Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
8. лекција Сабота, 22. мај 2021

Постигнување на поголема ефикасност

„И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свештеници и се покори на верата” (Дела 6:7).

„(Дела 6:7) Таков прилив на души настанал благодарение на големото заземање и на слободниот пристап што го обезбедиле апостолите како и на ревноста и силата што ги покажале седумтемина новозаветни ѓакони”. – Делата на апостолите, 90.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 87-101. 

Недела 16. мај

1. СОМНЕЖОТ ПОТТИКНАТ

а. Бидејќи Господ направил црквата да расте, како сатаната потајно се прикрал во паднатата човечка природа за да предизвика раздор и криза? Дела 6:1.

„Срцата на оние кои биле преобратени со помош на апостолите биле смекнати и соединети со христијанска љубов. Нас¬проти поранешните предрасуди, сите биле сложни меѓу себе. Сатаната знаел дека сè додека тие живеат во меѓусебно един¬ство и слога, тој не ќе може да го спречи ширењето на еван¬гелието и затоа се трудел да ги користи нивните поранешни гледишта, надевајќи се дека на тој начин ќе успее да внесе елементи на раздор во црквата.

А кога бројот на учениците се зголемил, непријателот раз¬будил сомневање кај некои кои порано со завист ги гледале своите браќа во верата и изнаоѓале грешки кај своите духовни водачи, и така ‘Грците се побунија против Евреите’. Причината за поплаки наводно била таа што грчките вдовици биле запоставени при секојдневното делење на храна. Секоја нееднаквост би била спротивна на духот на евангелието, но сатаната сепак успеал да разбуди недоверба”. – Делата на апостолите, 87,88.


Понеделник 17. мај

2. РЕШЕНИЕТО Е ПРОНАЈДЕНО

а. Што треба да научиме од предложениот чекор кој требало да ги спречи апостолите да се одвратат од нивната задача да ја носат евангелската порака на светот? Дела 6:2-4.

„Проповедникот не може да ја зачува најдобрата духовна свежина ако од него се бара да ги решава малите тешкотии во разни цркви. Ова не е работата на која тој е повикан. Бог сака да ја искористи секоја способност на своите избрани гласници. Нивниот ум не треба да се заморува со долгите одборски состаноци во ноќните часови, бидејќи Бог сака сите нивни умни способности да се искористат во објавување на евангелието, јасно и моќно, како што е во Христос Исус...

Голема грешка е да се задржува проповедникот кој е надарен со сила да го проповеда евангелието, постојано да работи на деловни работи. Тој кој ја распространува Речта на животот, не треба да дозволи да му се наметнуваат премногу товари...

Со финансиските работи треба правилно да управуваат по можност способни деловни луѓе; но проповедниците и евангелистите се издвоени за друга насока на работата. Нека управувањето со финансиските работи се остават на други луѓе од оние кои се одвоени за работа на проповедање на евангелието”. – Evangelism, pp. 91, 92.

б. Како црквата одговорила на оваа идеја, и каква корист гледаме од резултатот? Дела 6:5-7.

„Именувањето на овие седуммина да надгледуваат посебна гранка на евангелското дело, се покажало како голема благодат за црквата. Тие служители совесно воделе грижа за потребите на поединците и за општите материјални интереси на црквата…

Дека тој чекор му бил по волја на Бога, се покажало веднаш во добрите резултати што уследиле (Дела 6:7)”. – Делата на апостолите, 89.

„Со години Господ нè упатувал да избереме мудри луѓе - луѓе кои се посветени на Бога, луѓе кои ги знаат начелата на небото, луѓе кои научиле што значи да се оди со Бога - и да им ја префрлиме одговорноста да се грижат за нашите деловни интереси кои се поврзани со нашата работа. Ова е во согласност со библискиот план, како што е наведен во шестата глава од Делата на апостолите. Треба да го проучиме овој план; затоа што Бог го одобрил”. – The Review and Herald, October 5, 1905.


Вторник 18. мај

3. ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОВИКОТ

а. Опишете ги посебните квалификации на ѓаконот (одредена служба за која е потребно ракополагање, иако понекогаш оваа функција погрешно се применува кога се однесува на било кој служител или чувар на црковниот имот). 1. Тимотеј 3:8-13.

„Фактот што тие браќа биле ракоположени да се грижат за потребите на сиромасите, за нив не претставувал никаква пречка да го проповедаат и евангелието. Напротив, тие секогаш биле склони да ги упатуваат луѓето на вистината и сесрдно и со голем успех се посветиле на таа работа.

На првата црква ѝ било доверено дело што добивало сè по¬голем обем. Нивна задача била да организираат центри на свет¬лина и благослови секаде каде што има искрени души подгот¬вени да ѝ се посветат на Христовата служба”. – Делата на апостолите, 90.

б. Што можеме сите ние да научиме од особините кои го направиле Стефан особено ефикасен во неговиот повик како ѓакон? Дела 6:8; 2. Тимотеј 2:15.

