Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 7. ноември 2020

Христос, слуга на луѓето

„Но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек” (Филипјаните 2:7).

„Нашиот Господ Исус Христос дошол на овој свет како неуморен слуга на човечката потреба. За да може да послужи на секоја потреба на човештвото, ‘Тој ги зеде врз Себе нашата немоќ и ги понесе болестите’. (Матеј 8:17) Дошол да го отстрани бремето на болестите, јадот, неволјите и гревот. Неговата мисија била да им донесе на луѓето целосно обновување; Тој дошол да им даде здравје, мир и совршенство на карактерот”. – Здравје и среќа, 17.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Здравје и среќа, 17–22. 

Недела 1. ноември

1. САМОПОЖРТВУВАН ЖИВОТ

а. Колку далекусежна била Христовата служба? Марко 2:2; 5:21,24.

„Во мноштвото кое се туркало околу Спасителот имало мнозина кои целиот свој живот го поминале во близината на Галилејското езеро”. ¬– Мисли од гората, 147.

б. Колку Исуса го притискале потребите на другите? Марко 3:20; Матеј 8:20.

„Тој (Христос) цела ноќ поминува во молитва, дека преку денот Тој бил опкружен од големи групи луѓе, како за Себе не одвојувал време ниту да јаде”. – Копнежот на вековите, 321.

„Неговиот живот, бил живот на постојано самопожртвување. Тој немал дом на овој свет, освен оној, кој пријателите поради својата добрина, ќе му го понуделе Нему, како на патник. Тој за наше добро дошол да го живее животот на најсиромашните и да се движи и работи меѓу бедните и страдалниците. Непризнаен и без никакви почести, се движел меѓу луѓето за кои толку многу сторил”. – Здравје и среќа, 19.


Понеделник 2. ноември

2. ГРИЖА ЗА ДРУГИТЕ

а. Бидејќи потребите на луѓето биле толку големи, што направил Исус за да обезбеди одмор за своите ученици? Марко 6:31. Зошто?

„Иако времето е кратко, а задачата што треба да се заврши е голема, на Господа не Му е по волја своето работно време да го продолжуваме толку многу, што нема да ни остане време за одмор, за проучување на Библијата и за разговор со Бога во молитва. Сето тоа е важно за јакнење на душата, и има за цел да нè доведе во положба каде што ќе ја примиме мудроста од Бога за да ги искористиме своите таленти во служба на Учителот, на најдобар можен начин.

Кога Христос рекол дека ‘жетвата е голема, а работници се малку’, Тој не барал од Своите ученици непрекинато и напорно да работат, напротив, им рекол дека веќе се преморени, и дека нема да бидат способни за следните напори доколку не се одморат за извесно време. Ве молам во името Христово, штедете ги своите сили, за откако ќе се одморите, да можете да ги завршите своите задачи поуспешно и подобро”. – Мојот живот денес, 133.

„Не е мудро да се биде постојано под притисок на работата и возбудата... зашто на овој начин се запоставува личната побожност, а умните, душевните и телесните сили се преоптоваруваат.

Треба да се води грижа за времето за спиење и работа. Мораме да имаме време за одмор, време за рекреација и време за размислување”. – The Faith I Live By, p. 233.

б. Каков бил одговорот на Исус, кога народот продолжил да го следи? Како Тој се погрижил за нивните потреби? Марко 6:34-44.

„Исус, драгоцениот Спасител, како никогаш да не се уморил од молбите на душите болни од грев и болните од секакви болести. ‘А Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив’ (Марко 6:34). Ова многу им значи на оние што страдаат. Тој своите интереси ги идентификувал со нивниот. Го делел нивниот товар. Ги чувствувал нивните стравови. Чувствувал копнежливо сожалување кое создавало болка во Христовото срце”. – That I May Know Him, p. 47.

в. Откако луѓето ги нахранил и духовно и телесно, како Исус обезбедил одмор за самиот себе и за своите ученици? Марко 6:45,46.


Вторник 3. ноември

3. ПАТОТ НА СЛУЖБАТА

а. Што е вклучено во следењето на Христа во патот на службата? Марко 8:34.

„Нашиот драг учител Христос вели: ‘Ако некој сака да оди по Мене, нека се откаже од себе, нека си го земе својот крст и оди по Мене’. Да, одете по Него и во зло и добро, помагајте на оние на кои помошта им е најмногу потребна и на оние кои се без пријатели. Одете по Него и заборавете на себе. Правете дела на самопожртвување, самооткажување за добро на другите. Бидете полни со љубов и сочувство кон паднатиот род. Тој не го сметал Својот живот премногу драгоцен, туку го дал заради нас. Одете по Него, од скромните јасли до крстот. Тој беше наш Пример. Тој ви вели дека мора да го земете презрениот крст и да појдете по Него, ако сакате да бидете Негови ученици. Можете ли да пиете од Неговата чаша? Може ли да бидете крстени со Неговото крштавање?” – 2 Сведоштво, 178.

б. Како Исус ја споредува светската добивка со цената што ја платил за да му служиме? Марко 8:35-37.

