Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 28. мај 2022.

„Уште подобар пат“

„И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот... Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот“ (Римјаните 13:8,10).

„Без оглед на тоа колку сесрдно ја исповеда верата, човекот, чиешто срце не е исполнето со љубов кон Бога и кон ближните, не е вистински Христов ученик“. – Делата на апостолите, 318.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 318,319. 

Недела 22. мај

1. НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД

а. Што го прашал Христа познавачот на Законот, и зошто? Матеј 22:36.

„Фарисеите ги возвишиле првите четири заповеди, кои укажуваат на должноста на човекот кон Творецот, како да имаат многу поголемо значење од останатите шест, кои ги одредуваат должностите на човекот кон ближните. Поради тоа, на нив мошне многу им недостигала практична побожност. Исус им укажал на луѓето на нивниот голем недостаток и ги поучувал за неопходноста на добри дела, велејќи дека дрвото се познава според своите плодови. Од таа причина, тие Го обвиниле дека ги издига вторите шест заповеди над првите четири“. – Копнежот на вековите, 606.

б. Како Христос ги сумирал начелата на законот? Матеј 22:37-40.

„Првите четири од Десетте заповеди се сумирани во таа единствена голема заповед: ‘Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце’. Последните шест се опфатени со другата заповед: ‘Љуби го својот ближен како самиот себеси’. Двете заповеди се израз на начелата на љубовта. Невозможно е да се држи првата, а втората да се престапува, ниту да се држи втората, а првата да се престапува. Ако Бог се наоѓа на местото што му припаѓа, ако се наоѓа на престолот на срцето, тогаш и нашиот ближен го добива местото што му припаѓа. Тогаш го љубиме како самите себеси. Само ако Го љубиме Бога над сѐ, можеме непристрасно да ги љубиме своите ближни“. – Копнежот на вековите, 607.


Понеделник 23. мај

2. ОСНОВНО НАЧЕЛО НА ЗАКОНОТ

а. Како Павле го објаснува начинот на кој го исполнуваме законот? Римјаните 13:8-10.

„Правдата е светост, сличност со Бога, а ‘Бог е љубов’ (1. Јованово 4:16). Таа е во согласност со Божјиот Закон ‘зашто сите Твои заповеди се праведни’ (Псалм 119:172), а ‘љубовта е исполнување на Законот’ (Римјаните 13:10). Правдата е љубов, а љубовта е светлина и живот Божји. Божјата правда е отелотворена во Христа. Примајќи го Него, ја примаме и правдата“. – Мисли од гората, 18.

б. Како можеме да имаме вистинска љубов? 1 Јованово 4:19.

„Оние кои не знаат од лично искуство што значи нежната и привлечна Христова љубов, не можат ниту другите да ги доведат до тој извор на животот. Неговата љубов во срцето е движечка сила која луѓето просто ги гони да го објавуваат Христа со своите разговори, со својот нежен сочувствителен дух, настојувајќи да ги облагородат оние со кои се дружат. За да имаат вистински успех, христијанските работници мора да го познаваат Христа; а за да го запознаат него, мора да ја знаат Неговата волја и Неговата љубов. На небото корисноста на работниците се мери со нивната способност и подготвеност да сакаат како што сакал Христос и да работат како што работел Тој“. – Делата на апостолите, 550.

в. Кое е божественото ветување на Новиот завет? Евреите 8:10-12. Кога е запишан Божјиот закон во нашето срце? Римјаните 5:1,5.

„Прифаќањето на Христа му дава вредност на човечкото битие. Неговата жртва носи живот и светлина на сите кои го прифаќаат Христа како свој личен Спасител. Божјата љубов преку Исус Христос изобилно се шири во срцето на секој член на Неговото тело, носејќи ја со себе животната сила на законот на Бога Отецот. Така Бог може да живее со човекот, а човекот може да живее со Бога“. – Selected Messages, bk. 1, pp. 299, 300.

