Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 11. јуни 2022.

„ Благодат и мир“

„Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос“ (2 Коринтјаните 1:2).

„Сè и должиме на Божјата бесплатна благодат. Благодатта во заветот ни обезбеди посвојување. Благодатта во Спасителот го постигна нашето откупување, нашето обновување и нашето воздигнување како Христови наследници. Бог не нè љуби затоа што ние прво го засакавме; туку ‘уште додека бевме грешни’, Христос умре за нас, обезбедувајќи на тој начин целосна и изобилна подготовка за нашето откупување“. – The Review and Herald, October 15, 1908.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Христовите поуки, 390-404. 

Недела 5. јуни

1. БЛАГОДАТ

а. Кое е значењето на благодатта и кому му се нуди? Тит 2:11.

„Благодатта е Божја особина која се манифестира кон човечки суштества кои не ја заслужуваат. Ние не ја баравме, туку беше испратена да нè бара.

Божествената благодат е големиот елемент на спасоносната сила; без тоа сите човечки напори се бескорисни”. – The Faith I Live By, p. 94.

„Благодатта е незаслужен дар. Ангелите, кои ништо не знаат за гревот, не разбираат како е да се има благодат кон нив; но нашата грешност бара манифестација на благодатта од милостивиот Бог. Токму благодатта го испратила нашиот Спасител да нè бара додека скитавме и да нè врати во стадото“. – Selected Messages, bk. 1, pp. 331, 332.

б. На кој начин единствено можеме да бидеме спасени? Ефесјаните 2:8,9.

„Ништо освен (Христовата) праведност не може да ни даде право на еден од благословите од заветот на благодатта... Не смееме да мислиме дека нашите доблести и заслуги ќе нè спасат; Христовата благодат е нашата единствена надеж за спасение“. – Selected Messages, bk. 1, pp. 351.


Понеделник 6. јуни

2. БЛАГОДАТ КОЈА НÈ ОПРАВДУВА

а. Која е основата на нашето оправдување пред Бога? Римјаните 3:24-26.

„Дали сте во Христа? Не сте ако не признаете дека сте заблудени, беспомошни, осудени грешници. Не сте ако се воздигнувате и славите себеси. Ако во вас има нешто добро, тоа може да се припише исклучиво на милоста на сочувствителниот Спасител. Вашето потекло, вашиот углед, вашето богатство, вашите способности, вашите доблести, вашата побожност, вашето човекољубие и сѐ што е во вас, нема да оформи врска помеѓу вашата душа и Христа. Вашата поврзаност со црквата, начинот на кој браќата гледаат на вас, нема да биде ниту од било каква корист ако не верувате во Христа. Не е доволно да верувате за Него, вие морате да верувате во Него. Морате потполно да се потпрете на Неговата спасоносна благодат“. – 5 Сведоштво, 48,49.

б. Кој е моменталниот резултат од оправдувањето? Римј. 5:1-3.

„Кога покајниот грешник, скрушен пред Бога, ќе го признае Христовото помирување во негова корист и ќе ги прифати ова помирување како своја единствена надеж во овој и во идниот живот, неговите гревови се простуваат. Ова е оправдување со вера. Секоја верна душа треба својата волја целосно да ја усогласи со Божјата волја, и да остане во состојба на покајание и скрушеност, да практикува вера во откупувачките заслуги на Искупителот и да напредува од сила во сила, од слава во слава.

Простувањето и оправдувањето се една иста работа. Преку вера, верникот преминува од позиција на бунтовник, дете на гревот и сатаната, во позиција на верен поданик на Исус Христос, не поради неговата вродена добрина, туку затоа што Христос го прифаќа како свое дете преку посвојување. Грешникот добива простување на своите гревови затоа што тие гревови ги сноси неговиот Заменик и Гарант. Господ му вели на својот небесен Отец: ‘Ова е Моето дете. Го ослободувам од смртната казна и со мојот живот му гарантирам вечен живот, затоа што Јас го зазедов неговото место и страдав за неговите гревови. Тој сега е мојот сакан син’. Така човекот, помилуван и облечен во прекрасните облеки на Христовата праведност, стои непорочен пред Бога...

