Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
  Сабота, 5. јуни 2021.

Дар во првата сабота за централата во ДР Конго

Демократска Република Конго (порано позната како Заир) е огромна земја во централна Африка, со површина од 2.345.410 км2, што ја прави најголема земја во субсахарска Африка, втора по големина во Африка и единаесетта по големина во светот. Државата со биолошка разновидност, со околу 80 милиони хектари обработливо земјиште и над 1.100 минерали и благородни метали, се граничи со девет држави: на север со Централноафриканската Република и Јужен Судан; на исток со Руанда, Бурунди, Танзанија и Уганда, на запад со Република Конго и на југ со Ангола и Замбија.

Населението во ДР Конго се проценува на близу 90 милиони, од кои, според енциклопедијата Британика, околу три четвртини исповедаат христијанство - 33% се римокатолици, 20% протестанти, 22% се членови на црквите „Будење“ и „Христијанска преродба“, 2% припаѓаат на салутистички религии, 2% се муслимани, 10% припаѓаат на други религии и 11% не признаваат никаква религија.

Пораката на Реформното движење започнала тука во 1972. година, во провинцијата Катанга, и значително се развила во 90-тите години на минатиот век, а после тоа и во 21-от век, кога беше организирана како мисија од страна на Генералната Конференција. Подоцна, во 2012. година, станала Унија на мисии, и работата бргу напредувала.Во

Унијата на ДР Конго има потреба од зграда за централата; организацијата во моментов изнајмува куќа. Имајќи ја во предвид оваа реална потреба, се молиме Господ да ги допре вашите срца и да размислите за нашата ситуација. Ве молиме, оваа сабота, великодушно приложете ги вашите дарови и донации за да ни помогнете да обезбедиме купување на соодветно земјиште во главниот град Киншаса за изградба на прекрасен споменик за централата и црквата што ќе бидат претставници на Реформното Движење, на слава на нашиот Бог.

Потсетувајќи ве на зборовите на нашиот Господ Исус, „Поблажено е да се дава, отколку да се прими“ (Дела 20:35), ги повикуваме нашите браќа и сестри ширум светот да помогнат во овој проект. Се молиме Бог однапред да ја награди вашата дарежливост кон мисионерското дело во ДР Конго.

Бог кој е сочувствителен и милостив да ве благослови сите.

Вашите браќа и сестри од Унијата на ДР Конго

 <<    >>