Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од Давидовиот живот

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 6. март 2021

Тајната на успехот

„Навистина, близу е Неговото спасение за оние што се бојат од Него, и Неговата слава ќе живее во нашата земја” (Псалм 85:9).

„Почитта кон Божјиот закон му дала сила на Израел за време на владеењето на Давид”. – Пророци и цареви, 466.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Патријарси и пророци, 713-716. 

Недела 28. февруари

1. ОДРЖАНО ВЕТУВАЊЕ

а. Наведи пример кој ја открива верноста и праведноста на Давид. 2. Самоилова 8:15; 9:1-6.

„На Давид... тогаш му го спомнале синот на Јонатана, Мефивостеја, кој уште од своето детство бил куц. Кога Филистејците го победиле Саула во Езраелската долина, неговата доилка кога бегала го испуштила детето, па тоа останало сакато за цел живот. Давид тој млад човек го повикал на дворот и го примил великодушно“. – Патријарси и пророци, 713.

б. Која мисионерска лекција можеме да ја научиме од начинот на кој Давид успеал да го допре срцето на овој скептичен внук на Саул? 2. Самоилова 9:7-13.

„Давидовите непријатели со своите дошепнувања кај Мефивостеја создале силни предрасуди против Давида како грабач на израелскиот престол, но широкоградоста и пријателскиот прием на царот, како и постојаната добрина кон него, го задобиле срцето на младичот“. – Патријарси и пророци, 713.

„Со нежна љубов, со полно сожалување, пристапете им на обесхрабрените и беспомошните души. Вдахнете ги со својата храброст, со својата надеж, со својата сила. Со својата љубезност натерајте ги да дојдат“. – Христовите очигледни поуки, 235,236.


Понеделник 1. март

2. СЕРИОЗНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

а. Како Анон, амонскиот цар, тотално погрешно го протолкувал гестот на Давид на искрена вистинска љубезност? 2. Самоилова 10:1-4.

„(Амонците) не можеле да ги сфатат благородните чувства со кои дишела Давидовата порака. Кога сатаната ќе завладее со човечкиот дух, тогаш тој предизвикува омраза и сомневање кое погрешно ќе ги протолкува и најдобрите намери. Слушајќи ги своите советници, Анун во Давидовите пратеници видел шпиони и ги опсипал со пцости и навреди.

На Амонците им било дозволено непречено да ги изведат лошите намери на своето срце со цел на Давида да му се открие нивниот вистински карактер. Не била Божја волја израелскиот народ да стапи во сојуз со тој незнабожечки народ“. – Патријарси и пророци, 714.

б. Што направил веднаш Анон кога ги сфатил потенцијалните последици од навредата што му ја нанел на Израел? 1. Летописи 19:6,7.

„Амонците знаеле дека Израелците ќе се одмаздат за навредата што им била нанесена, па се приготвиле за војна. (1 Летописи 19:6,7)

Всушност, тоа бил силен сојуз. Сите жители меѓу Еуфрат и Средоземното Море стапиле во сојуз со Амонците. На север и на исток од Ханан се наоѓале вооружени непријатели кои се здружиле да го уништат израелското царство“. – Патријарси и пророци, 715.

в. Што изјавил Јоав за да го охрабри својот народ? 1. Летописи 19:8,13. Како Давид исто така ги инспирирал и ги воодушевил? 2. Самоилова 10:17-19.

„Увидувајќи што сѐ зависи од исходот на таа борба Давид лично излегол на боиштето и со Божји благослов толку страшно ги поразил сојузниците, што Сиријците од Ливан до Еуфрат, не само што отстапиле од војната, туку морале на Израелците да им плаќаат и данок. Против Амонците Давид решил да војува сѐ додека нивните тврдини не паднале, и целата таа област потпаднала под власт на Израел“. – Патријарси и пророци, 715.


Вторник 2. март

3. ИЗБАВУВАЊЕ И БЛАГОДАРНОСТ

а. Иако оружјето на нашето војување денес не е телесно, како можеме да добиеме сила имајќи го на ум исходот од Давидовата битка против Амонците? 1. Самоилова 2:30 (втор дел); 1. Јованово 5:4,5.

„Опасностите што се заканувале целосно да го уништат Израел, по Божјо провидение станале само средства што го издигнале избраниот народ до големина кава што до тогаш ја немал”. – Патријарси и пророци, 715.

„Така израелското царство ја постигнало големината што му била ветена на Аврама и подоцна повторена на Мојсеја. ‘На твоето семе му ја дадов оваа земја од египетската вода до големата вода, водата Еуфрат’ (Создавање 15:18; Второзаконие 11:22-25). Израелците станале силна нација што ја почитувале и од која се плашеле сите околни народи. Давидовата моќ во неговото царство била мошне голема. Тој, како ретко кој владетел, целосно ја добил довербата на својот народ. Го почитувал Бога и Бог го прославил”. – Патријарси и пророци, 716.

б. Што увидел Давид во своите избавувања? Псалм 18:20-22, 35, 46-50; 44:4-8.

в. Какви возвишени можности му биле понудени на Израел во текот на овој период и зошто? Псалм 85:6-9; Изреки 14:34.

