Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 9. јули 2022.

Верен управител

„Дел мој си Ти, Господи, - си реков -ќе го пазам законот Твој“ (Псалм 119:57).

„Сè што поседуваме, нашата умна и физичка сила, сите благослови на сегашниот и идниот живот што ни се дадени, се запечатени со крстот на Голгота“. – The Review and Herald, December 14, 1886.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Совети за детето, 150-168. 
  Воспитување, 135-137. 

Недела 3. јули

1. ЗАДОВОЛСТВО

а. Што сфаќаат христијанските управители за сите нивни земни имоти? Јов 1:21.

„Сè му припаѓа на Бога. Но луѓето не водат сметка за Неговото право. Додека Бог обилно ги опсипува со Своите благослови, луѓето често ги употребуваат Неговите дарови за свои себични задоволства; но тие ќе бидат повикани да дадат отчет за нивното управителство.

Управителот речиси се поистоветува со својот господар. Тој ја прифаќа должноста на управител и го застапува својот господар, постапувајќи како што би постапувал господарот кога лично би управувал со имотот. Интересите на неговиот господар стануваат негови интереси. Позицијата на управител е почесна позиција бидејќи неговиот господар има доверба во него. Ако во било кој поглед постапи себично, ако за себе ја искористи добивката која ја заработил тргувајќи со богатството на својот господар, управителот ја злоупотребува укажаната доверба“. – 9 Сведоштво, 246.

б. Зошто христијанските управители треба да бидат задоволни со своите земни имоти, дури и ако не поседуваат многу? Псалм 37:16; Изреки 15:16; 1 Тимотеј 6:8.

„Ние размислуваме за Христос, Создател на светот, и како Тој дошол на овој свет како сиромав. Тој немал каде да ја положи главата. Значи сиромаштијата не е срамна. Гревот е срамен“. – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 1514.


Понеделник 4. јули

2. ПРАВИЧНОСТ

а. Бидејќи ние сме христијански управители, каков треба да биде нашиот однос кон нашите ближни и нивните имоти? Второзаконие 16:19.

„Во последната голема борба меѓу Христовите следбеници и силите на темнината, сатаната ќе се обиде да поткупи мажи и жени. Некои ќе се продадат за ништо; зашто каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости?“ – Manuscript Releases, vol. 19, p. 243.

„Мораме да покажеме посебен интерес за работите што ги засегаат другите луѓе - да не копнееме по она што им припаѓа ним, да не им наоѓаме замерки, да не ги укоруваме и прикажуваме во лажно светло, туку да постапуваме праведно во сè со нашите браќа и сите со кои имаме некаков однос“. – That I May Know Him, p. 176.

б. Што сака Бог да сфатиме за злото на пристрасноста? Второзаконие 24:17; Римјаните 2:11.

„Бог не признава никаква разлика по однос на народност, раса или боја. Тој е Творец на целиот човечки род. Сите луѓе припаѓаат на едно семејство според создавањето и сите постануваат едно преку откупувањето. Христос дошол да ги сруши сите ѕидови кои ги делеле луѓето, да ги отвори сите одделенија на храмот како секоја душа би имала слободен пристап до Бога. Неговата љубов е толку широка, толку длабока и потполна што продира насекаде. Таа ги спасува луѓето од сатаната кој ги измамил со своите лукавства, и ги доведува во близина на Божјиот престол, над кој во еден лак се оцртува виножитото на ветувањето. Во Христа нема ниту Грк ниту Евреин, ниту слободен човек ниту роб“. – Пророци и цареви, 369.

„Причината за сите поделби, несогласувања и разлики лежи во одвојувањето од Христа. Христос е центарот кон кој секој треба да биде привлечен; бидејќи колку повеќе се приближуваме до центарот, толку повеќе се приближуваме во чувствата, сочувството и љубовта, обликувајќи се според Христовиот карактер и лик. Кај Бога нема пристрасност...

Синот на бесконечниот Бог, Господарот на животот и славата, понизно слегол на земјата, прифаќајќи да го живее животот на најниските, за никој да не се чувствува лишен од Неговото присуство. Тој се ставил на располагање на сите. Тој не избрал неколку омилени со кои би се дружел а ги запоставил сите други“. – That I May Know Him, p. 99.


Вторник 5. јули

3. ЧЕСНОСТ

а. Каков благослов им се дава на сите кои се водат од чесноста во сите нивни деловни трансакции? Изреки 10:9.

б. Што треба да ги поврзува делата, зборовите, па дури и мислите на христијанскиот управител? Изреки 12:5,17; 14:2.

„Со службата на повереништво е поврзана и обврска, не само кон Бога, туку и кон човекот“. – Воспитување, 139.

в. Како Бог гледа на оние кои се нечесни во својата работа? Изреки 16:11; 20:10.

„Ниту големата важност ниту привидната безначајност на работата со која се занимаваме не нè прави исправни или неисправни, чесни или нечесни во животот. Со најмало отстапување од патот на исправноста ние стапуваме на тлото на непријателот и така, чекор по чекор, можеме да преминеме потполно на страна на неправдата. Повеќето христијани на светот сметаат дека верата нема ништо заедничко со деловните односи во животот“. – 4 Сведоштво, 337.

