Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
9. лекција Сабота, 27. август 2022.

Мотивирани од љубовта

„Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов немам, ништо не сум“ (1 Коринтјаните 13:2).

„Научете дека христијанската љубов е од небесно потекло и дека без неа сите други особини се безвредни“. – The Review and Herald, July 21, 1904.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Counsels on Stewardship, pp. 20–23. 

Недела 21. август

1. ПОГЛАВЈЕ ЗА СЕГАШНО ВРЕМЕ

а. Како на христијанскиот управител влијае проучувањето и размислување со молитва на тринаесеттото поглавје од првото послание до Коринтјаните? 2 Коринтјаните 3:18; 1 Јованово 4:19-21.

„Господ сака да го сврти вниманието на Својот народ на тринаесеттото поглавје од 1 Коринтјаните. Читајте го ова поглавје секој ден и добивајте утеха и сила од него“. – The Review and Herald, July 21, 1904.

„Во тринаесеттото поглавје од 1 Коринтјаните, апостол Павле ја дефинира вистинската Христова љубов... Ова поглавје претставува израз на послушност кон сите кои го љубат Бога и ги држат Неговите заповеди и тоа треба да биде преточено во делата и животот на секој вистински верник“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1091.

б. За што треба длабоко да размислуваат сите оние кои ја исповедаат сегашната вистина во овие последни денови и се обидуваат да ја споделат со другите? 2 Петрово 1:10-12.

„Колку само треба да бидеме внимателни сите наши зборови и сите наши постапки да бидат во согласност со светата вистина што ни ја дал Бог! Луѓето ширум светот гледаат кон нас за да видат што прави нашата вера со нашите карактери и животи. Тие внимателно набљудуваат дали таа има посветувачко влијание врз нашите срца, дали се менуваме во Христовиот лик. Тие се подготвени да ја откријат секоја мана во нашите животи, секоја недоследност во нашите постапки. Да не им даваме причина да ја укоруваат нашата вера“. – The Review and Herald, June 5, 1888.


Понеделник 22. август

2. ПОБЕДА НАД СЕБИЧНОСТА

а. Зошто познавањето на вистината - заедно со умешноста правилно да се изрази - е недоволно за да се прослави Христос? 1 Коринтјаните 13:1.

„Ако спознанието на вистината не создава убавина во душата, ако не го покори, омекне и не го пресоздаде човекот според Божјиот лик, тоа не му користи на примателот; тоа е како бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1181.

„Говорните вештини и брилијантниот интелект не се она на што Бог смета. Сериозноста на намерата, длабоката побожност, љубовта кон вистината и стравот Божји е она што го прават влијанието ефективно. Сведоштво од срце, кое доаѓа од усните во кои нема лукавство, полно со вера и скромна доверба, иако изразено со несигурниот и несовршениот јазик на некој што има дури и говорна мана, Бог го цени како најскапоцено злато; додека жестокиот говор на елоквентен и многу талентиран говорник кому му недостига верност, доследност на намерата, чистота и несебичност - звучи како некој бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи. Тој може да каже нешто духовито, да раскаже интересна анегдота, да делува возбудливо на чувствата, но духот на Исус не е во него. Сето ова можеби му е угодно на неосветеното срце, но Бог ги држи во рака мерилата со кои ги мери зборовите, духот, искреноста и побожноста на говорникот, а сето тоа Тој го прогласува за побезвредно од суетата“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1091.

б. Каква опомена ни е дадена против себичното користење на Божјите благослови? Малахија 2:2; Јаков 2:15,16.

„Гревот во кој најмногу се запаѓа, кој нè одвојува од Бога и нè доведува до вистинска зараза на нарушување во духовен поглед, е себичноста. Никој не може да се врати кај Бога ако не се откаже од себеси. Ние тука не можеме ништо да постигнеме сами; но ако Бог ни подари сила, ќе може да живееме за добро на другите и така ќе се спасиме да не западнеме во гревот на себичноста. Не е потребно да одиме во незнабожечки земји за да покажеме колку сакаме да се посветиме на Бога и да живееме корисен, несебичен живот. Треба тоа да го правиме во својот домашен круг, во црквата, меѓу оние со кои се

дружиме и со кои работиме. Токму преку своите секојдневни постапки треба да се откажеме од своето ‘јас’ и да го држиме во потчинетост“. – 2 Сведоштво, 132.


Вторник 23. август

3. СТАПИЦА ЗА ХРИСТИЈАНСКИОТ УПРАВИТЕЛ

а. Иако библиските доктрини, правилното разбирање на пророштвото и бескомпромисната храброст се од суштинско значење, какво предупредување им се дава на сите што веруваат во сегашната вистина? 1 Коринтјаните 13:2,3.

„Без оглед на тоа колку сесрдно ја исповеда верата, човекот, чиешто срце не е исполнето со љубов кон Бога и кон ближните, не е вистински Христов ученик. И ако има силна вера, дури и моќ да прави чуда, а ако нема љубов, неговата вера е безвредносна. Таквиот човек може да биде мошне дарежлив; но кога од некоја друга побуда, а не од вистинска љубов, би го разделил сиот свој имот за да ги нахрани сиромасите, со таа постапка сепак не би заслужил Божјо признание. Таквиот човек во своето одушевување би можел дури и да умре со смрт на маченик, но ако на тоа не би го поттикнала љубов, Бог би го сметал за заблуден занесеник или за славољубив лицемер“. – Делата на апостолите, 318,319.

б. Со какви опасности можат да се соочат дури и најревносните приврзаници на тројната ангелска порака? Откровение 3:17; Исаија 65:5.

