Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 16. април 2022.

Неморал во црквата

„Не лажете се: ни блудниците, ниту идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни разбојниците нема да го наследат царството Божјо“ (1 Коринтјаните 6:9,10).

„Како може некој кој ја има драгоцената, свечена порака за ова време да се препушти на нечисти мисли и безбожни дела, кога знае дека Оној кој никогаш не дреме и никогаш не спие, ја гледа секоја постапка и ја чита секоја мисла на умот? О, токму поради тоа што во Божјиот народ се наоѓа беззаконието, Тој може да направи толку малку за нив“. –Testimonies to Ministers, pp. 430, 431.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Lift Him Up, p. 297

Недела 10. април

1. МОРАЛНАТА СОСТОЈБА НА СВЕТОТ

а. Каква тажна слика прикажува Павле за последните денови? 2 Тимотеј 3:1-5.

„Беззаконието кое преовладува не е ограничено само на неверниците и потсмевачите. Би сакала да е така, но не е. Грешат многу мажи и жени кои ја исповедаат Христовата вера. Дури и некои кои тврдат дека го очекуваат Христовото доаѓање не се поподготвени за овој настан од самиот сатана. Тие не се чистат од сета нечистотија. Тие толку многу им се препуштиле на своите желби што е природно нивните мисли да бидат нечисти, а нивната имагинација да биде расипана“. – Counsels on Health, p. 615.

б. Кој ќе може да го види Бога, благодарение на Неговата прекрасна милост? Матеј 5:8.

„Но Исусовите зборови: ‘Блажени се чистите по срце’ имаат едно подлабоко значење. Не станува збор само за чисто срце во онаа смисла во која светот ја сфаќа чистотата, имено да биде слободен од сè што е сетилно, неизвалкан со телесните уживања, туку да биде искрен и во најскриените намери и мотиви на срцето, без гордост и самољубие, скромен, несебичен, сличен на дете“. – Мисли од гората, 25.


Понеделник 11. април

2. КОРИНТ

а. Колку бил озлогласен градот Коринт во однос на моралот?

„Уште од почеток на својата работа на тој крстопат Павле на сите страни гледал сериозни пречки за напредок на своето дело. Населението речиси без исклучок било оддадено на идолопоклонство. Венера била омилена божица, а со обожавањето на Венера биле поврзани многу неморални обреди и церемонии. Коринтјаните дури и меѓу незнабошците се истакнувале со својот длабок неморал. Тие не мислеле ниту пак се грижеле за нешто друго освен за моментните задоволства и забави“. – Делата на апостолите, 243,244.

б. Колку сериозно била погодена црквата во Коринт од незнабожечката средина? 1 Коринтјаните 5:1,2.

„Меѓутоа, по заминувањето на Павле, настапиле неповолни околности. Среде пченицата се појавил какол што го посеал непријателот и набргу тоа донело лош плод. Тоа било тешко време на искушение за коринтската црква. Апостолот не бил веќе меѓу нив да ги поттикнува кон ревност и да им помага при настојувањето да живеат сообразно со Божјата волја. Тие постепено станале безгрижни и рамнодушни и дозволиле со нив да завладеат вкусот и телесните склоности. Оној, кој толку често ги повикувал да ги прифатат возвишените идеали на чистотата и чесноста, не бил веќе меѓу нив, и голем број од верниците кои во времето кога се обратиле ги отфрлиле лошите навики, сега се вратиле на понижувачките гревови на незнабоштвото“. – Делата на апостолите, 299,300.

в. Што изјавил апостол Павле за неморалниот човек — и како ја изнел причината за исклучување од црковната заедница на оној кој отворено греши? 1 Коринтјаните 5:3-8.

„Павле концизно ѝ пишал на црквата опоменувајќи ги верниците да не се дружат со оние кои живеат разуздано и растурливо, но многу верници ја изопачиле смислата на неговата порака, си се играле со зборовите и изнаоѓале оправдување што не го прифатиле даденото упатство“. – Делата на апостолите, 300.