„Во новиот и подобар завет, Христос го исполнил законот за престапниците на законот, доколку Го примат со вера како личен Спасител... Милоста и простувањето се наградата за сите кои доаѓаат кај Христа, верувајќи во Неговите заслуги дека ги зема нивните гревови. Преку подобриот завет ние сме очистени од гревот со Христовата крв“. – That I May Know Him, p. 299.


Вторник 24. мај

3. СУШТИНСКАТА ПРИРОДА НА ЉУБОВТА

а. Како Павле ја објаснува исклучителната важност на божествената љубов во нашето срце? 1 Коринтјаните 13:1-3.

„Без оглед на тоа колку сесрдно ја исповеда верата, човекот, чиешто срце не е исполнето со љубов кон Бога и кон ближните, не е вистински Христов ученик. И ако има силна вера, дури и моќ да прави чуда, а ако нема љубов, неговата вера е безвредносна. Таквиот човек може да биде мошне дарежлив; но кога од некоја друга побуда, а не од вистинска љубов, би го разделил сиот свој имот за да ги нахрани сиромасите, со таа постапка сепак не би заслужил Божјо признание. Таквиот човек во своето одушевување би можел дури и да умре со смрт на маченик, но ако на тоа не би го поттикнала љубов, Бог би го сметал за заблуден занесеник или за славољубив лицемер“. – Делата на апостолите, 318,319.

б. Кои особини Павле и ги припишува на љубовта? 1 Коринтјаните 13:4-7.

„Најчиста радост произлегува од најдлабоката понизност. Најсилните и најблагородните карактери се изградени врз темелите на трпението, љубовта и потчинувањето на Божјата волја...

Христијанската љубов создава најповолни претпоставки за побудите и постапките на другите. Таа не укажува без потреба на нивните грешки, не слуша радо неповолни гласови, туку се труди да потсети на добрите особини на другите.

‘Љубовта не ѝ се радува на „неправдата, туку се радува со вистината; премолчува сè , на сè верува, на сè се надева, сè поднесува’. Таа никогаш не може да ја загуби својата вредност; таа е небесна особина. Оној што ја има ќе ја внесе како најскапоцено богатство и низ вратата на Божјиот град“. – Делата на апостолите, 319.

в. Колку е делотворна и трајна божествената љубов? 1 Коринтјаните 13:8.

„Најубав подарок што може да ни го даде нашиот небесен Отец е возвишената љубов кон Бога и несебичната меѓусебна љубов. Таа љубов не е некоја моментна побуда, туку божествено начело, постојана сила. Таа не може да се роди во едно непосветено срце. Таа е присутна само во срцето во кое владее Христос“. – Делата на апостолите, 551.


Среда 25. мај

4. НЕОПХОДЕН УСЛОВ ЗА СЛУЖБА

а. Какво прашање му поставил Христос на Петар пред да го врати во службата? Јован 21:15-17.

„Христос на Петар му спомнал само еден услов за службата – ‘ме љубиш ли?’ Тоа е најсуштествена квалификација. Петар можел да ги има сите други особини, но без љубов кон Христа не би можел да биде верен пастир на Божјото стадо. Знаењето, добродушноста, речитоста, трудољубивото ревнување - сето тоа се особини неопходни за добро на делото; но без Христова љубов во срцето, делото на христијанскиот проповедник претставува само промашување.

Христовата љубов не е некакво непостојано чувство, туку живо начело кое мора да се покажува како непреодолива сила на срцето. Ако карактерот и однесувањето на еден потпастир се сообразени со вистините што ги проповеда, тогаш Господ врз неговото дело става печат на свое одобрување. Пастирот и стадото стануваат едно, обединети со заедничка надеж во Христа“. – Делата на апостолите, 515,516.

б. Зошто Христос трипати му го повторил истото прашање на Петар? Јован 13:36-38; 18:17, 25–27.

