Back to top

Sabbath Bible Lessons

ПАВЛОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ ДО Коринтјаните

 <<    >> 
6. лекција Сабота, 6. август 2022.

Активни и способни

„Сè, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:10).

„Вистинската среќа се наоѓа само во тоа да се биде добар и да се прави добро. Најчистото, највозвишеното задоволство го имаат оние кои верно ги извршуваат должностите што им се доделени. Ниту една чесна работа не е понижувачка“. – The Youth’s Instructor, December 5, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Воспитување, 262–271. 

Недела 31. јули

1. ИЗБОР НА ЗАНИМАЊЕ

а. Како Библијата го фали корисното занимање? 2 Солунјаните 3:11,12.

„Поврзаноста на земните настани со небото и Христовата директна контрола над сето тоа се поголеми отколку што многумина замислуваат. Сите вистински пронајдоци наменети за подобрување на работните и животните услови го имаат својот извор во Оној кој е прекрасен во советите и совршен во делата. Вештиот допир на раката на лекарот, неговата сила на нервите и мускулите, неговото познавање на деликатниот механизам на телото, сето тоа е дар на божествената мудрост дадена со цел да се користи во корист на страдалникот. Вештината со која столарот ги користи своите алатки, силата со која ковачот го обликува железото на неговата наковална, сето тоа доаѓа од Бога. Што и да правиме, каде и да сме поставени, Тој сака да го контролира нашиот ум, така што сè што ќе направиме да биде совршено“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 277.

б. Наведете едно од најголемите проклетства за општеството и еден од најголемите благослови. 2 Солунјаните 3:10; Изреки 10:16.

„Една од најсигурните одбрани против злото е корисното занимање, додека безделничењето е едно од најголемите проклетства, затоа што го следат пороците, криминалот и сиромаштијата. Оние кои се секогаш зафатени, кои со задоволство ги извршуваат секојдневните задачи, се корисни членови на општеството“. – Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 275.


Понеделник 1. август

2. ПРИФАТЛИВА СЛУЖБА

а. Кои фактори треба да се земат предвид при изборот на занимање? Како нашите способности го одредуваат нашето место во животот? Наведи примери. Филипјаните 2:14,15.

„Со оглед на можностите во животот, кој е способен да оцени што е големо, а што мало? Колку луѓе на ниски положби во животот, поттикнувајќи дејности од благослов за светот, постигнале резултати на кои и цареви би можеле да им завидуваат!...

Она посебно место кое ни е одредено во животот, ни е доделено врз основа на нашите способности. Не достигнуваат сите ист степен на развој, ниту со ист успех ја извршуваат истата работа. Бог не очекува од исопот да ги достигне пропорциите на еден кедар, ниту од маслинката височина на величествена палма. Но секој мора да се труди да се вивне онолку високо колку што му овозможува здружувањето на човечките и небесните сили.

Мнозина не стануваат она што би можеле, затоа што не ја ползуваат силата што е во нив. Не се потпираат, колку што би можеле, врз божествената сила. Мнозина скршнале од патот на кој би можеле да постигнат најголем успех. Барајќи поголема почест или поугодна работа, тие се обидуваат да прават нешто за што не се способни. Многу луѓе чии таленти се посоодветни за некоја друга работа, амбицијата ги нагонува да се посветат на некоја интелектуална професија. И така, оној кој можел да биде успешен како земјоделец, занаетчија или медицински техничар, носи назив на проповедник, правник или лекар, иако е неспособен за тоа. Други, пак, кои можеле да се занимаваат со некоја одговорна работа, се задоволуваат со некоја полесна положба едноставно поради недостиг на енергија, трудољубивост или истрајност.

Ние мораме поточно да се придржуваме до Божјиот план за животот. Да ја извршуваме колку е можно подобро работата која е пред нас, да Му ги довериме на Бога нашите патишта и да внимаваме на знаците на Неговото провидение - тоа се правилата кои служат како сигурен водич при изборот на професијата“. – Воспитување, 266,267.

б. Без оглед на нашите таленти и нашиот повик, кој е најважниот аспект од нашата животна работа? Евреите 6:10.

„Чистата, посветена љубов, љубов каква што се одразувала во Христовото животно дело, слична е на свет мирис. Како скршен сад со миризливото масло на Марија, таа ја исполнува целата куќа со мирис“. – 6 Сведоштво, 84.


Вторник 2. август

3. РАБОТНА ЕТИКА

а. Без разлика на нашето конкретно занимање, која треба да биде нашата цел во однос на нашата работа? 1 Коринтјаните 3:12-14; 2 Солунјаните 2:17.

„Бог нема да го стави Својот потпис врз работата на кој било човек, влијателен или безначаен, богат или сиромашен, освен ако тоа не е направено од срце, верно и само за Негова слава“. – Counsels on Stewardship, pp. 128, 129.

б. Која е работната етика на еден христијанин? Колосјаните 3:22-24.

„Големите вистини морат да се внесат во ситници. И во најскромните должности на секојдневниот живот мора да биде внесена практичната религија. Најголемата квалификација за секој човек е безусловно да се покорува на Божјата реч.

Бидејќи не се поврзани директно со некоја верска активност, мнозина сметаат дека живеат бескорисен живот, дека не прават ништо за унапредување на Божјото царство. Меѓутоа, тоа е заблуда. Ако се занимаваат со некоја работа која некој мора да ја изврши, тие не смеат да се обвинуваат себеси дека се некорисни припадници на големото Божјо семејство. Не смеат да се занемарат ниту најскромните должности. Секоја чесна работа служи на благослов, а верноста при една таква работа може да се покаже како обука за поголеми одговорности.