„Првиот од седуммината ѓакони, Стефан, бил човек со длабока побожност и со силна вера. Иако по потекло бил Евреин, тој зборувал грчки и бил запознат со обичаите, со стилот и однесувањето на Грците. Така му се дала можност да го проповеда евангелието во синагогите на грчките Евреи. Бил мошне активен во Христовото дело и бестрашно ја исповедал својата вера. Учените рабини и најистакнатите законици се впуштале со него во јавни дискусии, очекувајќи со сигурност лесна по¬беда. Но ‘не можеа да ѝ се противстават на мудроста на Духот со кој тој зборуваше’”. – Делата на апостолите, 97.

„Работниците мораат да имаат разновидно искуство ако сакаат да растат во благодатта и познавањето на вистината. Ова најдобро се стекнува со широката дејност во нови полиња, на разни места, каде што ќе дојде во допир со разни, различно настроени луѓе и каде што ќе биде потребно да ја сосредоточи својата работа според желбите на многумина и различни духови. Тоа го наведува вистинскиот работник кај Бога и во Библијата да бара светлина, сила и мудрост, за да биде во состојба да одговори на потребите на луѓето”. – 2. Сведоштво, 642.

„Божјиот Дух делува на умот и срцата на луѓето, и ние треба да работиме во хармонија со Него”. – 6. Сведоштво, 55.


Среда 19. мај

4. ПРОГОНСТВОТО НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ

а. Вриејќи од горчлива жолчка на завист, како непријателот на душите поттикнал лажно противење против Стефан? Дела 6:8-14.

„Стефан, полн со вера, правеше големи чуда и знаци меѓу народот. Еврејските водачи биле уште побесни кога виделе дека дури и некои свештеници ги напуштаат нивните традиции и принесувањето жртви, а ја прифаќале големата Исусова жртва. Со сила што ја примал одозгора Стефан ги укорувал свештениците, а Исуса го величал пред нив. Тие не можеле да и се спротивстават на мудроста и силата со која што зборувал и бидејќи не можеле ништо да најдат против него, ги наговориле луѓето лажно да сведочат како наводно го слушнале дека хули на Мојсеја и на Бога”. – Рани списи, 197.

б. На кој начин нашиот Учител нè предупредил на вакви настани, и кои зборови на псалмистот можат да ни донесат надеж? Матеј 10:16,17; Псалм 31:18-20.

„Срцата на луѓето ниту денес не се поблаги ниту понежни отколку што биле во времето кога Христос бил на Земјата. Тие ќе прават сè што е во нивна моќ помагајќи му на непријателот што погрубо да постапи со Христовите слуги, како што постапувале и со Христа додека бил на Земјата. Ќе ги камшикува со јазик на оговарање и лаги. Ќе ги критикува и обвинува токму поради оние напори кои ги преземаат по Негов налог. Раководејќи се од сомнежот, ќе им подметнува проневера и нечесност таму каде што сè е исправно и каде што се гледа совршена беспрекорност. На Божјите слуги ќе им бидат припишани себични мотиви и тогаш кога е потполно очевидно дека Тој ги води и дека се подготвени да го дадат дури и својот живот за напредок на Неговото дело, ако Тој тоа го побара”. – 4. Сведоштво, 234.

в. Што било забележително во врска со Стефан, кога бил обвинет? Дела 6:15.

„Сјајната светлина на Христовото лице зрачела врз Стефан со таков сјај така што дури и неговите непријатели виделе како неговото лице сјае како лице на ангел”. – Messages to Young People, p. 113.


Четврток 20. мај

5. СВЕДОЧЕЊЕ ПРЕКУ МАЧЕНИШТВО

а. Опишете ја реакцијата на советот, откако Стефан отворено го заклучил обемното излагање на бунтовната историја на еврејскиот народ. Дела 7:51-57. До каде ги довел нивниот бес? Дела 7:58,59.

б. Зошто нашите срца можат да бидат загреани на крајот од тоа излагање? Дела 7:60.

„Во сите векови Божјите избраници биле понижувани и прогонувани, но сепак, преку нивните неволји, знаењето за Бога се ширело на сите страни. Секој Христов ученик мора да стапи во овие редови и да го продолжи истото дело, знаејќи дека непријателите на делото не можат да сторат ништо против вистината, туку само за вистината. Бог сака вистината на сите да им стане позната, и да стане предмет на испитување и дискусија, дури и ако презирањето ги навело луѓето на тоа. Човечките умови мора да бидат потресени. Секој судир, секој укор, секој напор да се ограничи слободата на совеста, сето тоа се Божји средства да се разбудат умовите кои инаку би можеле да заспијат.

Колку пати ова се потврдило во животот на Божјите гласници! Кога благородниот и речит Стефан бил каменуван до смрт на поттик на Синедрионскиот совет, тоа не му нанело никаква загуба на делото на Евангелието. Небесната светлина која го осветлувала со слава неговото лице, и божественото сочувство со која дишела неговата смртна молитва, биле како остра стрела на осведочување за верски закоравениот член на Високиот совет кој тука присуствувал”. – Мисли од гората на блаженството, 33,34.


Петок 21. мај

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како непријателот се обидува да се меша дури и во добротворни дела?

2. Зошто ракополагање на ѓакони е толку корисно за локалните цркви?

3. Дури и ако не сум повикан да бидам ѓакон, што можам да научам од Стефан?

4. Во светлината на оваа лекција, зошто морам да бидам многу претпазлив ако зборувам за некого?

5. Иако работата на Стефан била прекината, зошто сè уште имала голема вредност?

 <<    >>