Вторник 12. април

3. ОДВОЈУВАЊЕТО Е АПСОЛУТНО ПОТРЕБНО

а. Кој е основниот услов Божјите деца да бидат ослободени од моралната изопаченост? 2 Коринтјаните 6:14-18. Во исто време, како можеме да допреме до луѓето со Христовото евангелие?

„Со тоа што се дружеле со идолопоклониците и што учествувале во нивните свечености, Евреите биле наведени на престап на Божјиот закон и така навлекле казна врз својот народ. И денеска сатаната има најмногу успех кога ги мами Христовите следбеници на грев и кога ќе ги наведе да се дружат со грешниците и да уживаат во нивните задоволства. ‘Затоа излезете од нивната средина и одделете се!’ Вели Господ, и ‘Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам’ (2. Коринтјаните 6:17). Бог и денеска бара од својот народ јасно да се разликува од другиот свет во своите навики, во моралот и во начелата, како што го барал тоа во старо време од Израел. Доколку верно се придржува кон неговата наука, таа разлика ќе постои - не може поинаку. Опомените упатени во тоа време до Евреите да не се мешаат со незнабошците, не се помалку непосредни и јасни од опомените кои на Христијаните им забрануваат да се прилагодуваат кон духот и обичаите на неверниците. Христос ни порачува: ‘Не љубете го светот и сè што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот’ (1. Јованово 2:15). ‘Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога’ (Јаков 4:4). Христовите следбеници мора да се изделат од грешниците и нивното друштво да го бараат само како можност да им прават добро. Мораме решително да го одбегнуваме друштвото на оние што се трудат да нè одделат од Бога. И додека ја изговараме молитвата, ‘не воведувај нè во искушение’, треба и сами, колку што можеме да ги одбегнуваме напастите и искушенијата“. – Патријарси и пророци, 458,459.

б. Кои се Павловите упатства за оние кои живеат во отворен грев во црквата? 1 Коринтјаните 5:9-13.

„Христовиот пример забранува ексклузивност при Господовата вечера. Вистина е дека јавниот грев го исклучува виновникот. Светиот Дух јасно го учи тоа (1. Коринтјаните 5:11). Меѓутоа, повеќе од тоа никој не смее да изрече суд. Бог не им дозволил на луѓето да одлучуваат за тоа кој треба да присуствува во вакви прилики, зашто кој може да го чита срцето? Кој може да го разликува каколот од житото? ‘Секој нека се испита себеси, па потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата’. Зашто ‘секој што недостојно го јаде овој леб и недостојно ја пие оваа чаша Господова, ќе биде виновен за телото и за крвта Господова’. ‘Зашто кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово’ (1. Коринтјаните 11:28,27,29)“. – Копнежот на вековите, 656.


Среда 13. април

4. ЦРКОВНА ДИСЦИПЛИНА

а. Кои јасни упатства се дадени во врска грешниците? Изреки 25:8,9; Матеј 18:15.

„Во справувањето со грешните членови на црквата, Божјиот народ треба внимателно да ги следи упатствата дадени од Спасителот во осумнаесеттото поглавје од Евангелието по Матеј (види Матеј 18:15-18)...

Не кажувај им на другите за грешката. Ако се пренесе на еден човек, ќе дознае и другиот, третиот, гласот ќе се шири и злото ќе се зголемува, додека целата црква не биде засегната. Решете го прашањето ‘меѓу тебе и него’. Ова е Божјиот план...

Не трпи грев на својот брат, но не разоткривај го и со тоа не зголемувајте ги тешкотиите, правејќи го укорот да изгледа како одмазда. Поправете го на начин опишан во Божјата Реч“. – Gospel Workers, pp. 498, 499.

„(Матеј 18:15). Ако ги игнорираш Христовите зборови, и одиш во искри што самиот си ги запалил, нема да успееш да ја прикажеш праведноста и ќе паднеш под влијанието на волшебната моќ на сатаната“. – The Review and Herald, August 16, 1892.

