Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
  Сабота, 4. јуни 2022.

Дар во првата сабота за мисионерската школа во Руанда

Делото на Реформното движење на АСД стигна до Руанда во 2003. година преку социјалните мрежи, недолго по ужасниот масакр и геноцид во 1994. година во кој загинаа повеќе од милион луѓе за само 90 дена. Со Божја милост и тешки напори, браќата од Руанда сепак продолжуваат напред.

Во Божја сила, мисионерите од Руанда ја однеле пораката до околните земји како Бурунди, ДР Конго, Северен Киву, Јужен Киву и Уганда. Јазикот Кињарванда, кој го зборуваат околу 30 милиони луѓе кај овие народи, ја олесни работата на нашите браќа, кои досега допреа до три илјади души.

Меѓу нашите членови, само 10% знаат да зборуваат странски јазици - а налогот на Исус, нашиот Спасител, е дека треба да допреме до секој јазик на нашата планета. Јован во Откровението опишува: „И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14:6).

Затоа Унијата на Руанда одлучи да изгради мисионерска школа за да им помогне на сите овие земји да ги образуваат младите луѓе - и да им обезбеди не само духовно образование, туку и курсеви по англиски јазик, со што полесно ќе можат да ги отвораат книги на Духот на пророштвото и да развиваат вештини во мисионерската работа. Во Централна Африка, секој ден придобиваме души за Спасителот. Зголемувањето на мисионерската работа резултираше со зголемена потреба за обучени работници за да го завршат налогот даден од Спасителот. „Со таква војска правилно извежбани работници каква што би можела да биде нашата младина, колку бргу би можела да му се однесе на светот веста за распнатиот и воскреснат Спасител Кој наскоро ќе дојде“. - Воспитување, 271.

Почитувани браќа и сестри, ве молиме за финансиска помош во овој проект за да се исполни мисијата дадена од Христос, кој умре за нас. Нашиот свет се менува од ден на ден, а ние не знаеме уште колку долго ќе можеме да работиме, земајќи ги предвид сите климатски катастрофи и војни насекаде. Луѓето секој ден умираат, а Бог ќе праша секој од нас што направивме за да ги спасиме душите. Секој од нас ќе треба да одговори на тоа прашање.

Затоа секој од вас поединечно го молиме да се сети на нашиот проект за изградба на мисионерска школа за земјите од Централна Африка. Ви благодариме!

Вашите браќа од мисијата на Унијата на Руанда

 <<    >>