Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
1. лекција Сабота, 2. април 2022.

Единство во различноста

„За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил“ (Јован 17:21).

„Проповедањето на евангелието требало да се прошири на цел свет и гласниците на крстот не можеле да се надеваат дека ќе ја извршат својата значајна мисија ако другите не бидат соединети со врските на христијанското единство, покажувајќи му со тоа на светот дека се соединети со Христа во Бога“. – Делата на апостолите, 90.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Evangelism, pp. 98–107. 

Недела 27. март

1. ОДГОВОР НА ХРИСТОВАТА МОЛИТВА

а. Која посебна молба Христос му упатил на својот Отец во Својата посредничка молитва? Јован 17:11,14,21-23.

б. Кој е пресудниот услов за да се постигне единство меѓу браќата? Исаија 45:22; Евреите 12:1,2.

„Нивниот духовен живот и сила зависеле од тесната поврзаност со Оној кој им дал налог да го проповедаат евангелието.

Само целосно соединети со Христа учениците можеле да очекуваат да ги придружува сила на Светиот Дух и небесните ангели да соработуваат со нив“. – Делата на апостолите, 90,91.

„Ние треба да бидеме како едно, и за ова свето единство треба да размислуваме и да го негуваме во црквата Божја, а стремежот на секој од нас треба да биде исполнување на Христовата молитва. Ние треба да ја истераме секоја зла мисла кон нашите браќа“. – The Review and Herald, August 16, 1892.


Понеделник 28. март

2. НАДМИНУВАЊЕ НА ПОДЕЛБИТЕ

а. Како да ги надминеме поделбите во семејството и црквата? Јован 15:4.

„Одвојувањето од Христа е причина за поделба и раздор во семејството и црквата. Приближете се еден кон друг. Тајната на вистинското единство во црквата и во семејството не се постигнува ниту со дипломатија, ниту со господарење, ниту со вложување на натчовечки напори за отстранување на тешкотиите иако треба и тоа често да се направи туку во заедница со Христа.

Замислете еден голем круг, од чии рабови одат прави кон средината. Колку тие прави повеќе се приближуваат, толку се поблиску една до друга.

Така е и во христијанскиот живот. Колку повеќе се приближуваме до Христа, толку ќе бидеме поблиски еден до друг. Бог се прославува, кога Неговиот народ се соединува во заедничка работа“. – Адвентен дом, 179.

б. Како можеме да гледаме на Христа додека Тој посредува за нас во небесното светилиште? Јован 5:39,40; 17:3.

„Оној кој со сето срце настојува да му служи на Бога, наоѓа можности да сведочи за Него. Тешкотиите се немоќни да го спречат оној кој решил пред сè друго да го бара Божјото царство и Неговата правда. Во силата што ја стекнува верникот со молитва и со проучување на Божјата реч, тој се стреми кон доблестите и се откажува од пороците. Насочувајќи ги очите кон Исуса, кој ја почнува и ја усовршува верата, кој поднел толку големо противење од страна на грешниците - верникот радо се изложува на презир и потсмев. А помош и милост, доволна во сите околности, му ветува Оној чијшто збор е вечна вистина. Неговите, секогаш сигурни раце, цврсто ја држат во своите прегратки душата која му се обраќа за помош. Свесни за Неговата грижа за нас, можеме да бидеме сигурни и спокојно да кажеме: ‘Во денот кога страв ме обзеде, јас тебе ти се доверувам’ (Псалм 56:3). На сите што се надеваат во Него, Бог им ги исполнува своите ветувања“. – Делата на апостолите, 467.

„Само преку познавање на Христа можеме да го спознаеме Бога. Оној што е испратен од Бога ги повикува сите да ги слушаат овие зборови. Тоа се Божји зборови и сите треба да обратат внимание на нив; бидејќи ќе бидат судени според нив. Спасоносното знаење за Христа значи да се биде оживеан со духовно знаење, да ги извршува Неговите зборови. Без ова, сè друго е безвредно“. – The Signs of the Times, January 27, 1898.


Вторник 29. март

3. СИЛАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

а. Како настанале небото и земјата? Псалм 33:6,9.

„Во создавањето на нашиот свет, Бог не зависел од некоја претходно постоечка супстанција или материја. Затоа што ‘од невидливото произлегло видливото’. Напротив, сè што постои, материјално или духовно, се појавило од ништо пред Господ Јехова на Негова заповед и било создадено за Негова сопствена цел. Небесата и сета нивна војска, земјата и сè што е на неа, не се само дело на Неговата рака, туку се создадени со здивот на Неговата уста“. – Selected Messages, bk. 3, p. 312.

б. Објаснете го начинот на кој Бог нè претвора во ново суштество. Јован 6:63.

„Примена во душата, Божјата Реч ги обликува мислите и влијае на развојот на карактерот.

Гледајќи постојано на Исуса со окото на верата ние стануваме посилни. Бог ќе му даде најдрагоцени откровенија на својот гладен и жеден народ. Таквиот ќе увиди дека Христос е личен Спасител. Кога се хранат со Неговата реч, луѓето увидуваат дека таа е дух и живот. Речта ја уништува вродената земна природа и дава нов живот во Исуса Христа. Светиот Дух доаѓа како Утешител на душата. Со помош на Неговата благодат што преобразува, во ученикот се репродуцира Божјиот лик и тој станува ново создание. Љубовта доаѓа на местото на омразата, а срцето станува слично на Бога. Тоа значи да се живее ‘од секој збор што излегува од Божјата уста’. Тоа значи да се јаде Лебот што слегува од Небото“. – Копнежот на вековите, 391.