„Чесен човек, според Христовите мерила е само оној кој непоколебливо останува исправен и честит во сите околности. Лажните тегови и неисправните мерила со кои многумина настојуваат да ја зголемат својата земна добивка, се одвратни во Божјите очи. Сепак многумина и од оние кои тврдат дека ги држат Божјите заповеди користат лажни тегови и неисправни мерила. Кога човекот е навистина поврзан со Бога и навистина го држи Неговиот закон, тоа се гледа во неговиот живот, бидејќи сите негови постапки секогаш се во склад со Христовото учење. Тој не ја продава својата чест за никаква земна добивка. Неговите начела се засновани на сигурен темел, и неговото однесување и во земните работи е одраз на неговите внатрешни принципи. Непоколебливата чесност блеска како злато меѓу плевелот и троскотот на овој свет. Измамата, лагата и несовесноста можат да се сокријат пред луѓето, но не и пред Бога. Божјите ангели кои будно го следат развојот на нашиот карактер и ја одмеруваат нашата морална вредност, ги бележат во небесните книги и тие навидум незначајни трансакции, бидејќи сето тоа го открива нашиот карактер. Ако еден работник е несовесен и површен во своето секојдневно занимање, оние кои го набљудуваат нема да згрешат ако заклучат дека неговите мерила и во верата се исти такви како и во неговите работи“. – 4 Сведоштво, 310,311.


Среда 6. јули

4. ПОНИЗНОСТ

а. Која е наградата за понизниот христијански управител? Псалм 37:11; Изреки 22:4; Матеј 18:4.

„Врвната љубов кон Бога и несебичната љубов еден кон друг, ова е најдобриот дар што небесниот Отец може да ви го даде. Нека сите верници се приближат кон Бога и еден кон друг, за да може Бог да им се приближи. Ниту еден човек не треба да се воздига како врховен. Никој не треба да мисли дека е непогрешлив затоа што Бог го просветлил и го употребил за да ги води душите кон вистината. Нашите дарови се вредни само ако се користат како таленти дадени од Бога за издигање на вистината. Оној преку кого работи Бог никогаш не треба да се возвишува себеси, никогаш не треба да се стреми кон моќ. Како мудар управител, тој треба да ја врши својата работа чесно и понизно. Тој треба да му служи на Бога пренесувајќи го она што го примил, зборувајќи ја вистината во љубов на јасен и одлучен начин. На тој начин тој треба да ги просветли другите, имајќи секогаш на ум дека само Бог може да влијае на умот и да го очисти срцето“. – Manuscript Releases, vol. 21, p. 275.

б. Што треба да ги карактеризира сите оние што сакаат да бидат меѓу Божјите избраници? Изреки 29:23.

„Љубовта, сочувството и нежноста мора да се откријат меѓу нас. Облечете се како Божји избраници во милост и добрина. Гревовите што биле практикувани пред преобраќањето мора да бидат отфрлени заедно со стариот човек. Со новиот човек, Исус Христос, треба да се облечеме во ‘милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост’ (Колосјаните 3:12).

Божји избраници се оние кои воскреснале со Христа за да одат во нов живот. Тие се свети на Господа и Тој ги признава како Свои сакани. Како такви, тие се под свечен завет да се истакнат со понизност. Тие мора да се облечат во облеката на праведноста. Тие се одвоени од светот, од неговиот дух, од неговите постапки и треба да покажат дека учат од Оној кој вели: ‘Јас сум кроток и смирен по срце’ (Матеј 11:29). Ако сфатат дека умреле со Христа, ако го одржат заветот што го дале при крштевањето, светот нема да има моќ да ги наведе да се одречат од Христа. Ако го живеат Христовиот живот на овој свет, тие се учесници во божествената природа. Тогаш, кога ќе се појави Христос, кој е нашиот живот, и тие ќе се појават со Него во слава“. – Manuscript Releases, vol. 21, p. 236,237.


Четврток 7. јули

5. ПОСЛУШНОСТ

а. Кои особини му биле покажани на Јован во Откровението додека го гледал Божјиот народ во овие последни денови? Откровение 14:12.

б. Каде можеме да најдеме упатства во поглед на исправни деловни принципи? Второзаконие 5:32; 25:13-15; Лука 11:28.

„Не постои гранка на чесно работење за која Библијата не би можела да ни понуди најосновна подготовка. Нејзините принципи на трудољубивост, чесност, штедливост, владеење со себеси и непорочност се тајната на вистинскиот успех. Овие принципи, како што се изложени во книгата Изреки, претставуваат сокровиште на практичната мудрост. Каде може трговецот, занаетчијата, раководителот во било кое подрачје на работење, да најде подобри совети за себе или за своите вработени од оние што се наоѓаат во овие зборови на мудриот човек: (Изреки 22:29; 14:23; 13:4; 23:21; 20:19; 17:27; 20:3, 4:14; 6:28; 13:20; 18:24)...

Колкумина би можеле да избегнат финансиски неуспех и пропаст кога би ги слушале предупредувањата кои се толку често повторувани и нагласувани во Писмото...

Врз овие принципи се потпира благосостојбата на општеството, без оглед дали се работи за световни или за верски заедници. Овие принципи им даваат сигурност и на имотот и на животот. За сѐ што овозможува взаемна доверба и соработка, светот може да му заблагодари на Божјиот закон кој е запишан во Неговата Реч и кој уште постои во човечкото срце, често запишан со нејасни и речиси избришани букви“. – Воспитување, 135-137.


Петок 8. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеш да бидеш задоволен со својот земски имот?

2. Како треба да се однесувате со другите во вашите финансиски трансакции?

3. Какви благослови ќе добиете ако сте искрени во сите ваши трансакции?

4. Како може понизноста да се манифестира во мојот живот на практичен начин?

5. Наведете некои од придобивките кои се однесуваат на финансиската чесност.

 <<    >>