Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
  Сабота, 7. мај 2022.

Дар во првата сабота за Мисиите во светот

„Но близу е крајот на сè... Војводата на нашето спасение вели: ‘Напред! Доаѓа ноќта, кога никој не може да работи’“. - Мојот живот денес, 109.

Делото на објавување на вечното Евангелие до целиот свет кој се наоѓа во конфузијата на Вавилон е нашиот сегашен повик. Света должност на секој човек е да ја прифати тројната ангелска порака. Каква привилегија е ова – но сепак, има уште многу да се направи!

До моментот на пишување на овие лекции, Универзалната поштенска унија наведува 191. нација и територии во својот систем, а Обединетите нации признаваат 195 земји во светот. Колку луѓе во ова мноштво сè уште не ја примиле сегашната вистина која може да ги спаси нивните души? Апостолот нѐ потсетува: „Зашто некои од вас не знаат за Бога - за ваш срам го велам ова“ (1. Коринтјаните 15:34). „Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?“ (Римјаните 10:14). Никој од нас не може да ја пренесе вистината до сите во светот. Но, во силата на Светиот Дух, секој од нас може да направи нешто.

„Секому што ќе го прифати евангелието му е дадена света вистина да му ја објавува на светот. Верниот, и на Бога предан народ, секогаш претставувал активен мисионер кој своите средства ѝ ги посветувал на честа на неговото име и мудро ги употребувал своите лични способности во Неговата служба....

Секој што го примил Христа е повикан да работи за спасението на своите ближни... Со налогот да се упатува овој повик е опфатена целата црква...

Бог одамна чека дух на ревносна служба да ја проникне целата црква и секој верник да работи за него според своите способности. Ако верниците на Божјата црква го исполнуваат налогот на евангелието, ако ја извршуваат должноста што им е наменета, таму каде што е потребно, во својата земја или во странство, набргу цел свет ќе биде предупреден и Господ Исус повторно ќе дојде со голема сила и слава“. - Делата на апостолите, 109-111.

Со денешниот дар во првата сабота за мисиите во светот, Господ нека ги раздвижи нашите срца и нека ни помогне да го цениме овој начин на соработка во прекрасното дело на спасението - преку нашите великодушни дарови.

Мисионерски оддел на Генералната конференција

 <<    >>