в. Како треба да ја проучуваме Божјата Реч? Јован 6:53-58.

„Треба внимателно да ја проучуваме Библијата, молејќи му се на Бога со помош на Светиот Дух да можеме да ја разбереме Неговата Реч. Треба да земеме еден стих и да ги насочиме мислите, трудејќи се да ја пронајдеме смислата што Бог ја ставил за нас во него. Треба да размислуваме за таа мисла, сѐ додека таа не стане наша сопствена мисла и ние не дознаеме ‘што говори Господ’“. – Копнежот на вековите, 390.


Среда 30. март

4. ГЛЕДАЊЕ НА ИСУСА ПРЕКУ МОЛИТВА

а. Наведете примери кои покажуваат колку често Исус се молел во тајност - и што треба да научиме од тоа. Марко 1:35; 6:45,46.

„И самиот Исус, додека живеел меѓу луѓето, често одел на молитва. Нашиот Спасител се изедначил со нас во нашите потреби и слабости и така станал понизен и сесрден молител, кој од Својот Отец барал нова сила за да може да тргне понатаму, оспособен и за должноста и за искушението. Тој е наш пример во сè. Тој ни е брат во нашите слабости ‘искушан во сè како и ние’; но, како безгрешен, Неговата природа се гнасела од гревот; Тој претрпел душевни борби и страдања во светот полн со грев. Како човек, молитвата ја сметал како своја потреба и предност. Тој во разговор со Својот Отец наоѓал утеха и радост. Значи ако Спасителот на луѓето, Божјиот Син, чувствувал потреба за молитва, колку повеќе слабите и грешни смртници би морале да бидат свесни за неопходноста од сесрдна, постојана молитва“. – Патот кон Христа, 93,94.

б. Што читаме за побожниот живот на пророкот Даниел? Даниел 6:10. Што можеме да кажеме за царот Давид? Псалм 119:62,145,147,148.

„Даниел бил човек на молитва, и Бог му подарил мудрост и цврстина да се спротивстави на секое влијание на оние кои се обидувале да го вовлечат во замката на неумереноста. Уште во младоста тој бил морален џин во силата на Семоќниот. Подоцна кога била издаден декрет секој што ќе му се помоли на кој било Бог или човек, освен на царот, во рок од триесет дена, ќе биде фрлен во лавовска јама, Даниел со цврст, непоколеблив чекор отишол во својата соба и се молел гласно три пати на ден покрај отворените прозорци, како што правел порано. Затоа бил фрлен во лавовска јама; но Бог ги испратил своите ангели да го чуваат неговиот слуга“. – The Signs of the Times, August 14, 1884.

„Даниел знаел дека Богот на Израел мора да биде почестен пред вавилонската нација. Тој знаел дека ниту царот ниту кнезовите немаат право да застанат меѓу него и неговата должност кон својот Бог. Тој мора храбро да ги одржува своите верски начела пред сите луѓе, зашто тој бил Божји сведок. Затоа се молел, според својот обичај, како да не бил издаден декрет“. – The Youth’s Instructor, November 1, 1900.

„Вистинската молитва ги придвижува сите духовни сили и влијае на животот. Оној кој на тој начин ги излева своите потреби пред Бога, чувствува колку сè друго под небото е празнина“. – Gospel Workers (1892), p. 36.


Четврток 31. март

5. МОЛИТВАТА, СУШТИНСКО СРЕДСТВО НА МИЛОСТА

а. Колку често треба да се молиме? 1 Солунјаните 5:17; Лука 21:36.

„Молитвата е отворање на срцето пред Бога како на пријател. Не затоа што би било неопходно да му откриеме што сме, туку да се оспособиме себеси да Го примиме. Молитвата не го симнува Бога кај нас, туку нас нè воздигнува кај Него.

Во текот на својот престој на Земјата, Исус ги учел своите ученици како да се молат. Тој ги упатувал сите свои секојдневни потреби да му ги изнесат на Бога, сите свои грижи да му ги предадат Нему. Ветувањето што им го дал дека ќе им бидат услишени нивните молитви, ни го дал и нам“. – Патот кон Христа, 93.

б. Што им е ветено на оние кои искрено го бараат Господа? Матеј 7:7-11; Псалм 145:18,19.

„Друг елемент на успешна молитва е верата. ‘Оној што сака да дојде кај Бога, мора да верува дека постои Бог и дека ги наградува оние што го бараат’ (Евреите 11:6). Исус им рекол на своите ученици: ‘Сè што барате во својата молитва верувајте дека ќе примите и ќе ви биде’ (Марко 11:24). Дали го држиме за збор?...

Кога изгледа дека молитвите не ни се примени, мораме да се држиме за ветувањето; бидејќи времето за исполнување сигурно ќе дојде и ние ќе го примиме благословот кој ни е најпотребен“. – Патот кон Христа, 96.

в. Под кои услови Бог одговара на нашите молитви? Јован 15:7; 1 Јованово 5:14,15.


Петок 1. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како може мојот став да биде пречка за евангелскиот успех во мојата црква?

2. Како можам да го отворам патот за поголема хармонија со моите браќа?

3. Зошто Божјата реч е толку моќна во менувањето на животите?

4. Опишете го интензитетот на молитвениот живот на Исус, Даниел и Давид.

5. Што можам да направам за да го променам квалитетот на мојот молитвен живот?

 <<    >>