Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Евангелието според Марко

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 17. октомври 2020

Чудотворец

„Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: ‘Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот’“ (Јован 6:14).

„Кога Исус го открил Своето божество со Своите моќни чуда, кога ги исцелувал болните и ги воскреснувал мртвите, народот се прашувал меѓу себе: ‘Зар тоа не е синот Давидов’?... Меѓутоа, многумина што го нарекувале Исуса Давидов син, не го признавале Неговото божество. Тие не сфатиле дека Давидовиот син е исто така и Божји Син“. – Копнежот на вековите, 608,609.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Копнежот на век., 334-337, 364-371. 

Недела 11. октомври

1. МНОИЗИНА БИВААТ ИСЦЕЛЕНИ

а. Како реагирал народот на Исусовите дела на исцелување? Марко 1:32,33.

„Народот, поради страв од рабините, не се осмелувал да доаѓа кај Исцелителот пред заоѓањето на сонцето. Но тогаш, од нивните домови, од работилниците и од плоштадите, од сите страни, жителите на овој град брзале кон скромниот дом, во кој Исус нашол засолниште. Болните биле донесувани на носилки, некои потпирајќи се со стап, или придржувани од своите пријатели, приоѓале кон Спасителот, со слаби и несигурни чекори.

Со часови, луѓето постојано доаѓале и заминувале, бидејќи никој не можел да знае дали Исцелителот утре сè уште ќе биде помеѓу нив. Никогаш порано Капернаум не доживеал ваков ден. Воздухот бил исполнет со извици на воодушевување и ослободување од маките.

Исус не престанал да ја извршува Својата работа, сè додека и последниот страдалник не бил излекуван. Кога мноштвото се разотишло и тишината конечно се спуштила над куќата на Симона, било веќе длабока ноќ. Поминал еден долг, заморен ден и Исус имал потреба од одмор. Но додека градот бил потонат во сон, Спасителот ‘во темни зори стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше’ (Марко 1:35)”. – Здравје и среќа, 29,30.


Понеделник 12. октомври

2. НАРОДОТ СЕ СОБИРА ОКОЛУ ИСУСА

а. Што се случило во друга прилика, кога Исус пристигнал со кораб во Генисарет? Марко 6:53-55.

„Во меѓувреме, по отсуство од само еден ден, Тој (Исус) дошол во Генисарет. Кога се дознало дека е тука, луѓето ‘го облетаа сиот оној крај и почнаа да носат болни на постели таму каде што слушнале дека се наоѓа Тој’ (Марко 6:55)“. – Копнежот на вековите, 384.

б. Колку болните очајнички сакале да го видат Исуса? Како била наградена нивната вера? Марко 6:56.

в. Кој исто така е излечен на ист начин? Марко 5:25-34. Што можеме да научиме од овој пример на вера?

„Кога жената ја испружила својата рака и го допрела работ на Неговата облека, мислела дека тој таен допир никој нема да го забележи; но Христос го препознал тој допир и одговорил на нејзината вера со својата исцелувачка сила. Таа во еден миг сфатила дека оздравела, и Господ Исус не сакал да дозволи таквата вера да помине незабележано“. – In Heav¬enly Places, p. 108.

„Спасителот го разликувал допирот на верата од случајниот допир на невнимателното мноштво. Ваквата доверба не смее да остане незабележана. Тој сакал на оваа понизна жена да и упати зборови на утеха, кои за неа ќе бидат извор на радост зборови што ќе бидат благослов за Неговите следбеници до крајот на времето “. – Копнежот на вековите, 344.

„Верата која нè доведува во жив допир со Христа, од наша страна мора да вклучува најголема наклонетост, совршена доверба и целосна посветеност. Таа вера работи со љубов и ја чисти душата. Таа во животот на Христовиот следбеник доведува до вистинска послушност кон Божјите заповеди; резултат на жива врска со Христа ќе биде љубов кон Бога и љубов кон човекот“. – Selected Messages, bk. 1, p. 334.


Вторник 13. октомври

3. УЧЕНИЦИТЕ СЕ ИСПРАТЕНИ ДА ПОМОГНАТ

а. Додека Исусовото дело напредувало, каков план Тој спровел? Марко 6:7-11.

„За да може работата да се изврши ефикасно, Господ ги испратил своите ученици двајца по двајца?”. – Life Sketches, .

„Потребно е двајца да работат заедно; зашто едниот може да го охрабри другиот; тие можат да се советуваат, да се молат и заедно да ја истражуваат Библијата. Така можат да добијат поголема светлина за вистината; зашто едниот ќе ја забележи едната страна на вистината, а вториот другата страна на вистината. Ако се во заблуда, тие можат да се поправат еден со друг во говорот и ставот, така што оние што слушаат нема да ја оценуваат вистината според недостатоците на нејзините застапници”. – Evangelism, 74.

„Презентирањето на вистината со љубов и едноставност, од куќа до куќа, е во склад со упатството што Христос им го дал на своите ученици кога ги испратил на нивното прво мисионерско патување. Со песни на слава на Бога, со понизни, срдечни молитви, со едноставно излагање на библиската вистина во кругот на семејството, мнозина ќе бидат привлечени”. – Reflecting Christ, p. 202.

б. Кога учениците тргнале на работа, како проповедањето го комбинирале со исцелувањето? Марко 6:12,13. Како и ние денес треба да работиме на ист начин?

