Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Давидовиот живот

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Саботно школските лекции за ова тримесечје се базираат на „Поуки од Давидовиот живот“. Зошто проучувањето на оваа тема е толку важна за нас денес?

„Давидовата историја претставува едно од највпечатливите сведоштва што некогаш биле дадени за опасностите што и се закануваат на душата од моќта и богатството и световната слава - токму она за што луѓето најпохотно жеднеат“. – Патријарси и пророци, 746.

„Давид бил претставителен човек. Неговата животна историја е од интерес за секоја душа која се стреми кон вечни победи. Во неговиот живот две сили се бореле за превласт. Неверувањето ги насочило сите свои сили во борба и настојување да фрли сенка на светлината што го осветлувала од Божјиот престол. Во неговото срце од ден на ден е водена борба, бидејќи сатаната на секој чекор настојувал да го спречи напредувањето на силите на правдата. Давид разбрал што значи војна против началствата и властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“. – Коментари на библиските текстови, 247.

„Бог го избрал Давида, понизен пастир, да владее со Неговиот народ. Тој бил строг во сите обреди кои биле поврзани со еврејската религија и се одликувал со храброст и непоколеблива доверба во Бога. Бил мошне верен и полн со почит. Неговата цврстина, понизност, љубов кон правдата и одлучноста на карактерот го направиле подесен да ги изврши високите Божји намери, да ги поучува Израелците во нивната побожност и да управува над нив како великодушен и мудар цар “. - The Spirit of Prophecy 1, 377.

„Записот за неговиот живот сведочи дека гревот може да донесе само срам и болка, но дека љубовта и Божјото милосрдие навлегуваат во најголемите длабочини, дека верата ја издигнува душата која се кае за да може да биде примена меѓу Божјите синови. Од сите свечено дадени уверувања што ги наоѓаме во Светото Писмо, историјата на Давидовиот живот дава најсилно сведоштво за верноста, за правдата и за Божјата ветена милост.“ – Патријарси и пророци, 754.

„Кога ќе се исечат бесплодните дрвја кои се испостувачи на земјата, кога лажните браќа ќе се одвојат од вистинските, тогаш ќе се појават тие што се скриени и ќе се соберат под Христовото знаме, воскликнувајќи: Осана! Луѓето кои биле срамежливи и без доверба во себе отворено ќе се изјаснат за Христа и Неговата вистина. Тие што се најслаби и најнеодлучни во црквата ќе бидат како Давид - смели и решителни“. – 5 Сведоштво, 81.

Наша молитва е Христовиот Дух да нè води низ проучувањето на Давидовиот живот и дела во текот на ова тримесечје. Можеме да го окрепиме својот ум со подлабоко разбирање на совршено избалансираната правда и милоста на нашиот Творец и Бог!

Оддел на Генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>