Недела
14. март
1. ГОРКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ГРЕВОТ
а. Објаснете ги промените што се случиле после гревот на Давид. Изреки 6:32,33.
„Иако Давид се каел за својот грев, Иако Господ му простил и повторно го примил, сепак морал да ги пожнее горчливите плодови на семето што сам го посеал. Казните што го снашле него и неговиот дом сведочат за тоа колку на Господа му е одвратен гревот...
Давидовиот престап го изменил Божјиот однос кон него. Господ во никој случај не можел да го одобри неговото беззаконие. Тој не можел да ја употреби својата моќ да го заштити Давида од последиците на неговиот грев како порано што го пазел од Сауловото непријателство.
И кај самиот Давид настанала голема промена. Бил скршен во духот, свесен за својот грев и за неговите далекусежни последици. Се чувствувал понижен пред сите свои приврзаници. Неговото влијание било ослабено. До тогаш неговиот напредок и се припишувал на совесната послушност кон Божјите заповеди. Но сега неговите приврзаници, на кои им бил познат неговиот грев, и сами можеле послободно да се однесуваат кон гревот. Неговиот авторитет ослабел и во неговото сопствено семејство; синовите сѐ помалку го слушале и го почитувале. Кога требало да ги осуди оние што згрешиле, чувството на сопствената кривица не му давало да зборува. Тоа чувство ја слабеело неговата рака при спроведувањето на правдата во својот сопствен дом. Неговиот лош пример имал влијание и врз неговите синови, а Бог не сакал ништо да преземе за да ги спречи последиците. Дозволил работите да одат по свој природен ток, и со тоа Давид бил строго казнет”. – Патријарси и пророци, 723.
Понеделник
15. март
2. ЗЛОБА ВО СИНОВИТЕ
а. Што е напишано за Амнон, првородениот син на Давид? 2 Самоилова 13:1,2, 10-16. Зошто Давид пропуштил да изговори осуда во врска со насилничкото дело на Амнон? 2 Самоилова 13:21; Римјаните 2:1.
„Срамното злосторство на својот најстар син Амнон Давид го пропуштил да помине неосудено и неказнето. Според законот, прељубата се казнувала со смрт, а неприродното злосторство на Амнона било двојно потешко. Но Давид не го казнил престапникот, зашто во неговата постапка ја видел казната за својот грев”. – Патријарси и пророци, 727.
б. Што треба да сфатиме за начинот на кој Амнон требало да биде изведен пред лицето на правдата? 2 Самоилова 13:28,29,32; Изреки 29:15.
„Како и другите Давидови синови, Амнон бил препуштен на себични уживања. Без оглед на Божјите барања, тој задоволувал секоја желба на срце. И покрај неговиот голем грев, Бог уште долго имал трпение со него. Полни две години имал можност да се покае. Но тој продолжил да греши и умрел непокајан, чекајќи ја одлуката на страшниот суд...
Кога владетелите или родителите ќе ја занемарат својата должност и не ја казнуваат неправдата, тогаш таа должносг ја презема Господ во свои раце. Тој дозволува злото да се развие до извесен степен сѐ додека не се создаде синџир на околности во кои гревот се казнува со нов грев”. – Патријарси и пророци, 727,728.
в. Како Давид се справил со злосторството на Авесалом? 2 Самоилова 13:38,39; 14:21-24, 28.
„Давид, увидувајќи дека злосторството на неговиот син мора на некој начин да се казни, решил да не му дозволи да се врати во земјата...
Колку нежно да го сакал тој убав и талентиран син, (Давид) сепак мислел дека е потребно заради поука и на Авесалома и на народот на тој начин да ја покаже својата одвратност кон стореното злосторство. Авесалом две години живеел во својата куќа, но на дворот не смеел да се појавува”. – Патријарси и пророци, 728,729.
Вторник
16. март
3. ХАРИЗМА, ШАРМ... И ПРЕДАВСТВО
а. Кои фактори го направиле Авесалом привлечен за народот и како тој тоа лукаво ги искористил во своја корист, додека несудениот цар, ништо не претчувствувајќи, чекор по чекор полека го прифатил назад? 2 Самоилова 14:25,26; 15:1-6.
„Со него живеела и неговата сестра чиешто присуство живо го потсетувала на страшната навреда и на ненадоместливата неправда што и е нанесена. Меѓутоа, во очите на јавното мнение царевиот син повеќе важел како херој отколку како злосторник... Не било мудро од страна на царот човекот каков што бил Авесалом славољубив, брз и страстен да го пушти две години да страда поради тоа што навидум бил казнет. Авесалом ги стекнал симпатиите на народот веќе со самото тоа што Давид го повикал да се врати во Ерусалим а не го пуштал кај себе.
Имајќи го постојано пред очи својот престап на Божјиот закон Давид изгледал како морален инвалид. Бил слаб и нерешителен пред тешкотиите пред кои пред својот грев бил храбар и енергичен. Неговото влијание врз народот исто така ослабело...
Благодарение на посредувањето на Јоава, на Авесалома пак му било дозволено да се сретне со татка си; но, Иако помирувањето е извршено на формален начин, сепак синот и натаму негувал славољубиви намери. Се однесувал речиси како цар и имал коли и коњи и педесет луѓе со кои бил опкружен. И додека царот се повеќе бил наклонет да се повлече во самотија, Авесалом заводнички се борел да ја добие наклоноста на народот.
