичниот живот, од ден на ден, бидејќи ние сме претставници на нашиот личен Спасител. Светиот Дух им е ветен на сите што ќе го побараат. Додека ги пребарувате Светите списи, Светиот Дух е покрај вас и го претставува Исуса Христа“. ¬– General Conference Daily Bulletin, February 15, 1895.

„Проповедањето на словото нема никаква корист без присуството и помошта на Светиот Дух, бидејќи овој Дух е единствениот делотворен учител на божествената вистина. Само кога вистината ќе допре до срцето, таа ќе ја разбуди совеста и ќе го преобрази животот. Проповедникот може да го претстави словото на Божјата реч, тој може да биде запознаен со сите негови заповеди и ветувања; но неговото сеење на семето на евангелието нема да биде успешно доколку ова семе не оживее со небесната роса. Без учество на Божјиот Дух, ниту едно образование, ниту една предност, колку и да е голема, не може да го направи човекот канал на светлината“. ¬– Gospel Workers, p. 284.


Четврток 26. јануари

5. ВРСКАТА НА СВЕТИОТ ДУХ СО ЦРКВАТА

а. Како човекот доаѓа до целосно познавање на вистината? Јован 16:13.

б. Бидејќи тоа е дело на Светиот Дух, каква е Неговата улога во помагањето да ја најдеме вистинската црква? 1 Тимотеј 3:15.

в. Бидејќи е толку важно да го имаме Светиот Дух во нашите животи, што треба да правиме за да ја поседуваме Неговата сила во полнота? Лука 11:9-13.

„Кнезот на силите на злото може да биде ограничен само со Божјата сила, која е во третото лице на Божеството, Светиот Дух“. ¬– Evangelism, p. 617.

„Сè додека црквата се задоволува со мали нешта, таа е лишена од правото да прими големи нешта од Бога. Но, зошто не гладуваме и не жеднееме по дарот на Светиот Дух, бидејќи тој е средство со кое срцето може да се чува чисто? Господ одредил божествената сила да соработува со човечките напори. Од најголема важност е христијанинот да го разбере значењето на ветувањето за Светиот Дух непосредно пред второто доаѓање на нашиот Господ Исус. Зборувајте за тоа, молете се за тоа, проповедајте за тоа; бидејќи Бог повеќе сака да го даде Светиот Дух отколку родителите да им дадат добри дарови на своите деца“. ¬– The Review and Herald, November 15, 1892.


Петок 27. јануари

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како знаеме дека Светиот Дух бил активен Посредник во старозаветните времиња?

2. Кои се доказите дека Светиот Дух е личност?

3. Која е разликата помеѓу посредувањето на Исус и Светиот Дух?

4. Кои се некои од најважните улоги на Светиот Дух во планот на спасението?

5. Која е улогата на Светиот Дух во помагањето на луѓето да разберат која е вистинската црква?

 <<    >>