Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 
  Сабота, 7. ноември 2020.

Дар во првата сабота

за црквата во Монтреал

Канада е втора по големина земја во светот, зафаќајќи површина од 9.984.670 км². Нејзиното население во моментов е околу 37 милиони. Од сите земји членки на групата Г7, Канада има најголем демографски раст. Таа е уставна монархија и федерација од десет провинции и три територии. Поради својата историја, Канада има два службени јазика – англиски, со кој зборуваат повеќето Канаѓани, и француски, мајчин јазик на околу 20% од населението. Повеќето луѓе кои се служат со францускиот јазик живеат во провинцијата Квебек. Седиштето на владата на оваа провинција се наоѓа во Квебек Сити, но економскиот центар на провинцијата е градот Монтреал, втор по големина град во кој се зборува француски јазик, со население од над 4 милиони.

Поради јазичната бариера, делото на евангелието во Канада претежно се развивало во англиското говорно подрачје. Сепак, од 2020. година нашата црква во Канада изнајми во закуп згради од разни протестантски цркви во Монтреал, каде редовно одржуваме служби во сабота и на англиски и на француски јазик. Ние исто така нудиме часови за готвење, библиски проучувања, делиме духовна литература и допираме до луѓето со помош на здравствени услуги и лично сведочење. Господ ги благословил нашите напори, верниците се силни во верата, а на црквата и се приклучуваат и нови души. Мнозина пријатели се редовни посетители во нашата црква, а неколкумина од нив се подготвуваат и за крштевање. Нашата заедница е полна со етничка, културна и јазична разновидност, кои доаѓаат од земји како Кина, Колумбија, Франција, Хаити, Јамајка, САД, како и родените Канаѓани.

Нашата сегашна голема потреба е молитвен дом, кој исто така би послужил и како седиште за делото на евангелието на француски јазик во провинцијата Квебек и пошироко. Членовите на нашата локална црква веќе приложиле великодушни дарови и собрале одредени средства, но сепак тоа е далеку од доволно за да се покријат трошоците за изградба.

Се молиме Господ да делува на вашиот ум, срце и совеста за нашата голема потреба, но и за огромните можности да допреме до луѓето во француското говорно подрачје. Ве молиме великодушно да приложите кога ќе се собира специјалниот дар ва првата сабота, така што еден ден би можела да биде подигната црква на Божја слава во овој дел од светот. Ви благодариме, и Бог богато да го благослови секој дарител и неговиот дар.

Вашите браќа и сестри од Канадското поле

 <<    >>