„Законската религија се смета за најсоодветна религија за ова време. Но, ова е грешка. Христовиот укор до фарисеите се однесува на оние кои ја изгубиле својата прва љубов. Студената, законска религија никогаш не може да ги води душите кон Христа, зашто тоа е религија без љубов, без Христа. Кога постот и молитвите се практикуваат во самоправеден дух, тие му се одвратни на Бога. Свечените собири за богослужба, верските обреди и церемонии, надворешната понизност, наметнатото жртвување - сето тоа му го објавува на светот сведоштвото дека оној што ги врши сите овие работи се смета за праведен. Овие работи го привлекуваат вниманието на вршителите на строгите должности, велејќи: Овој човек има право на небо. Но, сето тоа е измама. Делата нема да можат да ни купат билет за влез во небото. Едната голема Жртва која е принесена е доволна за сите што веруваат... Гледајте на Бога, не гледајте на луѓето. Бог е вашиот небесен Отец кој е подготвен трпеливо да ги поднесува вашите слабости, да ги прости и исцели“. – The Review and Herald, March 20, 1894.

„Ништо не може да го ослабне влијанието на црквата толку многу како недостатокот на љубов... Ако треба да се соочиме со противењето од нашите непријатели кои се претставени како волци, да внимаваме да не го манифестираме истиот дух меѓу себе“. – The Review and Herald, June 5, 1888.


Среда 24. август

4. ЦРПЕТЕ ОД ЧИСТ ИЗВОР

а. Каква служба е неприфатлива за Бога и зошто? Еремија 2:13; Исаија 58:4,5. Како можеме да го надминеме овој проблем? Исаија 58:6-8.

„Бидете духовно трезвени во молитвата. Само на тој начин можете да го посветите целото свое битие во делото Господово. Вашето јас мора да се стави во втор план. Оние кои се ставаат себеси во преден план добиваат воспитување кое набргу ќе стане дел од нивната природа; и наскоро нема да сфатат дека наместо да го воздигаат Исуса – тие се издигнуваат себеси, дека наместо да бидат канали низ кои тече жива вода за да ги освежи другите - тие ги впиваат симпатиите и чувствата на оние околу нив. Ова не е лојалност кон нашиот распнат Господ“. – Counsels on Health, p. 560.

„Тоа секојдневно умирање на нашето ‘јас’ во ситните работи нè прави победници. Треба да забораваме на себе во желбата да направиме добро на другите“. – 2 Сведоштво, 132.

б. Опишете го резултатот од вистинската религија. Јаков 1:27.

в. Како да ги донесуваме овие живи плодови? Јован 7:37,38.

„Чистата Христова религија е изворот од кој течат потоци на милосрдие, љубов и самопожртвуваност.

Вистинскиот христијанин или христијанка во сè се слични на Христа. Тие се активни во Божјата служба. Тие присуствуваат на состаноците за богослужение и со своето присуство ги охрабруваат и другите. Религијата не се состои од дела, туку религијата работи; таа не е во мирување.

Изгледа дека многумина мислат дека религијата има тенденција да ги ограничува способностите и дека ги ограничува своите членови, но вистинската религија нема такво тесноградо влијание; напротив, она што ги ограничува способностите и го попречува развојот на умот е недостатокот на религија. Кога човекот е тесноград, тоа е доказ дека му е потребна Божјата благодат, небесното помазание; зашто христијанин е оној преку кого Господ, Бог Саваот, може да работи, за да ги запази патиштата на Господ на земјата и да им ја објави Неговата волја на луѓето“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7, p. 935.


Четврток 25. август

5. СИЛА ЗА ВИСТИНСКО УПРАВУВАЊЕ

а. Кое е највисокото скалило на скалата на христијанскиот развој? 2 Петрово 1:4-7. Што треба да имаме на ум додека се трудиме да ги негуваме сите особини на вистински христијанин?

„Принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење; кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност; кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. Немојте да мислите дека треба да чекате додека не усовршите една благодат пред да негувате друга. Не, тие треба да растат заедно и постојано да се хранат од изворот на љубовта. Секој ден во вашиот живот, можете да ги усовршувате овие благословени особини, целосно откриени во Христовиот карактер; и додека го правите тоа, ќе внесете светлина, љубов, мир и радост во вашите домови“. – The Review and Herald, July 29, 1890.

б. Објаснете како можеме да бидеме исполнети со нов духовен живот и правилни мотиви. Езекиел 37:1-14; Марко 2:22.

„‘Жртва на Бога е смирен дух; срце скрушено и понизно, Боже, нема да презреш’ (Псалм 51:17). Човекот мора да се испразни од своето, ’јас’ пред да може да биде во вистинска смисла верник во Исуса. Кога човекот ќе се откаже од себе, тогаш Господ може да направи од истиот ново создание. Ново вино можат да држат само нови мевови. Христовата љубов ќе го вдахне верникот со нов живот. Во оние, кои постојано гледаат во Началникот и Свршителот на верата, ќе се одразува Неговиот карактер“. – Копнежот на вековите, 280.


Петок 26. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто христијанскиот управител треба секојдневно да го проучува 1 Коринтјаните 13?

2. На кој начин секој од нас може да падне во опасност да биде како бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи?

3. Зошто маченикот кој го исповеда Христа може да биде изгубен?

4. Кога нашиот став и нашето дело ќе му бидат угодни на Бога?

5. Како милосрдието соработува со другите атрибути што се наоѓаат во 2 Петрово 1:4-7?

 <<    >>