Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
4. лекција Сабота, 23. јули 2022.

Победа над злите склоности (2)

„Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род“ (Матеј 13:22).

„Сите кои толку слепо трчаат по заработувачка и стекнување на пари... горко ќе заплачат еден ден, велејќи: ‘О, измамливоста на богатството! Ја продадов за пари својата душа!’“ ¬– 3 Сведоштво, 544,545.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Counsels on Stewardship, pp. 133–140. 

Недела 17. јули

1. ИЗМАМА

а. Како сатаната често ги изопачува срцата и устата на луѓето кои сакаат неправедно да профитираат во деловните трансакции? Еремија 6:13; Дела 5:3,4.

б. Колку искрено Давид и Соломон се труделе да се ослободат од измамничките усни? Псалм 101:7; Изреки 30:8 (прв дел).

в. Бидејќи христијанските управители честопати мораат да бидат во контакт со измамници, каква молитва треба да се вознесе на небото? Псалм 43:1 (последен дел).

г. Како често Бог дозволува измамникот да стане жртва на неговите сопствени трикови? Псалм 7:14-16.


Понеделник 18. јули

2. НЕЧЕСНОСТ

а. Опишете ја длабочината на злото што се случува кога го нарушуваме угледот на другите — и како Бог гледа на тоа. Изреки 6:12-19.

„Ние со ужас мислиме на канибалите кои се гостат со сè уште топлото месо од своите жртви; но зар последиците дури и на овој обичај се пострашни од агонијата и пропаста која предизвикува погрешно прикажување на интересите и оцрнување на угледот?...

Духот на озборување и прераскажување е сатанско оружје за сеење на раздор и расправија, разделување на пријатели и поткопување на верата на многумина во исправноста на нашите начела.

За човечките суштества природно е да изговараат остри зборови. Оние кои ќе и попуштат на оваа склоност ја отвораат вратата на сатаната да влезе во нивното срце и брзо да ги потсети за пропустите и грешките на другите. Се размислува за нивните пропусти, ги забележуваат нивните слабости и изговараат зборови кои раѓаат недоверба кон оној кој работи најдобро што може за да ја изврши својата должност како Божји соработник. Често се сее семето на недоверба затоа што човекот смета дека требало да му се даде предност, а тоа не е направено“. ¬– Адвентен дом, 440,441.

б. Како Бог гледа на оние кои се нечесни во своите финансиски трансакции? Второзаконие 27:17-19; Изреки 11:1; 20:23.

„Извештаите за секоја работа, деталите од секоја трансакција, внимателно се испитуваат од страна на невидливите ревизори, застапниците на Оној кој никогаш не прави компромиси со неправедноста, на чии очи злото никогаш не може да им избега, Кој никогаш не го прикрива гревот...

Против секој злосторник Божјиот закон изрекува осуда. Тој може да го презре тој глас, може да настојува да го заглуши неговото предупредување, но залудно. Тој го следи. Му се наметнува. Го уништува неговиот мир. Ако не го послуша, го прогонува до гроб. На суд сведочи против него. Како неизгорлив оган, на крајот ги изгорува и душата и телото“. ¬– Воспитување, 144.

в. Што ќе биде со сето она што е стекнато на нечесен начин? Изреки 13:11; 15:27; 21:6.

„Ниту една деловна шема или животен план не можат да бидат здрави или целосни, ако ги опфаќаат само кусите години од овој сегашен живот и не водат сметка за бескрајната иднина“. ¬– Воспитување, 145.


Вторник 19. јули

3. НЕПРАВДА

а. Како сме предупредени да избегнуваме пристрасност во постапувањето со другите? Левитска 19:15.

„Не покажувајте пристрасност кон еден или повеќе луѓе, додека ги занемарувате останатите браќа затоа што не ви се блиски. Внимавајте да не се однесувате грубо со оние за кои мислите дека згрешиле, додека другите, чија вина е поголема и заслужуваат повеќе укор, кои треба жестоко да бидат укорени за нивното нехристијанско однесување, ги поддржувате и третирате како пријатели“. ¬– The Review and Herald, March 12, 1895.

„Секој треба да стои на своето место, и да си ја работи својата работа. Секој поединец меѓу вас мора пред Бога да изврши возвишено, свето и славно дело за овие последни времиња. Секој треба да ја носи својата тежина на одговорност... Никој од вас не треба да се плаши дека некој друг ќе го заземе највисокото место. Сите треба да се третираат без пристрасност и без лицемерие“. ¬– Christian Leadership, p. 39.

б. Како христијанскиот управител постапува со оние кои се обесправени? Псалм 82:2-4.

„Од припадниците на Својот народ, Бог бара во никој случај да не дозволат угнетување на сиромашните и нажалените. Тие ќе ги примат ветените благослови само ако го скршат секој јарем и ги ослободат угнетените, постапувајќи несебично и со многу обѕир кон сиромашните и оние кои се неволја. Ако во црквата се најдат и такви кои пред слепите ставаат камен за сопнување, таквите треба да се повикаат на одговорност: бидејќи Бог бара од нас да бидеме заштитници на слепите, нажалените, вдовиците и сирачињата. Каменот на сопнување спомнат во Божјата реч не значи само парче дрво или некој друг материјал ставен пред нозете на слепиот за да се сопне туку значи многу повеќе од тоа. Тоа се однесува на секоја постапка со која може да се наштети на влијанието на слепиот брат, да се работи против неговите интереси и да се попречува неговиот просперитет.