б. Ако - и само ако - првиот чекор не успее, кој е следниот чекор во процесот на враќање на членот кој греши? Матеј 18:16.

„Земете ги со себе оние кои се духовно настроени и разговарајте со престапникот за грешката. Можеби тој ќе попушти пред обединетите апели на неговите браќа. Кога ќе ја види нивната согласност по ова прашање, неговиот ум можеби ќе се просветли“. – Gospel Workers, p. 500.

в. Ако - и само ако - првите два чекори не успеат, кој е следниот чекор во однос на оној што кој греши? Матеј 18:17,18.

„’Ако, пак, не ги послуша и нив’, што да се прави тогаш? Дали неколку членови на состанокот на одборот треба да ја преземат на себе одговорноста да го исклучат престапникот? ’Ако, пак, не ги послуша и нив, кажи и на црквата’. Нека црквата преземе мерки во однос на нејзините членови...

Ако не го послуша гласот на црквата, ако ги одбие сите напори направени за негово враќање, одговорноста да го одвои од заедништвото ја сноси црквата. Неговото име потоа треба биде избришано од книгите“. – Gospel Workers, p. 500,501.


Четврток 14. април

5. ЦРКОВНА ДИСЦИПЛИНА (ПРОДОЛЖЕНИЕ)

а. Што треба да научиме од начинот на кој Коринтската црква требало отворено и решително да се справи со отворениот престап? 1 Коринтјаните 5:12,13.

„Сè додека верно не се следат упатствата од Христос, ниту еден црковен службеник не треба да советува, ниту еден одбор не треба да препорача, ниту пак некоја црква треба да гласа името на престапникот да се избрише од црковните книги. Само кога сето ова ќе се запази, црквата ќе биде исправна пред Бога“. – Gospel Workers, p. 501.

„Кога секое упатство дадено од Христос ќе се изврши во вистински, христијански дух, тогаш, и само тогаш, небото ја потврдува одлуката на црквата, бидејќи нејзините членови го имаат Христовиот ум и постапуваат како што Тој би постапил доколку би бил на земјата“. – Selected Messages, bk. 3, p. 22.

„Кога некои членови на црквата би постапувале како вистински следбеници на кроткиот и понизен Спасител, би имало помалку прикривање и оправдување на гревот. Сите ќе се трудат да живеат како да се во присуство на Бога“. – 5 Сведоштво, 147.

„Христос јасно учел дека оние кои упорно и отворено грешат, мора да бидат одвоени од црквата, но Тој не ни ја предал нам задачата да ги оценуваме карактерите и побудите на луѓето. Тој премногу добро ја познава нашата природа за да ни ја довери оваа задача. Кога би се обиделе од црквата да ги искорениме оние што ги сметаме за лажни христијани, сигурно ќе направиме грешки. Честопати ги прогласуваме за безнадежни случаи токму оние што Христос сака да ги привлече кон Себе. Кога ние би се справувале со овие души и нивниот случај би го решавале сообразно со нашите несовршени расудувања, можеби би им ја згаснале и последната надеж. Мнозина кои себеси се сметаат за христијани на крај ќе бидат прогласени како лесни. Многумина ќе бидат во рајот за кој соседите претпоставувале дека никогаш нема да влезат. Човекот суди според изгледот, но Бог суди според срцето. Каколот и пченицата треба да растат заедно до жетвата; а жетвата е крај на времето за проверка“. – Христовите поуки, 71,72.


Петок 15. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Опишете ја длабочината на чистотата што Бог сака да ја всади во секој од нас.

2. Зошто мора сериозно да се постапува со отворениот престап на Божјиот закон?

3. Која треба да ни биде целта кога се справуваме со грешното однесување?

4. Каков треба да биде мојот став и што треба да правам кога ќе видам дека некој прави нешто погрешно?

5. Кога е потребна црковна дисциплина и можно исклучување од црквата?

 <<    >>