Недела
29. мај
1. ОТЕЛОТВОРУВАЊЕ
а. Како ангелите ја пренеле веста за Христовото раѓање - и што им заповедал Бог да прават? Лука 2:10,11; Евреите 1:6-8.
„Кога ги слушнале тие зборови, умовите на пастирите биле исполнети со визии на слава. На Израел му дошол Спасителот! Неговото доаѓање за нив значело сила, издигнување, победа. Меѓутоа, ангелот морал да ги подготви да го препознаат Својот Спасител во сиромаштија и понижување“. – Копнежот на вековите, 47.
б. Како било проречено Христовото раѓање? Исаија 7:14; Матеј 1:22,23.
„(Исус) дошол за да ја покаже на нашиот свет таа слава. Дошол на оваа, од грев замрачена Земја, за да ја открие Светлината на Божјата љубов да биде ‘Бог со нас’. Затоа за Него е пророкувано: ‘И ќе го наречат Емануел’“. – Копнежот на вековите, 19.
Понеделник
30. мај
2. СОВРШЕН ЖИВОТ
а. Што ни е кажано за целиот Христов живот на земјата? Исаија 53:2-4; Лука 4:18,19; Дела 10:38.
„Целиот (Христов) живот бил вовед во Неговата смрт на крстот. Неговиот карактер бил живот на послушност кон сите Божји заповеди и требало да биде пример за сите луѓе на земјата. Со својот живот Тој го одржал законот во човечкото тело. Овој закон Адам го прекршил, но Христос со својата совршена послушност на законот, го откупил срамниот неуспех и падот на Адам“. – Fundamentals of Christian Education, p. 382.
„Христос, одраз на славата на Отецот, дошол на светот да биде светлина на светот. Дошол на луѓето да им го прикаже Бога“. – Христовите поуки, 416.
„Каде и да одел, Христос на Својот пат делел благослови. Колкумина од оние кои тврдат дека веруваат во Него ги научиле Неговите поуки за љубезноста, нежното сочувство и несебичната љубов?... Неговото трпение било неисцрпно, а Неговата љубов неограничена.
Христос нè повикува трпеливо и истрајно да се залагаме за илјадници што пропаѓаат во своите гревови, распрскани по сите земји како остатоци од брод на пуст брег“. – 9 Сведоштво, 31.
б. На крајот на Христовата мисија на земјата, што рекол Тој за Себе, и како тоа и нам може да ни биде од корист? Јован 8:46.
„Светиот Божји Син бил единствениот кој имал доволна вредност во целост да ги задоволи барањата на Божјиот совршен закон...
Тој бил единствениот кој одел по земјата како човек и кој можел да им каже на сите луѓе: ‘Кој од вас Ме обвинува за грев?’ Тој, заедно со Отецот, учествувал во создавањето на човекот и имал моќ преку своето божествено совршенство на карактерот да го искупи гревот на човекот, да го подигне и да му го врати неговото првобитно достоинство“. – Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 10.
Вторник
31. мај
3. ТОЈ УМРЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИОТ РОД
а. Опишете ја кулминацијата на евангелието и неговото влијание. 1 Коринтјаните 15:3.
„Висејќи на крстот, Христос бил евангелие... Ако успееме да разбудиме интерес во умовите на луѓето и да ги натераме да погледнат кон Христос, можеме да се тргнеме настрана и да ги замолиме само да продолжат да гледаат кон Божјото Јагне. На тој начин ќе ја примат поуката: ‘Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи’. Оној, чии очи постојано се вперени во Исус ќе остави сè. Ќе умре за себичноста. Тој ќе верува во сето слово Божјо, кое е толку славно и чудесно возвишено во Христа“. – Manuscript Releases, vol. 21, p. 37.
„Синот Божји бил отфрлен и презрен заради нас. Можеш ли, имајќи го во предвид крстот, гледајќи ги со очите на верата Христовите страдања, да зборуваш за твоите неволји, за твоите искушенија? Можеш ли во своето срце да негуваш омраза кон твоите непријатели додека Христовата молитва излегува од Неговите бледи и растреперени усни за Неговите хулители, за Неговите убијци: ‘Оче, прости им, зашто не знаат што прават’ (Лука 23:34)?“ – That I May Know Him, p. 65.
б. Кој е единствениот начин на кој некој може вечно да се спаси? Исаија 45:22; Јован 3:14-16,36; 2. Коринтјаните 5:21.
„(Христос) бил без вина, но ја поднел казната на виновниците. Бил невин, но сепак се понудил себеси како замена за престапникот. Вината за секој грев се спуштила со сета своја тежина врз божествената душа на Откупителот на светот. Злите мисли, лошите зборови и лошите дела на секој син и ќерка на Адам, навлекле одмазда врз Него, затоа што Тој станал замена на човекот. Иако вината за гревот не била Негова, Неговиот дух бил растргнат и ранет од човечките престапи, и Оној кој не знаел за грев, станал грев за нас, за да можеме да станеме Божја праведност во Него“. – Selected Messages, bk. 1, p. 322.
