Дар во првата сабота за централата на Чилеанската унија
Прекрасната земја Чиле, опкружена со импресивниот планински венец на Андите, е најголемиот светски производител на бакар. Таа исто така извезува и разни други минерали, дрво, овошје и слично.
19.236.858 жители на Чиле се благословени со широката религиска слобода. Иако 70% од населението се декларираат како католици, оваа бројка се намалува. Во 1925. година, Католичката црква беше одвоена од државата, со што престана да биде признаена како официјална државна религија.
Чиле ја прими евангелската порака на Реформното движење од соседната Аргентина преку преминот Мендоза/Лос Андес во 1930. година. Оттогаш делото континуирано се шири со самоодрекување и без прекин. Денес, РДАСД е застапено во повеќето чилеански региони, со пастири и работници стратешки распоредени долж нејзината територија.
Да се потсетиме дека „(Бог) и денеска, исто како и во старо време, бара да се почитува редот и систематското уредување при водењето на црковните работи. Тој сака неговото дело да се извршува темелно и исправно за да може да му стави печат на свое одобрување. Христијанинот мора да се соедини со христијанинот, црквата со црква, човечкото орудие мора да соработува со божественото, секоја делотворна сила во црквата мора да му се потчинува на влијанието на Светиот Дух за сите заедно, со здружени сили, да му објавуваат на светот добри вести за Божјата милост“. – Делата на апостолите, 69.
Централата на Чилеанската унија се наоѓа во рурално подрачје што го опкружува градот Линарес, околу 190 милји (305 км) јужно од главниот град Сантијаго. Таму имаме голема парцела и пространи простории кои се дизајнирани за да овозможат големи состаноци. Таму се одржуваат семинари, конференции, кампови и здравствени активности со професионална пракса за природно лекување. Со голема жртва, работата на изградбата на овој објект еволуираше со текот на годините, но овој проект не можеше целосно да се заврши. Ова во голема мера се должи на фактот дека живееме во земја со високо сеизмичка активност, која бара дополнителна претпазливост и насочување на ресурсите кон различни делови на територијата за да се санираат штетите предизвикани од земјотреси. Затоа, апелираме до нашите драги браќа и сестри и пријатели ширум светот, љубезно да ни помогнат со нивните донации за да го завршиме овој важен проект. Сигурни сме дека со вашата дарежлива соработка ќе ја постигнеме нашата цел и со тоа ќе го зајакнеме нашиот капацитет за евангелизација. Бог да ве благослови изобилно!
Вашите браќа од Чилеанската унија