„Што може да се спореди со загубата на човечката душа? Тоа е прашање кое секоја душа мора да си го постави себеси – дали ќе стекнат богатство на вечен живот или ќе изгубат сè поради своето занемарување да го стават Бога, Неговата праведност и Неговото дело на прво место. Исус, Спасителот на светот... со тага гледа на големиот број на оние кои се сметаат за христијани кои не му служат Нему, туку на самите себе. Тие едвај размислуваат за вечните реалности, и покрај тоа што Тој го свртува нивното внимание кон богатата награда која ги чека верните кои ќе му служат со неподелени чувства.

Тој сака секој поединец да ја чувствува својата одговорност во користењето на драгоценото време овде на овој свет, за да донесува родови на добри дела секој ден. Ова е единствената достојна цел на секој жив смртник – да ги искористи своите од Бога дадени способности за вечни резултати”. – That I May Know Him, p. 321.

в. Кога целосно ќе се предадеме на Бога, да му служиме каде и да нè повика, какво уверување Тој ни дава? Лука 22:35.


Среда 4. ноември

4. СЛЕДЕЈЌИ ГИ СТАПКИТЕ НА УЧИТЕЛОТ

а. Која молба му упатиле на Исус Јован и Јаков, и каков бил Исусовиот одговор? Марко 10:35-40.

„Во Божјото царство положбата не се стекнува со фаворизирање. Таа не се заработува, ниту се прима по пат на самоволно дарување. Таа е последица на карактерот. Круната и престолот се знаци на една постигната состојба; знаци на победа над себеси преку нашиот Господ Исус Христос”. – Копнежот на вековите, 549.

б. Како Исус ја искористил оваа можност да ги спореди светските царства со своето царство? Марко 10:41-44.

„Само во живот на служба се пронаоѓа вистинската среќа. Тој што живее бескорисен, себичен живот е несреќен. Тој е незадоволен од самиот себе и од сите останати. Господ ги дисциплинира своите работници за да бидат подготвени да ги пополнат местата кои им се доделени. На тој начин, Тој сака да ги оспособи за уште поприфатлива служба...

Постојат мнозина кои не се задоволни да му служат на Бога радосно на местото кое Тој го одредил за нив или без негодување да ја извршуваат работата која Тој им ја доверил. Во ред е да бидеме незадоволни од начинот на кој ја извршуваме должноста, но не треба да бидеме незадоволни од својата должност, затоа што повеќе би сакале да чиниме нешто друго. Во своето провидение, Бог става пред луѓето служба која ќе биде лек за нивните заболени умови. На тој начин, Тој се обидува да ги натера да се откажат од себичните склоности, кои доколку се негуваат ќе ги дисквалификуваат за работата која Тој ја подготвил за нив”. – In Heavenly Places, p. 229.

в. Како самиот Исусов живот сведочел дека Тој бил најголемиот слуга на сите? Марко 10:45.

„Христос можел заради нашата вина да се оддалечи од нас. Но, наместо да се оддалечи, Тој дошол и живеел меѓу нас, исполнет со сета полнота на божеството, да биде едно со нас, така што преку Неговата благодат можеме да постигнеме совршенство. Со срамна и страдална смрт Тој го платил нашиот откуп. Тој дошол од највисокото совршенство, го облекол Неговото божество со човечка природа, слегувајќи чекор по чекор до најниските длабочини на понижување. Не постои мерка со која може да се измери длабочината на Неговата љубов”. – Reflecting Christ, p. 17.


Четврток 5. ноември

5. УЧИТЕЛОТ ИМ СЛУЖИ НА СВОИТЕ УЧЕНИЦИ

а. Што направил Исус за своите ученици за време на Пасха? Јован 13:3-5.

„Учениците штотуку расправале за тоа кој треба да биде најголем во небесното царство. Не можеле да се договорат. Еден би ја барал таа чест за себе; друг за себе. Ниту еден од учениците не бил во соодветна состојба на умот да го сфати значењето на настаните што доаѓаат, или да ја цени свеченоста на оваа пригода. Тие не биле подготвени да учествуваат во пасхалната вечера.

Христос жално ги погледнал. Знаел дека пред нив се неволји и Неговото големо срце се исполнило со нежно сочувство и сожалување кон нив. Како манифестација на Неговата љубов кон нив, Тој ‘зеде крпа и се препаша; потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан’. Ова беше голем укор за сите нив”. – Reflecting Christ, p. 17.

б. Која поука за служба им ја дал? Јован 13:12-16.

„Обредот на понизност ни дава мошне импресивна поука. Христос ни ја покажал потребата да одиме понизно пред Бога и да сфатиме што направил за нас дарувајќи ни го својот Син. Христос знаел дека Неговите ученици никогаш нема да ја заборават поуката за понизност што им била дадена на последната вечера. Земајќи го на себе најпонизниот облик на служба, Тој им на изрекол на дванаесетмината најстрог укор што можел да им се даде”. – Reflecting Christ, p. 17.


Петок 6. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведете некои од начините на кои Исус ги ставил потребите на другите пред своите човечки потреби?

2. Како Исус се грижи денес за своите работници? Што се случува кога ќе се преоптовариме?

3. Што значи практично да се следи Христос во самоодрекувањето?

4. Како можеме да ја најдеме вистинската среќа? Како треба да одговориме на делото кое Бог ни го доверил во нашите раце?

5. Како постапките на Исус на последната вечера за Неговите ученици претставувале силен укор?

 <<    >>