Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 10. октомври 2020

Божествен Учител

„Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него” (Јован 3:2).

„Исус, божествениот Учител... не ја прифатил човечката природа за друга цел освен да им ја покаже на луѓето Божјата милост, љубов и добрина, грижејќи се за спасение и среќа на своите созданија. За таа иста цел и умрел... Секојдневно пред нив покажувал, во дела на благослов на луѓето, колку е голема Неговата нежност и љубов кон паднатиот род. Неговото срце било извор на неисцрпно сочувство, од кое душата што копнее можела да се снабди со водата на животот”. – Counsels on Sabbath School Work, pp. 108, 109.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Коп. на век., 342,343,427-431,601-603. 

Недела 4. октомври

1. УЧИТЕЛОТ И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ

а. Како учениците му се обраќале на Исуса во многу наврати? Марко 4:38; 9:38; 13:1.

б. Како Исус ја признал употребата на оваа титула? Јован 13:13.

в. Со каква цел Исус го сторил ова? Јован 13:14,15.

„Христос јасно го присвоил самото право на авторитет и верност. ‘Вие ме нарекувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи сум’ (Јован 13:13). ‘Зашто еден е вашиот Водач – Христос’ (Матеј 23:10). Така Тој го задржал достоинството кое му припаѓа на Неговото име, и авторитетот и моќта која ја имал на небото”. – Lift Him Up, p. 37.


Понеделник 5. октомври

2. ЧОВЕК ВО НЕВОЛЈА ПОКАЖУВА ПОЧИТ

а. Кој бил Јаир, и како покажал почит кон Исуса? Марко 5:22.

„(Исус) останал извесен период на брегот, учејќи и лекувајќи, а потоа се упатил во домот на Левиј-Матеј, за да се сретне со цариниците на гозбата. Тука Јаир, старешината на синагогата, го нашол Христа.

Овој еврејски старешина дошол кај Исуса во голема неволја и му се фрлил пред нозете”. – Копнежот на вековите, 342.

б. Зошто Јаир дошол да го види Исуса? Колку била голема неговата вера? Марко 5:23.

„Исус веднаш тргнал со него во неговиот дом. Иако виделе многу од Неговите дела на милост, учениците биле изненадени што одговорил на молбата на горделивиот рабин. Сепак, тие тргнале по својот Учител, а по нив одел народот, возбуден и полн со очекување”. – Копнежот на вековите, 342.

„Христос бил тргнат кон домот на Јаир, Еврејски рабин, кој Го преколнувал да дојде кај него и да му ја излекува ќерката. Молбата од срцето коешто страда; ‘ќерка ми е на умирање, дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и да биде жива’ (Марко 5:23), го допрела нежното, сочувствително Христово срце, и Тој веднаш тргнал со него кон неговиот дом“. – Здравје и среќа, 59.

в. Што се случило кога Исус се задржал на патот кон куќата на Јаир, и како му се обратил гласникот на Исус? Марко 5:35.

„Куќата на старешината не била далеку, но Исус и Неговите придружници напредувале полека, бидејќи толпата го притискала од сите страни. Загрижениот татко бил нетрпелив поради тоа, но Исус од сочувство кон луѓето, запирал од време на време за да ублажи нечии страдања или да утеши нечие вознемирено срце.

Додека тие така оделе, еден гласник се пробил низ мноштвото и му донел вест на Јаир дека неговата ќерка умрела и дека е бесполезно да го оптоварува Учителот понатаму. Тоа допрело до увото на Исус. ‘Не плаши се’, рекол Тој, ‘само верувај и ќе биде спасена’“. – Копнежот на вековите, 342,343.


Вторник 6. октомври

3. ОТКРИВАЊЕ НА НЕГОВОТО БОЖЕСТВО

а. Кој бил однесен во куќата на Јаир кога Исус пристигнал? Зошто? Марко 5:37-40.

„Јаир уште повеќе се доближил до Спасителот и заедно побрзале кон неговиот дом. Таму веќе биле оплакувачите наемници и свирачите на флејта, кои го исполнувале воздухот со врева. Присуството на мноштвото и буката непријатно влијаеле на Исусовиот дух. Тој се обидел да ги смири, велејќи: ‘Зошто викате и плачете? Девојчето не е умрено, туку спие’. Присутните биле разлутени од зборовите на овој Странец. Виделе дека детето е во прегратка на смртта, па му се потсмевале. Наредувајќи им на присутните да излезат од куќата, Исус ги повел со Себе таткото и мајката на девојчето и тројца ученици Петар, Јаков и Јован и заедно влегле во одајата на смртта”. – Копнежот на вековите, 343.

б. Кое чудо ја потврдило божествена природа на Христа? Марко 5:41,42.

„Исус се доближил до постелата и земајќи ја раката на девојчето во Својата, нежно, со вообичаениот јазик на нејзиниот дом, ги изговорил зборовите: ‘Девојче, Јас ти зборувам, стани’.

Истиот момент безживотното тело затреперило. Пулсот на животот почнал повторно да чука. На усните се покажала насмевка. Очите широко се отвориле, како да се будат од сон и девојчето зачудено ја набљудувало групата покрај постелата. Потоа станала, а нејзините родители ја прегрнале, плачејќи од радост”. – Копнежот на вековите, 343.

