Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Давидовиот живот

 <<    >> 
  Сабота, 2. јануари 2021.

Дар во првата сабота за мисионерскиот центар на Јужно пацифичката унија

Тихиот океан е најголемиот океан во светот – опфаќа една третина од површината на земјата – и е дом на стотици островски народи. Од историска перспектива, мнозина од овие народи во Јужниот Пацифик биле добро познати по незнабожечки обичаи, вклучувајќи го вештерството и канибализмот. Не мал број од раните мисионери на овие острови го жртвувале својот живот во напорите да ја шират пораката на евангелието. Иако некои од овие обичаи и денес се присутни, христијанството извршило големо влијание врз овие народи, донесувајќи ја светлината и надежта на евангелието во местата на темнина на разните незнабожечки обичаи.

Пораката на реформацијата допрела до некои земји од Јужниот Пацифик во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, но уште поцврсто е вкоренета кога мисионерите од Австралија и Генералната Конференција допатувале до нашите брегови кон крајот на деведесеттите години.

Во декември 2013. година, претставници од седумте полиња на мисијата, каде беше воспоставена работата, заедно се организирале и станале мисија на Јужно Пацифичка Унија. И покрај предизвиците како што се големата оддалеченост и сиромашни со добрата на овој свет, ние го фалиме Бога што делото се шири низ Јужниот Пацифик и што многу души ја запознале вистината.

Нашата потреба за центар со повеќе намени за богослужение, конференции, младински конгреси и обука на нашите млади да стант мисионери, плус да обезбедиме канцеларија за нашата Унија, ја остваруваме со радост. Купено е земјиште во селско подрачје каде лесно може да се дојде од Порт Вила, од Вануату, држава која ја сочинуваат околу 80 острови. Вануату е централно место каде луѓето од мисионерските полиња на Фиџи, Француска Полинезија, Нова Каледонија, Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови и Самоа можат да се собираат заедно.

Имајќи го во предвид значајното дело што е пред нас и многуте острови и земји во Јужниот Пацифик до кои веста на евангелието не допрела, гледаме дека тоа дело е мошне изобилно! Пораката на спасението мора да дојде до сите земји, но сепак имаме сигурност дека Господ „не постанува и не се истоштува, додека не воспостави правда на земјата. Островите копнеат по Неговата наука“ (Исаија 42:4).

Љубезно ве молиме за финансиска помош за да ни помогнете во нашата потреба, со тоа што великодушно ќе приложите за овој проект, со кој ќе го поддржите ширењето на евангелието до душите во ова огромно океанско пространство.

Вашите браќа од јужниот Пацифик

 <<    >>