Колку и да е скромна, секоја работа направена за Бога со целосно предавање на себеси е прифатлива за Него исто како и највисоката служба. Ниту еден прилог не е мал ако се дава со искрено срце и радост во душата.

Каде и да сме, Христос ни налага да ја прифатиме секоја должност што ни се нуди. Ако е тоа во домот, потрудете се доброволно и сесрдно својот дом да го сторите пријатно место. Ако сте мајка, воспитајте ги своите деца за Христа. Тоа е исто толку важна работа за Господа колку и делото на проповедникот на проповедалницата. Ако должноста ве врзува за кујна, потрудете се да станете совршен готвач. Настојувајте да подготвувате здрава, хранлива и вкусна храна. И додека ги користите најдобрите состојки при подготовка на храна, секогаш трудете се и својот ум да го храните со најдобри мисли. Ако обработувате земја, или се занимавате со некој занает или со која било трговија, трудете се да постигнете најдобар успех во таа своја сегашна должност. Посветете се со телото и душата на работата што ја работите. Со секое твое дело претстави го Христа. Прави онака како што би направил Тој на твое место.

Колку и да е мал вашиот талант, Бог има место за него. Тој еден талант, мудро употребен, ќе ја заврши задачата што му е доделена. Кога сме верни во мали должности, ние работиме според планот на додавање, а Бог работи според планот на умножување. Тие мали дарови ќе се претворат во најдрагоцено влијание во Неговото дело“. – Христовите поуки, 359,360.


Среда 3. август

4. НАЈВАЖНАТА РАБОТА

а. Која е најважната работа во која христијанинот може да се вклучи? Матеј 28:19,20; Псалм 96:3.

„Работата која е над секоја работа – работа која е поважна од сѐ друго и која треба да ја привлече и да ја ангажира енергијата на душата - е делото на спасување на душите за кои Христос умрел. Направете да биде посебна, најважна работа во вашиот живот. Соработувајте со Христа во ова величествено и благородно дело, и станете домашни и странски мисионери. Бидете подготвени и активни да работите дома или во далечни земји за да спасувате души. Правете ги Божјите дела и покажете ја својата вера во вашиот Спасител работејќи за другите. О, кога младите и старите целосно би се свртеле кон Бога, и би ја презеле должноста што се наоѓа пред нив и би работеле најдобро што можат, станувајќи работници заедно со Бога! Доколку тоа се случи, мноштво гласови ќе го фалат Оној кој ги повикал од темнината во Неговата прекрасна светлина“. – The Youth’s Instructor, May 4, 1893.

„Секој вистински ученик се раѓа за Божјото царство како мисионер. Оној што пие од живата вода, станува извор на животот. Примателот станува давател. Христовата благодат во душата е како извор во пустина што извира да ги освежи сите и кај оние што се близу до смртта да создаде голема желба да пијат од водата на животот“. – Копнежот на вековите, 195.

б. Зошто мисионерот е полн со радост додека ја врши својата работа? Лука 15:6,7; Псалм 51:12,13.

„Обратувањето на душите кон Бога е најголемо и највозвишено дело во кое човечките суштества можат да имаат удел. Во тоа дело се откриваат Божјата сила, Неговата светост, трпеливост и Неговата безгранична љубов. Секое вистинско обратување го прославува Него и ги поттикнува ангелите да запеат“. – 7 Сведоштво, 52.

„Не можеме да имаме поголема радост од тоа да бидеме работници заедно со Бога, спасувајќи ги душите од ропството на гревот и изградување на Христовото царство. Оваа радост е Христова радост и секоја душа што ќе учествува во неа ќе биде исполнета. Секогаш одново можеме да пиеме од овој извор на радост и да се радуваме на него, знаејќи дека на таквата среќа и нема рамна“. – The Review and Herald, February 13, 1894.


Четврток 4. август

5. ДРУГИ ЗАНИМАЊА

а. Како можеме да ја извршиме работата на спасување души во различните христијански занимања? Ефесјаните 4:28; 1 Коринтјаните 15:58.

(1) Медицинска работа: „Нема поважно мисионерско поле од она што го зазема верниот, богобојазлив лекар“. – 5 Сведоштво, 448.

(2) Деловна струка: „Има потреба од деловни луѓе кои големите начела на вистината ќе ги преточат во сите свои деловни потфати... (Даниел) претставува пример за она што може да стане секој деловен човек“. – Христовите поуки, 350,351.

(3) Учители: „Потребни се, учители, особено за децата“. – 6 Сведоштво, 201.

(4) Други занимања: „Вистинската среќа се наоѓа во тоа да бидеш добар и да правиш добро... Ниту една чесна работа не е понижувачка“. – The Youth’s Instructor, December 5, 1901.

б. Како Бог гледа на чесно стекнатото богатство? Второзаконие 8:18.

„Библијата не го осудува богатиот човек затоа што е богат; таа не го прогласува стекнувањето богатство за грев, ниту пак дека парите се коренот на секое зло. Напротив, Библијата вели дека Бог е тој што дава сила да се заработи богатство. А таа способност е драгоцен талент, доколку е посветена на Бога и го унапредува Неговото дело. Библијата не ги осудува генијалноста или уметноста, бидејќи тие доаѓаат од мудроста што ја дава Бог. Не можеме да го направиме срцето почисто или посвето ако облечеме кострет или ако го лишиме својот дом од она што е удобно, вкусно и практично“. – Counsels on Stewardship, p. 138.


Петок 5. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква корист можеме да имаме од корисна работа?

2. Кои фактори треба да влијаат на нашиот избор на професија?

3. Како може некој да ја користи својата професија како благослов?

4. Во кое животно занимање можеме сите да се пробаме? Зошто тоа претставува задоволство?

5. Наведете неколку примери за прекрасните можности за спасување на душата.

 <<    >>