„ Христовата смрт претставува доказ за големата Божја љубов кон човекот. Таа е залог и гаранција на нашето спасение. Да се отстрани крстот од христијанинот би значело исто што и да се отстрани сонцето од небото. Крстот нас нè води поблизу до Бога, нè помирува со него. Со длабоко чувство на татковска љубов Јехова ги гледа патилата и маките што ги претрпел неговиот Син на крстот за да го спаси човечкиот род од вечна смрт и да нè прими ‘во љубениот’“. – Делата на апостолите, 209.
Среда
1. јуни
4. ТОЈ ВОСКРЕСНА
а. Какви прекрасни вести добиле Марија Магдалена и другите жени од ангелите? Лука 24:5-8.
„(Жените) само што сакале да побегнат, зборовите на ангелот ги запреле нивните чекори. Тој рекол: ‘Не плашете се; Знам дека Го барате Исуса распнатиот. Тој не е овде, зашто воскресна како што кажа. Дојдете и видете го местото каде што Господ лежеше, па одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека тој воскресна од мртвите’. Повторно погледнале во гробот и повторно ја слушнале прекрасната вест. Тука се наоѓал уште еден ангел во човечки лик и тој рекол: „Зошто го барате живиот меѓу мртвите? Тој не е овде, туку воскресна.’
Тој воскреснал, Тој воскреснал! Жените постојано ги повторувале тие зборови. Сега веќе не се потребни мириси за помазување. Спасителот е жив, и не е мртов. Сега се сетиле дека Исус, кога зборувал за Својата смрт, рекол и дека ќе воскресне. Колку бил прекрасен тој ден за овој свет! Жените брзо заминале од гробот и ‘со страв и со голема радост потрчаа да им го јават тоа на Неговите ученици’“. – Копнежот на вековите, 789.
б. Колку е важно Христовото воскресение за планот на спасението? 1 Коринтјаните 15:4,12-20.
„Апостолот со сила на длабока убедливост ја изложил големата вистина за воскресението (1 Коринтјаните 15:13-20).
Мислите на Коринтјаните апостолот ги насочил кон победоносната зора на воскресението, кога сите умрени свети ќе станат за вечно да живеат со Господа“. – Делата на апостолите, 320.
„Во Библијата читаме за Исусовото воскресение од мртвите; но дали се однесуваме како да веруваме во тоа? Дали веруваме дека Исус е живиот Спасител, дека не лежи во новиот гроб на Јосиф, со голем камен на влезот, туку дека воскреснал од мртвите, се искачил на височините, го грабнал пленот и им дал добри дарови на луѓето? Таму, во небесниот суд, Тој се залага за нашиот случај. Тој е таму затоа што ни треба пријател во небесниот двор, некој кој ќе биде наш застапник и посредник. Тогаш да се радуваме на тоа. За сè што имаме треба да го славиме Бога. Многумина судат за нивната верска состојба според нивните чувства; но ова не е безбеден критериум. Нашиот христијански живот не зависи од нашите чувства, туку од тоа дали ја имаме вистинската поддршка одозгора“. – The Review and Herald, March 8, 1892.
Четврток
2. јуни
5. ТОЈ БИЛ ВИДЕН
а. Колку луѓе биле сведоци на Христовото воскресение? Матеј 27:52-54; 1 Коринтјаните 15:5-8.
„Кога Христос воскреснал, извел многу заробеници од гробот. Земјотресот при Неговата смрт ги отворил гробовите и кога Тој воскреснал, тие излегле со Него. Тоа некогаш биле Божји соработници, кои по цена на сопствениот живот, сведочеле за вистината. Сега требало да бидат сведоци за Оној, Кој ги воскреснал од мртвите...
Тие отишле во градот и се појавиле на многумина, зборувајќи: ‘Христос воскресна од мртвите и ние сме подигнати со Него’. Така била овековечена светата вистина за воскресението“. – Копнежот на вековите, 786.
б. Што им е ветено на сите верни верници? 1 Коринтјаните 15:51-55; 1 Солунјаните 4:13-18.
„Исус рекол: ‘Јас сум воскресението и животот’. Во Христа се наоѓа живот исконски, непозајмен, ненаследен. ‘Кој го има Синот, има живот’ (1. Јованово 5:12). Христовото божество е уверување на верникот за вечен живот. Исус рекол: ‘Кој верува во Мене, и ако умре, ќе живее. И ниту еден што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?’ Овде Христос мисли на времето на Своето второ доаѓање. Тогаш мртвите праведници ќе воскреснат како нераспадливи, а живите праведници ќе се преобразат и вознесат на Небото, не вкусувајќи смрт“. – Копнежот на вековите, 530.
Петок
3. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што нè учи Христовото отелотворување за понизноста?
2. Како може мојот живот поцелосно да го одразува животот на мојот Господ?
3. Како сцените на распнувањето треба да влијаат на мојот став?
4. Како треба Христовото воскресение да влијае на мојот став?
5. Што треба да сфатиме за важноста на Христовата божествена природа?