Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Давидовиот живот

 <<    >> 
  Сабота, 6. март 2021.

Дар во првата сабота за помош на унесреќените ширум светот

Во последните денови „ќе има и големи потреси, и глад и помор... а на земјата тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите“ (Лука 21:11,25).

Дали треба воопшто да ги споменеме ураганите, циклоните, цунамите, торнадата, земјотресите, гладта и поморите во оваа деценија? Катастрофите однесуваат многу животи. Десетици илјади смртни случаи обично се случуваат пред угледните новинските агенции да направат извештај за недостиг на храна, преку 3000 умираат од студ, 2000 од суша, итн. Сепак, срцето на нашиот Татко чиешто срце го проткајува бескрајна љубов го чувствува сето тоа.

„Сосема е природно луѓето да мислат дека големите несреќи се сигурен показател на големи злочини и огромни гревови; но со таквото мерење на карактерот луѓето често прават грешки. Ние не живееме во време кога за гревот веднаш се возвраќало со казна. Злото и доброто се мешаат и несреќите доаѓаат на сите. Понекогаш луѓето ја поминуваат граничната линија на Божјата заштита и тогаш сатаната ја покажува својата моќ над нив, а Бог не интервенира. Јов бил тешко погоден, а неговите пријатели настојувале упорно да признае дека неговото страдање е последица на неговиот грев, и го навеле да се чувствува под осуда. Според она што му се случило тие го прикажале неговиот случај како голем грешник; но Господ ги укорил заради нивниот суд на Неговиот верен слуга“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 3, p. 1140.

Тогаш што да кажеме за душите кои страдаат од сите овие несреќи? Навистина, невините честопати страдаат заедно со виновните. Куќите се разрушени, културите уништени, животите погодени. Која е нашата должност?

„Да се остави ближниот да страда и да не му се помогне значи да се крши Божјиот закон... Ние треба да се грижиме за секој што страда и себеси да се сметаме за Божји орудија за укажување на помош на потребните, вложувајќи ги сите свои сили до крајни граници на своите можности... Ние треба да им чиниме добро на сите луѓе, а особено на оние кои се со нас во верата“. – Sons and Daughters of God, p. 50.

„(Бог) сигурно ќе им суди на оние што ја занемаруваат Неговата откупена своина, кои ги оставаат страдалниците да пропаднат иако можат да им помогнат“. - The Review and Herald, December 10, 1895.

Ве молиме, дајте сè од себе кога ќе се собира дар во првата сабота за несреќните ширум светот, имајќи на ум дека, додека им служиме на Божјите деца кои страдаат, ние всушност му служиме Нему.

Одделот за социјална помош на ГК

 <<    >>