Back to top

Sabbath Bible Lessons

Павловото евангелие до: Коринтјаните

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 9. април 2022.

Поделби во Црквата

„Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење“ (1 Коринтјаните 1:10).

„Христос предводи еден народ, доведувајќи ги неговите припадници до единство во верата, да бидат едно како што е Тој едно со својот Отец. Разликите во мислењата мора да се напуштат, за во црквата сите да бидат единствени, имајќи еден дух и едно расудување“. – 1 Сведоштво, 324.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 278,279,298-304. 

Недела 3. април

1. СЕРИОЗНИ ПОДЕЛБИ ВО КОРИНТ

а. Какви вознемирувачки вести добил Павле од црквата во Коринт? 1 Коринтјаните 1:11,12.

„Павле кај нив се распрашал за вистинската тамошна ситуација и тие му кажале дека црквата е растргната од неслога. Несогласувањата што се појавиле уште во времето на посетата на Аполо многу се рашириле. Лажните учители ги наведувале верниците да ги презираат упатствата на Павле. Верските обичаи и учењата на евангелијата биле изопачени. Меѓу оние што некогаш биле ревносни христијани, сè повеќе земале мав горделивоста, идолопоклонството и оддавањето на сетилните задоволства“. – Делата на апостолите, 300.

б. Како Господ гледа на оние кои предизвикуваат поделби во црквата? Изреки 6:16-19; Римјаните 16:17,18

„Во сите векови на овој свет, имало луѓе кои мислеле дека треба да извршат одредена работа за Господа, и не покажувале почит кон оние кои Бог ги употребил како свое орудие. Тие не го применуваат Светото Писмо правилно; туку го извртуваат Писмото за да ги поддржат своите идеи“. – This Day With God, p. 172.


Понеделник 4. април

2. РЕШЕНИЕ ЗА ПОДЕЛБИ

а. Какво решение им понудил Павле на верниците во Коринт кои биле поделени? 1 Коринтјаните 1:17,18.

„Проповедањето на евангелието требало да се прошири на цел свет и гласниците на крстот не можеле да се надеваат дека ќе ја извршат својата значајна мисија ако другите не бидат соединети со врските на христијанското единство, покажувајќи му со тоа на светот дека се соединети со Христа во Бога“. – Делата на апостолите, 90.

б. Што рекол Павле за крстот Христов? 1 Коринтјаните 1:18-24.

„Крстот на Голгота привлекува со својата сила, давајќи ни причина зошто сега треба да го сакаме Христа и да го сметаме за прв, последен и најдобар во сè. Треба да го заземеме своето место во понизно покајание во подножјето на крстот. Можеме да ги научиме поуките за кротоста и понизноста на умот додека се искачуваме на Голгота и, гледајќи на крстот, го посматраме нашиот Спасител во агонија, Синот Божји како умира, Праведникот за неправедните... Гледај, о, погледни го крстот на Голгота; погледнете ја царската жртва која страда за вас“. – That I May Know Him, p. 65.

в. Во што ја видел Павле својата слава? Галатјаните 6:14.

„Синот Божји морал да умре за гревовите што го направил Павле; крвта пролеана на крстот била пролеана за него, за да го спаси од вечно уништување. Скапоцена Христова крв имала таква вредност што можела да изврши целосно помирување за виновната душа, и во тоа Павле ја видел својата ‘слава’. Токму преку крвта Христова тој добил откуп, дури и простување на гревовите“. – The Signs of the Times, November 24, 1890.

„Со помош на крстот ние дознаваме дека нас небесниот Отец нè сака со бескрајна љубов. Можеме ли да се чудиме што Павле извикнал: ‘А мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос’ (Галатјаните 6:14). Наше предимство исто така е што можеме да се фалиме со крстот и наполно да му се предадеме на Оној кој се дал себеси за нас. И тогаш, додека нè осветлува светлината што блескоти од Голгота, истата можеме да им ја откриваме и на оние кои сè уште се наоѓаат во темнина“. – Делата на апостолите, 210.


Вторник 5. април

3. БОЖЈАТА МУДРОСТ НАСПРОТИ СВЕТОВНАТА МУДРОСТ

а. Која е главната цел на повеќето луѓе? Еремија 9:23. Спротивно на тоа, која е Божјата намера за сите нас? Еремија 9:24.

б. Како Павле јасно прави јасен контраст помеѓу човечката „мудрост“ и божествената мудрост? 1 Коринтјаните 1:20-25.

„Со таков водач - ангел протеран од небото - овие наводно мудри луѓе на земјата можат да смислат волшебни теории кои ќе ги маѓепсат умовите на луѓето. Павле ги прашал Галатјаните: ‘Кој ве маѓепса та не се покорувате на вистината?’ Умот на сатаната е извонредно вешт и со помош на своите избрани агенти тој работи да ги воздигне луѓето и да ги облече во чест поголема од онаа што му припаѓа на Бога. Но, Бог е облечен во сила; Тој е во состојба да го промени карактерот на оние што се мртви во престапот и гревот и со дејството на истиот Дух кој го воскреснал Исуса од мртвите, да го преобрази човечкиот карактер, враќајќи и го на душата изгубениот лик Божји. Оние кои веруваат во Исус Христос се менуваат од бунтовници против Божјиот закон во послушни слуги и поданици на Неговото царство. Тие се повторно родени, обновени, и просветлени преку вистината. Скептикот не ја признава оваа Божја сила и ги отфрла сите докази понудени на неговото ограничено разбирање. Тој дури се осмелува да го отфрли Божјиот закон и да постави ограничување на Јеховината сила. Но Бог рекол: ‘Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост? Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат. Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие; за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост’ (1 Коринтјаните 1:20-24)“. – Fundamentals of Christian Education, pp. 332, 333.