Оправдувањето е спротивно на осудата. Бескрајната Божја милост се покажува кон оние кои не ја заслужуваат целосно. Тој ги простува престапите и гревовите поради Исус, кој стана помирување за нашите гревови. Преку верата во Христа, престапникот добива Божја наклоност и силна надеж за вечен живот“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, pp. 1070, 1071.


Вторник 7. јуни

3. БЛАГОДАТ КОЈА НÈ ПОСВЕТУВА

а. Како може верникот да го победи гревот? Римјаните 6:1,2,14.

„Христовото откупување не е само вешт начин да се простат нашите гревови; тоа е божествен лек за лекување на престапите и обновување на духовното здравје. Тоа е средство од небо одредено со кое ние не само што можеме да ја облечеме Христовата праведност како облека, туку и да ја примиме и во нашите срца и карактери...

Откупнината ја платил нашиот Спасител. Никој повеќе не треба да биде роб на сатаната. Христос стои пред нас како наш божествен пример, како наш семоќен помошник. Ние сме откупени по цена која е невозможно да се пресмета. Кој може да ја измери добрината и милоста на искупителната љубов?...

Нека оние кои го примиле Божјиот отпечаток преку крштевањето ги слушаат овие зборови (2 Коринтјаните 6:14-18), имајќи на ум дека Господ го ставил својот потпис на нив, прогласувајќи ги за свои синови и ќерки.

Отецот, Синот и Светиот Дух, сезнајни и семоќни сили, ги примаат оние кои искрено стапуваат во заветен однос со Бога. Тие присуствуваат на секое крштевање, за да ги примат кандидатите кои се откажале од светот и го примиле Христа во храмот на својата душа. Овие кандидати влегуваат во Божјото семејство и нивните имиња се запишани во книгата на животот на Јагнето“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, pp. 1074, 1075.

б. Како можеме да бидеме сигурни во победата во нашиот духовен живот? 2 Коринтјаните 12:9.

„Без Христовата благодат, грешникот е во безизлезна состојба; ништо не може да се направи за него; но со божествената благодат му се дава натприродна сила... Токму преку давањето на Христовата благодат, гревот се препознава во сите негови гадости и конечно се протерува од храмот на душата. Преку благодатта ние сме доведени во заедница со Христос, за да се вклучиме со Него во делото на спасението“. – God’s Amazing Grace, p. 265.

„Мораме да се потпираме на Исуса секој ден и секој час. Тој ни ветил дека нашата сила ќе трае додека траат нашите денови. Со Неговата благодат ние можеме да ги носиме сите товари на сегашноста и да ги извршиме своите должности“. – 5 Сведоштво, 200.


Среда 8. јуни

4. САМОПРЕДАВАЊЕ

а. Што се случува кога целосно ќе му се предадеме на Христа? Матеј 11:28-30.

„Дали си во искушение? Тој ќе те ослободи. Дали си слаб? Тој ќе те зајакне. Дали си во незнаење? Тој ќе те просветли. Дали си ранет? Тој ќе те исцели. Господ ‘го знае бројот на ѕвездите’ па Сепак, ‘Тој ги лекува оние што се со скршено срце и ги преврзува нивните рани’. (Псалм 147:4,3) ‘Дојдете кај Мене’ е Неговиот повик. Какви и да се вашите стравувања и неволји, изнесете го својот случај пред Господа. Вашиот дух ќе биде засилен да издржи. Пред вас ќе се отвори пат по кој ќе се спасите од засраменоста и тешкотиите. Колку повеќе се чувствувате слаби и немоќни, толку повеќе ќе станете посилни во Неговата сила. Колку се потешки вашите бремиња, толку поблагословен е одморот, кога ќе го ставите товарот врз Носителот на бремињата. Одморот што Христос го дава зависи од услови, но тие услови се јасно одредени. Тоа се услови што сите можат да ги исполнат. Тој точно ни кажува како можеме да најдеме одмор во Него“. – Копнежот на вековите, 329.

