Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 
  Сабота, 3. октомври 2020.

Дар во првата сабота за седиштето во Savigny-sur-Orge, Франција

Со вкупно население од околу 87 милиони, Франција, Белгија и Швајцарија формираат влијателен дел од западна Европа. Реформното движење на АСД во Франција постои неколку децении. Во текот на Втората светска војна, нашите овдешни браќа беа меѓу жртвите во озлогласениот концентрационен логор Gurs, во ужасни услови. Сепак, со Божја милост, оваа вест се одржала, и денес Франција, заедно со Швајцарија и Белгија, го формираат Француското поле на РДАСД.

Зградите на имотот во Savigny-sur-Orge, париско предградие, служат како седиште на Полето, и имаат сериозна потреба од проширување. Во 1991. година, благодарение на некои великодушни донации, на овој имот, купен неколку години пред тоа, е изградена црква. Со Божја помош, Неговото дело се развива тука и покрај предизвиците имајќи го во предвид менталитетот на француското население кој беше толку силно вкоренет врз атеистички и католички идеи, кои сè уште траат од 1260-те години на прогонство. Да се потсетиме дека неколку години по Лутер, околу половина од населението беше протестантски ориентирано. Но, поради прогонство или поради нивната вера, мнозина верни умреле (мачени на тркало, на клада, галија, затвор, итн.) или побегнале во земји кои биле повеќе гостопримливи, како што се Швајцарија, Германија, Холандија и Новиот свет (САД и Канада).

Сепак, сè уште има многу искрени души кои се во заблуда и едвај чекаат да ја примат светлината како би застанале на страната на Господ. Затоа ве молиме за ваша великодушна финансиска помош со цел да ги прошириме нашите објекти, толку многу потребни, и да бидеме подобро подготвени да допреме до овие души.

Мнозина од странски земји и надвор од европските француски територии веќе ни помогнаа во овој потфат. Овде имаме неколку браќа и од прекуокеанските француски територии, како и од Романија, Бразил, Португалија, Конго, Молдавија и од разни други националности. Оваа културна разновидност претставува вистински благослов затоа што ни овозможува да ја продлабочиме својата вера, зацврстувајќи ја уште повеќе на темелите на библиските начела, над културните традиции кои честопати тешко се разбиваат и кои можат да и дадат искривена слика на нашата вест. Зарем вечното евангелие нема да им се проповеда „на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14:6)? Ајде заедно да направиме ова да биде реалност!

Француското поле однапред ви се заблагодарува

 <<    >>