в. Како единствено можеме да ја пронајдеме вистинската мудрост? 1 Коринтјаните 1:30,31; Колосјаните 2:3.

„Во Христа се ‘скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето’ (Колосјаните 2:3). Тој ни ‘стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп’ (1. Коринтјаните 1:30). Сè што може да ги задоволи потребите и копнежите на човечката душа и на овој свет и на светот што доаѓа, се наоѓа во Христа. Нашиот Откупител е бисер, кој е толку драгоцен, што во споредба со него сè друго може да се смета за загуба“. – Христовите поуки, 115.


Среда 6. април

4. НАЧЕЛО НА ВИСТИНСКАТА МУДРОСТ

а. Кое е основното начело на божествената мудрост? Изреки 1:7.

„Една реченица од Светото Писмо е од поголема вредност отколку десет илјади човечки идеи или аргументи. На оние кои одбиваат да одат по Божјите патишта, на крајот ќе им бидат упатени зборовите: ‘Бегајте од Мене.’ Меѓутоа, кога ѝ се потчинуваме на Божјата волја, Господ Исус управува со нашиот ум и им дава убедливост на нашите зборови. Можеме да бидеме силни во Господа и во Неговата сила. Прифаќајќи го Христа, ние се облекуваме со сила. Ако Спасителот живее во нас, Неговата сила станува наша своина. Вистината станува наш капитал во трговијата. Тогаш во животот нема да се види неправедност. Тогаш сме во состојба да зборуваме благовремени зборови на надеж на оние кои не ја познаваат вистината. Христовото присуство во срцето е моќ која дава живот, која го засилува целото битие“. – 7 Сведоштво, 71.

б. Како Исус (тука наречен Мудрост) го предупредува секој од нас да обрне внимание на Неговите молби? Изреки 1:20-23.

„Спасителот на светот им нуди на заблудените дар на вечен живот. Одѕивот на понудата на својата љубов и простување Тој го очекува со сочувство понежно од љубовта која го поттикнува земниот родител да му прости на својот самоволен и несреќен, но покајнички син. Оние кои талкаат, Тој ги повикува: ‘Вратете се кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас’. Ако грешникот упорно одбива да го послуша гласот на милоста кој го повикува со толку нежно сочувство и љубов, неговата душа ќе биде препуштена да остане во темнина. Ако, занемарувајќи ги сите дадени прилики, упорно продолжи по својот лош пат, Божјиот гнев ќе го снајде тогаш кога тоа воопшто нема да го очекува“. – 4 Сведоштво, 207,208.

в. Како мудроста (Исус) им се обраќа на децата и младите? Изреки 2:1-6.

„Никој не може да го истражува Писмото во Христовиот Дух без да биде награден. Кога човекот е подготвен да биде поучен како мало дете, кога целосно ќе му се покори на Бога, тогаш тој ќе ја најде вистината во Божјата реч. Ако луѓето се послушни, тие ќе го разберат Божјиот план на владеење. Небесниот свет ќе ги отвори одаите на милост и слава за истражување. Човечките суштества би биле многу поразлични отколку што се сега, бидејќи со истражување на рудниците на вистината луѓето би биле облагородени. Тајната на откупот, Христовото воплотување, Неговата посредничка жртва, не би биле како што се сега, нејасни во нашите умови. Тие не само што ќе бидат подобро разбрани, туку и многу повеќе ќе бидат ценети“. – Христовите поуки, 114.


Четврток 7. април

5. СЛАВА ВО ГОСПОДА

а. Што е оправдување со вера? Римјаните 3:21-24.

„Кога покајниот грешник, кој се кае пред Бога, ќе сфати дека Христос принел жртва на помирување за него и кога ќе го прифати ова помирување како своја единствена надеж во овој и идниот живот, неговите гревови се простени. Ова е оправдување со вера. Секоја душа која верува треба целосно да ја усогласи својата волја со Божјата волја, и да остане во состојба на покајание и скрушеност, изразувајќи вера во помирувачките заслуги на Искупителот и напредувајќи од сила во сила, од слава во слава“. – Faith and Works, p. 103.

„Што е оправдување со вера? - Ова е Божјо дело во полагање на човечката слава во прав, и за него го прави она што човекот не може да го направи за себе. Кога луѓето ќе ја видат својата ништожност, тие се подготвени да се облечат во Христовата праведност. Кога ќе почнат да го фалат и слават Бога по цел ден, тогаш гледајќи се менуваат во истиот лик. Што е повторно раѓање? – Ова е откривање на вистинската природа на човекот, дека сам по себе е безвреден“. – Special Testimonies for Ministers and Workers, Series A, No. 9, p. 62.

б. Како можеме да ја откриеме Божјата слава во нашиот секојдневен живот? 2 Коринтјаните 3:18.

„На коринтските верници им било потребно подлабоко искуство во духовниот живот. Ним не им било сосема јасно што значи да се согледа Неговата слава и да се менува карактерот ‘секогаш сè пославен’. Тие ги виделе само првите зраци на осамнувањето на таа слава. Павле сакал тие да бидат исполнети со секоја Божја полнота, да го запознаат Оној чиишто излези се како зора и да учат од него сè додека не ја досегнат комплетната светлина и совршенството на евангелската вера“. – Делата на апостолите, 307,308.


Петок 8. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какво предупредување и јас треба да разгледам, имајќи ги на ум поделбите што постоеле во Коринт?

2. Наведете неколку клучни точки што треба да ги сфатиме во врска со крстот.

3. Објаснете ја опасноста од поголемото фокусирање на човечката мудрост отколку на Божјата.

4. Зошто Божјата мудрост е толку неизмерно драгоцена?

5. Опишете ја славата која треба да зрачи од Божјиот народ.

 <<    >>