Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 
  Сабота, 5. декември 2020.

Дар во првата сабота за литература во Африка

Благодарение на Божјата милост и дарежливоста на нашите донатори во првата сабота за литература, сега во Африка имаме две печатници. Во изминатите години, Генералната Конференција на РДАСД имаше високи трошоци бидејќи по морски пат мораше да праќа големи пакети на Библиски лекции и други публикации. Но, почнувајќи со првите две тримесечја од 2020. година, нашите браќа во Африка имаат благослов да можат сами да ги печатат и дистрибуираат овие материјали полни со вистина ширум својот континент. Северноафриканскиот регион ја печати нашата литература во Руанда, а Јужноафриканскиот регион во Ангола.

Каков успех е ова! Со дополнителна поддршка, во овие печатарски објекти наскоро ќе можат да се преведуваат и издаваат повеќе публикации на африкански мајчини јазици.

„Многумина се подготвени да ја истражуваат вистината, бидејќи Божјите ангели ги подготвиле нивните срца за нејзиниот прием. Треба да се објавуваат публикации, напишани со најјасен, наједноставен јазик, во кои ќе се објаснуваат теми од витален интерес, и објавуваат работи што треба да се случат во светот. Состојбата во светот бара светлината да светли над темнината. Зарем луѓето на кои им се доверени свети одговорности нема да станат и да ја отфрлат секоја рамнодушност, секоја љубомора и недоразбирање, и да се зафатат за делото со одлучна решителност? Луѓето што тврдат дека се учители на библиската вистина ќе ги напаѓаат оние што ќе ја прифатат вистината, кои немаат искуство во соочување со приговорите, и тие ќе се обидат да ги победат со лажни тврдења и лукаво расудување. Поради оваа причина, како и од други причини, неопходно е да се имаат публикации кои ги објаснуваат учењата и се спротивставуваат со аргументи на противниците. Ако оние што се приклучуваат во верата можат да имаат јасна претстава за вистините кои се изложени на напад, тие ќе бидат вооружени со аргументи со помош на кои ќе им се спротивстават на противниците и ќе се бранат од нив. Бранејќи се, тие несвесно ќе го сеат семето на вистината... Бог важните вистини ги осветлил со голема светлина, и таа мора да му се објави на светот“. - The Home Missionary, February 1, 1890.

Кога ќе се собира дарот во првата сабота за литературата во Африка, ве молиме дадете великодушно како драгоцените души би можеле да бидат утврдени во сегашната вистина ва овие последни денови!

Одделот за издаваштво при Генералната конференција

 <<    >>