Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
  Сабота, 6. август 2022.

Дар во првата сабота За воспитниот оддел на Генералната конференција

Сега, повеќе од кога било, постои потреба да се инвестира во образованието на нашите деца. Бидејќи тие се бомбардирани од секој агол од работите на овој свет, станува сѐ потешко да се заштитат од непријателските лукавства. Она што некогаш беше ограничено во својата достапност, сега е буквално поврзано со нашите деца преку „паметни“ телефони и други уреди. Како можеме да бидеме подготвени да го проповедаме Евангелието кога нашите сопствени деца не се подготвени за тоа?

„Вистинското образование е обучување за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; ние сме повикани да Му служиме на Бога и нашите ближни; и целта на нашето образование е да се оспособиме за оваа служба“ - Здравје и среќа, 395.

За време на оваа пандемија, многу родители станаа многу посвесни за тоа како нивните деца се образуваат. Многумина од нив сфатија колку големо влијание има школувањето врз нивните деца, па побараа материјали што ќе им помогнат да се едуцираат во чест и слава на Бога. Образовниот оддел на Генералната конференција е во процес на креирање на цела наставна програма од градинка до дванаесетто одделение со фокус токму на оваа цел. Во соработка со нашите наставници и со различни унии и мисионски полиња, ние веќе долго време работиме на оваа наставна програма.

Проектот бара време, ресурси и персонал. Оние што се вклучени во оваа работа мора да бидат квалификувани во областа на образованието и обуката, за која ги подготвуваат своите учебници и работни тетратки. Вашата поддршка ни овозможува да подготвиме материјали со највисок квалитет, така што учениците што ги користат во нашите училишта и домашни училишта ќе бидат „обучени за корисност во овој живот и за служење на Бога низ целата вечност.“ - Совети за родителите, учителите и студентите, 495.

Овој проект ги надминува финансиските ресурси што ги имаме на располагање. Потребни ни се вашите великодушни дарови за да можеме да направиме три работи: да го подготвиме материјалот, да го преведеме материјалот и да го направиме пристапен и достапен во сиромашни места и каде што пристапот до овој материјал е надвор од нивните финансиски можности. Да, проектот е голем, но вреди. Со вашата дарежлива помош, ќе подготвиме материјали од математика до јазик и општествени науки кои ќе ги подготват најмладите меѓу нас да ја пренесат евангелската порака во целиот свет.

Одделот за образование на Генералната конференција

 <<    >>