„За време на владеењето на Давид и Соломон, Израел станал силен меѓу народите и можел во многу прилики да изврши силно влијание во корист на вистината и правичноста. Името Господово се почитувало и се славело така што се чинело дека постојат добри изгледи за остварување на оние цели заради кои Израелците се населиле во ветената земја. Биле срушени пречките така што луѓето кои доаѓале од незнабожечките земји да ја бараат вистината, не се враќале незадоволни. Мнозина се обратиле и црквата Божја на земјата се ширела и напредувала...

Давид знаел дека високата цел која Бог му ја поставил на Израел ќе може да се оствари само ако владетелите и народот со непрестајна будност се трудат да го постигнат стандардот кој им е поставен”. – Пророци и цареви, 25,26.


Среда 3. март

4. ОПАСНОСТА ДЕМНЕ...

а. Како навидум незначителен грев се вовлекол во Давидовиот живот, трасирајќи го патот за потешки искушенија? 1. Јованово 2:15,16; Изреки 5:18,19.

„(Давид) го мразел идолопоклонството и ревносно го чувал израелскиот народ да не биде заведен во идолопоклонство од околните народи. Тој бил сакан и почитуван од народот.

Тој честопати одел во освојувања и победувал. Станувал сè побогат и повеќе почитуван. Но, неговиот напредок имал такво влијание што го одвоил од Бога. Поминувал низ бројни и тешки искушенија. Конечно го прифатил обичајот на соседните цареви, да имаат мноштво жени, а животот му го загорчиле лошите последици на полигамијата. Неговата прва грешка била во тоа што зел повеќе од една жена, со што се оддалечил од Божјиот мудар план. Ова отстапување од она што е правилно го подготвило патот за поголеми грешки. Царските идолопоклонички нации го сметале многуженството за додатна чест и достоинство, па така и Давид сметал дека ако земе повеќе од една жена уште повеќе ќе го возвиши својот престол. Но тој ги увидел несреќните и лоши последици од таа постапка во неслогата, ривалството и љубомората меѓу неговите бројни жени и деца”. – Spiritual Gifts, vol. 4A, p. 86.

б. Кој невидлив непријател го демнел Давида, како што го демне секој од нас? Ефесјаните 6:12. Која е нашата единствена одбрана? Ефесјаните 6:13; 1. Петрово 5:8,9; 4:7.

„Но среде благосостојбата демнела опасност. Во времето на својот најголем триумф Давид се нашол во најголема опасност”. – Патријарси и пророци, 716.

„Во секоја душа две сили сериозно се борат за победа. Неверството ги собира своите сили, предводени од сатаната, да нè одвои од Изворот на нашата сила. Верата ги собира своите сили, предводени од Христос, Авторот и Завршителот на нашата вера. Од час во час, пред очите на небесниот универзум се води овој судир. Ова е борба гради во гради, и големото прашање гласи: ‘Кој ќе надвладее?’ На ова прашање секој од нас сам мора да даде одговор. Во оваа борба сите мора да учествуваат, борејќи се на едната или на другата страна. Никој не може да нè ослободи од оваа борба... Ние сме повикани да се подготвиме за оваа борба”. – Sons and Daughters of God, p. 328.


Четврток 4. март

5. ДЕЛО НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ

а. Како единствено можеме да извојуваме победа во битката против непријателот? Јаков 4:7,8.

„Должност на секоја душа е да се спротивстави на непријателот во моќта и силата на Господ Исус Христос, а ветувањето е дека тогаш ѓаволот ќе побегне од нас. Но, сите нека сфатат дека се наоѓаат во опасност и дека нема сигурен излез, освен да ги прифатат условите кои Библијата ги поставува. Господ вели: ‘Приближете се кон Бога’ (Јаков 4:8). Како? - Со тајно, сериозно испитување на сопственото срце; со детско, срдечно, понизно потпирање на Бога, со објавување на своите слабости на Исуса; и со исповедање на своите гревови. Така, можете да му се приближите на Бога, и Тој ќе се приближи кон вас”. – Sons and Daughters of God, p. 328..

б. Каква треба да биде нашата постојана молитва и зошто? Псалм 119:12-14; 139:23,24.

„Бог ги води припадниците на Својот народ, чекор по чекор. Тој ги доведува во различни положби и околности за да се покаже што им е во срцето. Таквата проверка некои успешно ја издржуваат во еден поглед, но паѓаат на друго место. При следната проверка срцето се изложува на посериозен испит”. – 1 Сведоштво, 187.

„Не е доволно човекот сам да мисли дека е сигурен само ако ги следи налозите на својата совест... Прашањето кое треба да се постави е: дали таа совест е во склад со Божјата Реч? Ако не е, не може со сигурност да се следи, бидејќи ќе измами. Совеста мора да биде просветлена од Бога. Мора да се одвои време за проучување на Светото писмо и да се има време за молитва. Така умот ќе се утврди, ќе зајакне и ќе биде постојан”. – Ум, карактер и личност 1, 324.


Петок 5. март

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можам да се потрудам некому да му направам милост како што Давид му направил на Мефивостеј?

2. Каков впечаток оставил Давид на својата војска и зошто?

3. Зошто Израел за време на владеењето на Давид станал толку угледен и почитуван?

4. Наведи некои суптилни замки во кои можеме да се заплеткаме, како што тоа му се случило на Давид?

5. Што треба да сфатам за сопствената совест?

 <<    >>