„Христос, големиот медицински мисионер, е нашиот пример... Тој ги исцелувал болните и го проповедал евангелието. Во Неговата служба, лекувањето и поучувањето биле блиску поврзани. Ниту денес тие не треба да бидат одвоени”. – Counsels on Health, pp. 395, 396.

„Христовиот живот и Неговата служба на болните се неразделно поврзани. Од светлината што ми е дадена, знам дека секогаш треба да постои тесна поврзаност помеѓу здравствено мисионерската работа и проповедањето на евангелието. Тие се поврзани во света заедница како едно дело и никогаш не треба да се разделуваат. Начелата на небото треба да ги усвојат и применат оние што тврдат дека одат по стапките на Спасителот. Со својот пример Тој ни покажа дека здравствено мисионерското дело не треба да го заземе местото на проповедање на евангелието, туку да биде поврзано со него. Христос ни оставил совршен пример на вистинска побожност комбинирајќи го делото на лекарот и проповедникот, служејќи на потребите на телото и на душата, лекувајќи ги физичките болести и потоа зборувајќи зборови што донесувале мир во вознемиреното срце”. – Counsels on Health, pp. 528.


Среда 14. октомври

4. ДУРИ И СИЛИТЕ НА ПРИРОДАТА СЕ ПОСЛУШНИ

а. Што се случило кога учениците тргнале со Исуса преку морето во еден мал чамец? Марко 4:35-37.

„Ноќта била мирна и пријатна и тишина владеела над езерото; меѓутоа, небото одеднаш се замрачило, низ планинските клисури долж источниот брег почнал да дува силен ветар и над езерото завладеала жестока бура.

Сонцето било зајдено и темнината на ноќта се спуштила над разбрануваното езеро. Гонети од ветрот што завивал, брановите силно удирале врз чамецот на учениците и се заканувале да го потопат. Тие издржливи рибари... биле немоќни пред силата на стихијата и надежта им исчезнала, кога виделе како чамецот се полни со вода”. – Копнежот на вековите, 334.

б. Каде бил Исус во текот на бурата, и како реагирал? Марко 4:38-40.

„Одеднаш еден блесок на молња ја пробил темнината и тие го здогледале Исуса како спие, невознемирен од бучавата. Зачудени и очајни, тие повикале: ‘Учителу, зар тебе не ти е грижа што гинеме?’...

Нивниот повик го разбудил Исуса. Кога го осветлила молњата, тие здогледале небесен мир на Неговото лице; во Неговиот поглед читале несебична, нежна љубов, па нивните срца се обратиле кон Него извикувајќи: ‘Господе, спаси не, загинуваме’.

Никогаш ниту една душа не го извикала тоа, а да не била услишена. Кога учениците се фатиле за веслата да го вложат последниот напор, Исус станал. Стоел сред Своите ученици и додека бурата беснеела, додека брановите удирале во нив, додека водата беснеела, додека молњите го осветлувале Неговото лице, Тој ја подигнал Својата рака, како што често правел во Своите дела на милост и му рекол на разбранетото езеро: ‘Молкни, престани’”. – Копнежот на вековите, 334,335.

в. Каква била реакцијата на учениците на ова чудо? Марко 4:41.

„Бурата престанала. Големите бранови се смириле. Исчезнале облаците и повторно блеснале ѕвездите. Чамецот почивал врз мирното езеро. Тогаш, вртејќи се кон Своите ученици, Исус тажно запрашал: ‘Зошто толку се плашите? Како немате вера?’ (Марко 4:40).

Учениците молчеле. Дури и Петар не се обидувал да ја изрази страхопочитта која ја исполнувала неговото срце”. – Копнежот на вековите, 335.


Четврток 15. октомври

5. ИСУС ГИ СНАБДУВА НАШИТЕ ПОТРЕБИ

а. Кое чудо го покажало Исусовото сочувство кон нашите материјалните потреби? Марко 6:35-44.

„Оној, Кој ги учел луѓето како да си обезбедат мир и среќа, мислел исто толку на нивните земни потреби Колку и на духовните. Луѓето биле изморени и ослабени. Тука имало и мајки со бебиња во рацете и со малечки деца кои се држеле за нивните скутови. Многумина стоеле веќе со часови.

Едноставната храна што ја делеле рацете на учениците содржела цела ризница поуки. Била обезбедена скромна храна; рибата и јачменовиот леб претставувале секојдневна храна на рибарите од Галилејското Езеро... Храната подготвена единствено заради задоволување на апетитот, не би претставувала никаква поука за нивно добро“. – Копнежот на вековите, 365-367.

б. Какво уверување имаме дека Бог е способен и денес да се грижи за нашите потреби? Филипјаните 4:19.

„Бог ги знае нашите потреби и Тој ги задоволува. Господ има ризница на залихи за своите деца и може да им даде сè што им е потребно во сите околности. Тогаш, зошто не му веруваме? Тој им дал драгоцени ветувања на своите деца под услов на верна послушност кон Неговите одредби. Не постои товар кој Тој не може да го отстрани, никаква темнина која Тој не може да ја растера, ниеден страв кој не може да го смири, ниеден достоен стремеж кој Тој не може да го води и оправда“. – That I May Know Him, p. 224.


Петок 16. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога Исус престанувал со своето дело на исцелување?

2. Како ќе се открие исцелителната вера?

3. Зошто е поефикасно двајца да работат заедно отколку само еден?

4. Како Исус покажал контрола над природните сили?

5. Зошто Исус им обезбедил на луѓето само едноставна храна?

 <<    >>