б. Колку стануваме силни кога сме поврзани со Исус? Јован 15:5.

„Кога душата ќе му се предаде на Христа, тогаш со новото срце владее нова сила. Се извршува промена која човекот со свои сили никогаш не може да ја оствари. Тоа е целосно натприродна појава, која внесува еден натприроден елемент во човечката природа. Душата што му се предава на Христа станува Негова тврдина, која Тој ја држи во еден бунтовен свет и Тој не сака во неа да се признае некоја друга власт освен Неговата. Душата која се држи така во поседот на небесните сили, е несовладлива за нападите на сатаната. Но ако не се предадеме под контрола на Христа, над нас ќе владее злиот. Неминовно мораме да бидеме под власт на едната или на другата голема сила, кои се борат за превласт во светот. Не е неопходно да избереме служба на царството на темнината за да потпаднеме под нејзина власт. Доволно е само да занемариме да се соединиме со царството на светлината. Ако не соработуваме со небесните сили, сатаната ќе го заземе срцето и ќе го направи свое живеалиште. Единствена одбрана против злото е Христос да престојува во срцето преку вера во Неговата праведност“. – Копнежот на вековите, 324.


Четврток 9. јуни

5. ЖИВОТНА ПОВРЗАНОСТ

а. Како можат грешните луѓе да станат праведни пред Бога? Јован 15:5-8.

„Праведноста која Христос ја проповедал се состои во прилагодување на срцето и животот со откриената Божја волја. Грешните луѓе можат да станат праведни, само ако имаат вера во Бога и одржуваат животна врска со Него. Тогаш вистинската побожност ќе ги возвиши мислите и ќе го облагороди животот. Тогаш надворешните форми на религијата ќе бидат во согласност со внатрешната христијанска чистота. Тогаш обредите што се извршуваат во Божјата служба нема да бидат бесмислени церемонии, како оние на лицемерните фарисеи“. – Копнежот на вековите, 310.

б. Како можеме да останеме во Христа? Јован 15:9-11.

„Поврзаноста на прачката со лозата, рекол Тој, ја претставува врската што вие треба да ја одржувате со Мене. Калемот се калеми на жива прачка и влакно по влакно, жиличка по жиличка зараснува со лозата. Животот на лозата претставува живот на прачката. Така и душата, мртва заради престапот и гревот, добива живот преку врската со Христа. Таа врска се создава со вера во него како во личен Спасител. Грешникот ја обединува својата немоќ со Христовата сила, својата празнина со Христовото изобилство, својата слабост со Христовата неминлива моќ. Тогаш тој добива Христов ум... На тој начин преку Светиот Дух човекот станува учесник во божествената природа и е прифатен во Саканиот.

Тоа единство со Христа, еднаш воспоставено, мора да се одржува. Христос рекол: ‘Бидете во Мене и Јас ќе останам во вас. Како прачката што не може да роди род сама од себе ако не биде на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене’. Тоа не е никаков случаен допир, никаква минлива врска. Гранката станува дел од живата лоза. Пренесувањето на животот, на силата и плодноста од лозата на прачката е непречено и постојано. Ако се одвои од лозата, прачката не може да живее. „Исто така,“ рекол Исус, ‘вие не можете да живеете одвоено од Мене. Животот што го добивте од Мене може да се одржи единствено во заедница со Мене. Без Мене не можете да совладате ниту еден грев, не можете да се спротивставите ниту на едно искушение’“. – Копнежот на вековите, 676.


Петок 10. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е толку важно за нас да ја цениме Божјата благодат?

2. Како искушенијата ме зајакнуваат во моето христијанско искуство?

3. Како неверојатната благодат ме води дома, во небесниот Ханаан?

4. Објаснете ја моќта на целосно предавање на Христа?

5. Зошто Исус се споредува себеси со лоза?

 <<    >>