в. Во која друга прилика Исус направил слично чудо? Лука 7:11-17.

„Спасителот ги воскреснувал мртвите во живот. Еден таков случај бил синот на вдовицата во Наин. Луѓето го носеле кон гробот, кога го сретнале Исуса. Тој го зел младиот човек за рака, го подигнал и го предал жив на неговата мајка. Потоа луѓето се вратиле во своите домови со извици на радост, фалејќи го Бога”. – The Story of Jesus, p. 79.


Среда 7. октомври

4. МНОШТВОТО ГО ПРИЗНАВА

а. Како еден човек од мноштвото му се обратил на Исуса? Која била неговата голема потреба? Марко 9:17,18.

б. Како Исус укажал на потребата од вера, и каков бил одговорот на таткото? Марко 9:19-24.

„Таткото ја раскажал сторијата за долгите години на страдање, а потоа, како веќе да не можел да издржи, извикал: „Ако можеш нешто да сториш, смилувај ни се и помогни ни”. ‘Ако можеш!’ Дури и во тој момент таткото се сомневал во Исусовата моќ.

Исус одговорил: ‘Ако можеш да веруваш, сѐ е можно за оној што верува’. На Исуса не му недостигала моќ лекувањето на синот зависело од татковата вера”. – Копнежот на вековите, 428.

„Верата е таа која не спојува со Небото и која ни дава сила да се соочиме со силите на темнината. Во Христа Бог ни дал средство за совладување на секоја грешна особина и за спротивставување на секое искушение, колку и да е силно. Меѓутоа, многумина чувствуваат недостаток на вера и затоа остануваат далеку од Христа. Нека овие души, во нивната беспомошна недостојност, се фрлат на милоста на својот сочувствителен Спасител. Не гледајте на себе, туку на Христа. Оној што исцелувал болни и истерувал демони, кога одел меѓу луѓето и денес е истиот моќен Откупител. Верата Доаѓа од Божјата Реч. Затоа држете се цврсто за Неговото ветување: ‘Оној што Доаѓа при Мене, нема да го истерам надвор’. (Јован 6:37) Фрли се пред Неговите нозе со извикот: ‘Верувам, Господе, помогни му на моето неверие’. Никогаш нема да пропаднете доколку го правите тоа никогаш”. – Копнежот на вековите, 429.

в. Како Исус покажал дека Тој навистина бил божествен Учител? Марко 9:25-27.

„Исус се свртел кон страдалникот и рекол: ‘Духу нем и глув, Јас ти заповедам, излези од него и не влегувај веќе во него’. Се слушнал крик и започнала страшна борба. Изгледало како демонот при своето излегување да го раскинувал и животот на својата жртва. Потоа момчето лежело неподвижно, како мртво. Мноштвото шепотело: ‘тој е мртов’. Меѓутоа, Исус го земал за рака, го подигнал и го предал на неговиот татко, целосно здрав и со телото и со умот. Таткото и синот го фалеле името на својот Избавител. Мноштвото се ‘восхитуваше на Божјата моќна сила’, додека книжниците, поразени и со наведната глава, во тишина се оддалечиле”. – Копнежот на вековите, 428,429.


Четврток 8. октомври

5. НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ЗАЧУДЕНИ

а. Како дури и Христовите непријатели се обратиле кон Него, правејќи се дека се Негови следбеници? Што го прашале? Марко 12:13,14.

„Фарисеите секогаш биле иритирани што морале да платат данок на Римјаните. Тие сметале дека плаќањето данок е во спротивност со Божјиот закон. Сега помислиле дека им се дава можност да Му постават стапица на Исуса. Шпионите дошле кај Него и правејќи се дека се искрени, како да сакаат да дознаат што им е должност, рекле: ‘Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш и не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Дали е дозволено да даваме данок на ќесарот или не?’” – Копнежот на вековите, 601.

б. Како Исус се соочил со нивните лукавства и ги изненадил? Кој бил нивниот одговор? Марко 12:15-17.

„Шпионите се надевале дека Исус директно ќе одговори на прашањето, на еден или на друг начин... Се чувствувале збунети и поразени. Нивните планови биле срушени. По кратката постапка со која бил даден одговор на нивното прашање, тие веќе немале што да кажат.

Христовиот одговор не бил никакво одбегнување, туку отворен одговор на прашањето. Држејќи во раката кована монета на која бил ликот и името на Цезарот, Тој изјавил дека, бидејќи живеат под заштита на римската сила, тие треба на таа сила да и даваат потпора која се барала од нив, сѐ додека тоа не се судри со повозвишената должност. Меѓутоа, додека мирољубиво им се покоруваат на земните закони, тие секогаш прво треба да ја дадат својата лојалност на Бога”. – Копнежот на вековите, 602.


Петок 9. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто било исправно луѓето да го нарекуваат Исуса како „Учител“?

2. Како гордиот рабин покажал почит кон Исуса? Зошто го сторил тоа?

3. Што открило чудото со ќерката на Јаир за Исуса?

4. Каква биле реакцијата на семејството кога Исус ги истерал демоните од момчето? Каква била реакцијата на книжниците? Зошто?

5. Како Исус ги збунил шпионите што биле испратени да го фатат во замка?

 <<    >>