Братот кој е слеп, сиромашен и болен, а прави сè што е во негова моќ сам себе да се издржува и да не зависи од другите, треба да се храбри и да му се крепат рацете на секој можен начин. Меѓутоа, оние кои тврдат дека се негови браќа, кои можат да ги користат сите свои работни способности и да не зависат од никој, но кои ги забораваат своите должности кон слепиот до таа мера што со своите постапки го збунуваат, растажуваат и попречуваат неговиот животен пат - прават грев за кој ќе мораат длабоко да се каат пред Бога и во потполност да се менуваат ако сакаат Бог да ги прими нивните молитви. И Божјата црква (во тоа место) која дозволи да му се прави неправда на унесреќениот брат, ќе биде виновна за тој грев сè додека не направи сè што е во нејзина моќ тоа зло да се отстрани“. ¬– 3 Сведоштво, 519,520.


Среда 20. јули

4. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЛОШО ДРУШТВО

а. Иако Господ е наш голем Советник, од кого можеме да бараме совет на оваа земја? Изреки 13:20.

„Единствениот сигурен начин за младите е да се дружат со оние кои се чисти и свети, и така природните склоности кон злото ќе се држат под контрола. Избирајќи ги за свои пријатели оние што се плашат од Господа, тие ретко ќе покажат недоверба во Божјата реч, ќе имаат сомнеж и неверство. Моќта на вистинскиот доследен пример претставува голема сила на добро“. ¬– Heavenly Places, p. 172.

б. Што треба да имаме на ум кога станува збор за луѓе кои не се во склад со начелата на христијанското управување? Изреки 14:7; 2 Солунјаните 3:6.

„Ако младите го изберат влијанието на мажите и жените со изопачени начела и практики и се поврзуваат со нив... тие стануваат загадени. Тивките и несвесни влијанија ќе се вткаат во нивните емоции и нивните животи, станувајќи дел од нивното битие и тие ќе продолжат да чекорат по самиот раб на бездната, не чувствувајќи никаква опасност. Тие учат да ги сакаат зборовите на додворувачот, медените зборови на измамникот, и ако некој не ги опсипува со ласкање, тие стануваат немирни, вознемирени и несреќни... Следењето на советот на безбожниците е првиот чекор кон стоењето на местото на грешниците и седнување на местото на презрените“. ¬– Heavenly Places, p. 172.

„Не е во ред христијаните да се дружат со луѓе кои се со непостојан морал. Блиското дружење кое само одзема време, не поттикнува јакнење на моралот и не придонесува за јакнење на умните и духовните сили, е опасно. Ако моралната атмосфера која го опкружува поединецот не е чиста и света, туку загадена со изопаченост, оние кои вдишуваат таква атмосфера, ќе увидат дека таа речиси незабележително делува на умот и срцето, труејќи и изопачувајќи сè околу себе. Опасно е да се дружите со луѓе чиј интелект е природно низок. Оние кои по природа се совесни и ја сакаат чистотата постепено и незабележливо ќе се симнат на исто ниво, ќе учествуваат и ќе се залагаат за слабоумноста и моралната празнина со која постојано доаѓаат во контакт“. ¬– 3 Сведоштво, 125.


Четврток 21. јули

5. ЗАЛУДНОСТА ОД ГОМИЛАЊЕ НА БОГАТСТВОТО

а. Колку од нашето земно богатство задржуваме кога ќе умреме? Псалм 49:16,17; Проповедник 5:13-15; 1 Тимотеј 6:7.

б. Што можеме да земеме со себе на големиот суд на човечкиот род? Матеј 16:26; Изреки 11:4; Исаија 31:7.

„И тогаш откупените ќе бидат пречекани со добредојде во домот што Христос им го подготвува. Таму нема да им прават друштво земните расипници, лажливците, идолопоклониците, расипаните, неверните, туку ќе се дружат со оние кои го совладале сатаната и преку Божјата благодат изградиле совршен карактер. Секоја грешна наклоност, секое несовршенство, што ги мачеле овде, отстранети се со Христовата крв и тие се облечени во совршенството и сјајот на Неговата слава што далеку го надминува сјајот на Сонцето. Моралната убавина, совршенството на Христовиот карактер, зрачи од нив, далеку надминувајќи ја вредноста на надворешната блескавост. Тие се без мани пред големиот бел престол, уживајќи го достоинството и привилегиите на ангелите.

Гледајќи го ова славно наследство, кое би можело да му припадне, ‘каков откуп ќе даде човекот за својата душа?’ (Матеј 16:26). Иако можеби е сиромашен, сепак во себе има достоинство и богатство, кое светот никогаш не би можел да му го даде. Душата откупена и исчистена од гревот, која сите свои благородни способности ги ставила во служба на Бога, има непроценлива вредност; и кога една душа ќе се спаси, радоста на Небото во присуство на Бога и светите ангели се изразува со песни на свето победоносно славење“. ¬– Патот кон Христа, 126.


Петок 22. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои се резултатите од измамничката комуникација?

2. Како нечесноста влијае на измамникот?

3. Како христијанските управители постапуваат со другите во нивните финансиски зделки?

4. Кој е финансиски советник на христијанскиот управител?

5. Што треба да нѐ потсетува на привремената природа на материјалното богатство?

 <<    >>