Давидовата рамнодушност и нерешителност вршеле свое влијание и врз неговите приврзаници. Небрежносаа и одлагањето станале карактеристични во сите негови административни работи како и во делењето на правдата. А Авесалом секое незадоволство на народот лукаво го користел во своја полза. Од ден на ден тој човек можел да се види пред градските порти каде што секогаш имало луѓе кои чекале на ред да бидат примени кај царот да поднесат свои молби и жалби и да добијат сатисфакција... (2 Самоилова 15:3,5 цитат)
Под влијание на лукавото дошепнување на царевиот син, незадоволството кон постојната власт бргу се ширело. На сите усни биле пофалби за Авесалома. Сите го сметале за царев наследник. Народот се гордеел со човекот кој е достоен за толку високата положба и горел од желба тој да го заземе престолот. (2 Самоилова 15:6 цитат) А царот, заслепен со љубовта кон сина си, сепак во ништо не се сомневал. Кнежевското однесување со кое Авесалом се растурал Давид го сметал како намера да му се оддаде почест на неговиот двор како израз на радоста по повод на помирувањето”. – Патријарси и пророци, 729,730.
Среда
17. март
4. ПРЕРАСНУВАЊЕ ВО КРИЗА
а. Објаснете го лицемерниот заговор на Авесалом. 2 Самоилова 15:7-12; Псалм 55:21.
„Со оваа постапка на крајна дволичност, Авесалом имал намера не само да го заслепи царот, туку и да ја зацврсти веќе задобиената доверба кај народот и со тоа да го наведе на бунт против од Бога одбраниот владетел”. – Патријарси и пророци, 730.
б. Раскажете ги зачудувачките вести што му ги донеле на Давид и стратешките чекори што ги презел. 2 Самоилова 15:13-17. Која била неговата благородна цел во оваа акција?
„Во таа голема опасност Давид најпосле ја отфрлил потиштеноста која толку долго го мачела и со истиот дух, што го покажувал во своите поранешни години, почнал да се приготвува за средба со оваа страшна неизвесност. Само неколку километри пред Ерусалим, Авесалом ја приготвувал својата војска. Побунетите мошне бргу можеле да се најдат пред капиите на Ерусалим.
Давид од својата палата ја гледал престолнината: ‘Убава е во својата височина, радост е за сета земја... градот на великиот Цар’. (Псалм 48:2). Затреперил при помислата дека тој град ќе го изложи на крвопролевање и пустење. Дали треба да ги повика на помош приврзаниците што уште му останале верни на неговиот престол и да го брани градот? Зар да дозволи Ерусалим да биде облеан со крв? Тој решил. Избраниот град не смеат да го снајдат воени стравотии. Решил да го напушти градот, а верноста на своите приврзаници да ја провери на тој начин што ќе им даде можност да му дојдат на помош. Во тој критичен миг должноста кон Бога и народот му налагала да го брани авторитетот што му го дало небото. Исходот на борбата решил да му го препушти на Бога”. – Патријарси и пророци, 731.
в. Како бил утешен Давид, во овој трагичен час, особено од верата на луѓето како што е Гетчанецот Итај? 2 Самоилова 15:18-23; Михеј 7:8.
„Но Давид со својата карактеристична несебичност не можел да се согласи тие странци кои од него побарале заштита да бидат вовлечени во неговата несреќа... Тие луѓе биле обратени незнабошци и му служеле на Јехова, а сега благородно му ја покажале својата преданост нему и на неговиот помазаник. Давид со благодарност ја прифатил нивната преданост во мигот кога неговата опстановка се чинела загубена”. – Патријарси и пророци, 731,732.
Четврток
18. март
5. БЛАГОРОДНИШТВО ВО СТРАДАЊЕТО
а. Иако Давид нестрпливо копнеел светиот Божји ковчег да остане кај него, каква несебична одлука донел? 2 Самоилова 15:24-29.
„Како помазан владетел над Божјото наследство, тој бил под свечена одговорност... без Божјо одобрение ниту првосвештеникот ниту царот немаат право да го оддалечат оттаму симболот на неговото присуство. Давид знаел дека неговото срце и неговиот живот мора да бидат сообразени со Божјите прописи, инаку ковчегот на заветот побргу ќе му донесе несреќа отколку успех. Постојано на ум го имал својот голем грев и во заговорот скован против него ја видел Божјата праведна пресуда”. – Патријарси и пророци, 732.
б. Како може секој грешник да се утеши со надежта која Давид ја изразил во овој мрачен час? 2 Самоилова 15:30; 16:5-12; Псалм 3:1-3.
„Давид не изразувал никакво незадоволство. Најелоквентниот псалм, што некогаш го отпеал (Псалм 3), го составил кога се искачувал на Маслинската Гора”. – Conflict and Cour¬age, p. 181.
„Кога Давид во една прилика се искачувал на Маслиновата гора... Господ го посматрал со сожалување. Давид, кој бил облечен во кострет (вреќа), го печела совеста. Надворешните знаци на понизност сведочеле за неговото длабоко покајание. Со скршено срце и целиот во солзи го изнел пред Бога својот случај и Господ не го отфрлил својот слуга. Никогаш Давид не му бил толку драг на срцето на бескрајната љубов како во тој момент кога обземен со грижата на совеста, бегал да го спаси својот живот од непријателите, кои биле поттикнати на бунт од страна на неговиот роден син”. – Мисли од гората, 11.
Петок
19. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто инаку силниот Давид се чинел како да е во парализирачка успиеност?
2. Како можеме да избегнеме да ги повториме грешките во Давидовиот семеен живот?
3. Кои фактори можат да го поттикнат Авесалом во црквата?
4. Наведете некои докази за благородништвото на Давид во овој период?
5. Зошто Давид можел да му верува на Бога дури и во овие болни мигови?