„Три пати Петар отворено се откажал од својот Господ и три пати Исус добил од него цврсто уверување за неговата љубов и лојалност, упатувајќи му го тоа прашање, како остра стрела во неговото рането срце. Пред насобраните ученици, Исус ја открил длабочината на Петровото покајание и покажал колку длабоко се понизил ученикот кој некогаш се фалел.

Петар по природа бил брз и избувлив и сатаната ги користел тие негови особини за да го совлада. Непосредно пред Петар да падне, Исус му рекол: ‘Еве, сатаната посака да може да ве просее како пченица, но Јас се молев за тебе твојата вера да не ослабне. А ти, кога ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа’. (Лука 22:31,32) Тоа време сега настапило и преобразувањето на Петар било очигледно. На отворените и толку болно поставени прашања, Учителот сега не добил ниту еден единствен непромислен и самоуверен одговор. Поради таа своја понизност и покајание, Петар бил подобро од кога било подготвен да делува како пастир на стадото...

Пред својот пад, Петар секогаш зборувал непромислено, според моменталната побуда. Секогаш бил подготвен да ги коригира другите и да донесува свој суд пред да има јасна претстава за себе или за она што треба да го каже. Меѓутоа, обратениот Петар бил многу поинаков. Тој го сочувал својот поранешен жар, но Христовата благодат правилно ја насочила неговата ревност“. – Копнежот на вековите, 812.


Четврток 26. мај

5. НОВА ЗАПОВЕДА

а. Иако несебичната љубов е вечна како и Бог, зошто била наречена „нова“? Јован 13:34.

„На последната средба со своите ученици, Исус изразил голема желба да се љубат еден со друг како што ги љуби Тој. Тој многупати зборувал за тоа. ‘Оваа заповед ви ја давам,’ повторувал Тој, ‘да се љубите еден со друг’. Кога биле сами со Него во горната соба, Неговиот прв налог бил: ‘Нова заповед ви давам: Да се љубите еден со друг, како јас што ве љубев вас, така и вие љубете се еден со друг’. За учениците оваа заповед била нова заради тоа што тие не се љубеле еден со друг онака како што Христос ги љубел нив. Тој видел дека со нив мораат да завладеат целосно нови идеи и нови побуди, дека мораат да спроведуваат нови начела во животот, преку Неговиот живот и смрт требало да стекнат поинаква претстава и нов поим за љубовта. Во Светлината на Неговата жртва, заповедта да се љубат еден со друг добила ново значење. Целокупното дело на благодатта е една постојана служба на љубов, самооткажување, еден постојан напор на самопожртвување. Божјата љубов се излевала преку Христа како незапирлива река за цело време на Неговиот престој на Земјата. Сите оние што се исполнети со Неговиот Дух ќе љубат онака како што љубел Тој. Во сите свои меѓусебни односи ќе се раководат според начелото со кое се раководел Христос“. – Копнежот на вековите, 677,678.

б. Каков ќе биде резултатот од оваа љубов покажана во црквата? Матеј 24:14.

„ Христос на својата црква ѝ доверил света задача. Секој верник треба да претставува канал низ кој Бог Христовото свето и безмерно богатство на својата милост може да ја излева врз овој свет. Повеќе од што било друго, Спасителот сака човечките орудија да бидат претставници кои пред овој свет ќе го откријат неговиот карактер и неговиот Дух. На светот ништо не му е толку потребно како објавувањето на љубовта на Спасителот преку човечките орудија. Цело небо со копнеж бара мажи и жени преку кои Бог ќе може да ја открие силата на христијанството“. – Делата на апостолите, 600.


Петок 27. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што нè учи втората камена плоча од Десетте заповеди?

2. Зошто можам да се радувам на добрата вест од Новиот завет?

3. Со кои карактеристики на љубовта треба поцелосно да бидам проникнат?

4. Која важна особина сакал Исус да ја поседува Петар во својата служба?

5. Што ќе се случи со мене кога ќе бидам проникнат со Христовиот Дух?

 <<    >>