Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Книгата Евангелие според Марко ја напишал Јован Марко, кој патувал со Павле и Варнава. Самиот Варнава бил „родум од Кипар“ (Дела 4:36), и сега тој и Павле, во придружба на Јован Марко, роднина на Варнава, го посетиле овој остров.

„Мајка му на Марко ја прифатила христијанската вера и нејзиниот дом во Ерусалим бил вистинско прибежиште за учениците. Тука секогаш наидувале на гостопримство и одмор. При една таква посета на апостолите на домот на неговата ма¬јка, Марко им се понудил на Павле и Варнава да ги придружува на нивниот мисионерски пат. Чувствувал Божја наклоност и одобрување во своето срце и со сета душа сакал потполно да му се посвети на делото на проповедање на евангелието.“ – Делата на апостолите, 167.

Кога Марко за прв пат започнал да патува со Варнава и Павле, согледал дека делото за него претставува преголем товар и се вратил дома. Кога одлучил повторно да се обиде, Павле одбил да работи со него. Сепак, Павле подоцна се предомислил во врска со Марко, сметајќи дека тој е толку корисен што му рекол на Тимотеј: „Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата“ (2 Тимотеј 4:11).

Марко исто така блиску соработувал со Петар (1 Петрово 5:13). Се верува дека Петар му ги раскажал на Марко своите искуства. Потоа Марко, бидејќи самиот тој не бил сведок, ги запишал сеќавањата на Петар за Исус. Марковото излагање на евангелието е далеку поконкретно од другите три. Марко својот запис го започнал со зборовите: „Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји“ (Марко 1:1). Тој веднаш ја исповедал својата вера во Исус како Божји Син.

„Спасителот на човечкиот род се родил во скромно семејство, во еден со грев проколнат, злобен свет. Тој бил воспитан во темнината на Назарет, мал град во Галилеја. Ја започнал својата мисија во сиромаштија и лишен од световен углед. Тој не се стремел кон восхит или одобрување од светот. Тој живеел меѓу понизните. Изгледал како обичен човек, со малку пријатели. На тој начин Бог го претставил евангелието на начин сосема различен од начинот на кој многумина го сметаат за мудар за изнесување на истото евангелие во денешно време...

‘Царството Божјо нема да дојде преку нешто што може да се забележи’. Евангелието на Божјата милост, со својот дух на самоодрекување, никогаш не може да биде во склад со духот на овој свет“. - The Review and Herald, January 18, 1906.

Господ нека ни помогне да прифатиме поголема мерка од ова евангелие на милост во нашето срце и живот додека ги проучуваме лекциите за ова тримесечје.

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>