Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
10. лекција Сабота, 5. јуни 2021

Савловото предавање

„Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да направам?” А Господ му рече: „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!” (Дела 9:6).

„Нашето лично идно добро, а исто така и спасението на другите души, зависи од патот кој сега го следиме. Треба да бидеме водени од Духот на вистината. Секој Христов следбеник треба искрено да се праша: ‘Господе, што сакаш да правам?’” – Големата борба, 601.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   3. Сведоштво, 428-434. 

Недела 30. мај

1. ПРЕОБРАЗУВАЧКА СВЕТЛИНА

а. Објаснете ја агонијата на Савле и како Христос го спречил неговото духовно слепило да рита против бодилото на совеста. Еремија 17:5; Дела 9:1-5.

„Умот кој се противи на вистината сè гледа во изопачена светлина. Тој е фатен во сигурна мрежа на непријателот и сè посматра во светлината што тој му ја сервира.

Савле од Тарс бил пример за тоа. Тој немал морално право да биде неверник. Но, тој избрал да ги прифати мислењата на луѓето наместо Божјиот совет. Тој ги имал пророштвата што укажувале на Месијата, но тој им давал приоритет на изреките на рабините и зборовите на луѓето“. – The SDA Bible Commentary E. G. White Comments], vol. 6, p. 1057.

„Тој (Павле) бил очевидец на Стефановата воздржаност кон своите непријатели и на неговото великодушно проштавање. Исто така бил сведок на цврстината и на ведрото спокојство на многу луѓе кои и самиот ги изложувал на измачувања. Видел дури како некои од нив со радост го даваат и својот живот за својата вера.

Сите овие факти силно му се наметнале на Савле и понекогаш во неговиот дух предизвикувале речиси непоколебливо осведочување дека Исус навистина е ветениот Месија”. – Делата на апостолите, 116.


Понеделник 31. мај

2. ПОВИКОТ СЕ ПОВТОРУВА И ДЕНЕС

а. Што треба сите ние да научиме од тоа како Господ може нагло да го сврти текот на животните настани за да спаси искрена душа? Еремија 10:23,24.

„(Павле) совесно направил многу зла против името на Исус Назареецот. Во својата ревност, бил најупорен и најжесток противник на Христовата црква“. – 3. Сведоштво, 429.

„Христовите слуги не треба да дозволат да бидат попречени од оние кои од Евангелието прават само предмет на расправија и потсмев.

Спасителот, меѓутоа, никогаш не заобиколил ниедна душа, без оглед колку таа потонала во грев, која сакала да ги прими скапоцените небесни вистини. За цариниците и блудниците Неговите зборови претставувале почеток на нов живот. Марија Магдалена, од која Тој истерал седум ѓаволи, била последна на Неговиот гроб и прва која Тој ја поздравил во утринските часови на Неговото воскресение. Савле од Тарс, еден од најогорчените противници на Евангелието, станал Павле, верен Христов слуга. Можеби под изгледот на омраза и презир, па дури и злочин и изопаченост, се крие душа која Христовата милост ќе ја спаси да блеска како скапоцен камен во круната на Спасителот“. – Мисли од гората на блаженството, 129,130.

б. Со кое клучно прашање треба сите да се поклониме пред нашиот Господар, во длабока понизност и целосно предавање во секоја фаза од нашиот живот? Дела 9:6.

„Бог повторно те повикува. Тој копнее да допре до твоето срце иако е потполно обземено од себичноста и грижите на овој живот. Тој те повикува својата љубов и внимание, наместо на минливостите на овој свет, да ги посветиш на она што е небесно и неминливо. За да ја познаеш Божјата волја, мораш внимателно да ја проучуваш Неговата реч, не поведувајќи се по природните склоности на својот непрепороден ум. ‘Што сакаш да направам Господе?’ - тоа треба да биде искрено прашање на твоето срце“. – 4. Сведоштво, 53,54.

„Прашајте го Оној што поднел потсмев, навреди и потценување заради вас: ‘Господе, што сакаш да направам?’ (Дела 9:6). Никој не е толку многу образован за да стане понизен ученик на Христа. Оние кои сметаат дека се почестени што можат со својот живот и знаење да Му служат на Оној што ги примил, нема да ги избегнуваат жртвите, напорите и работата и со својата служба ќе Му ги вратат на Бога талентите што им ги доверил“. – 5. Сведоштво, 584.


Вторник 1. јуни

3. ИСПРАТЕН ВО БОЖЈАТА ЦРКВА

а. Што треба сите ние да научиме од начинот на кој Савле, горд религиозен човек, бил длабоко понижен и пред Бога и пред човекот? Дела 9:7,8.

„Павле навистина верувал дека верата во Исуса го укинува Божјиот закон, принесувањето на жртви, чинот на обрезување и сè она што Бог со векови го прифаќал со потполно одобрување. Но чудесната Христова појава пред вратите на Дамаск внела светлина во замрачените одаи на неговиот ум; и тој сфатил дека Исус Назареецот Кој тој го прогонува е навистина Спасител на светот...

Христос го испратил токму кај оние ученици кои толку огорчено ги прогонувал, тие да го учат. Погоден од сјајот на неиздржливата небесна светлина, Павле ослепел, но Исус како Голем Лекар Кој им го вратил видот на толку слепи, веднаш не го исцелил“ – 3. Сведоштво, 429.

„Какво понижување било за Павле кога дознал дека цело време ги користел своите сили против вистината, мислејќи дека ја извршува Божјата служба, го прогонувал Христа... Неговата разбудена совест, сега строго го осудувала. Неговата поранешна ревност и искреност во спротивставување на светлината што го осветлувала преку Божјите гласници, сега претставувала осуда за неговата душа; и тој се исполнил со горко каење. Тој повеќе не се гледал себеси како праведен, туку осуден од законот во мислите, во духот и делата. Се гледал себеси како грешник, целосно изгубен, без Спасител кого го прогонувал”. – The SDA Bible Commen¬tary E. G. White Comments], vol. 6, p. 1058.

б. Опишете го искуството на Савле додека бил слеп. Дела 9:9.

„Тие денови ги поминал наполно осамен, испитувајќи се себеси со понизно срце...

Кога целосно ѝ се предал на убедливата сила на Светиот Дух, Савле ја сфатил својата заблуда и далекусежните барања на Божјиот закон. Тој, кој бил горд фарисеј, уверен дека прави добри дела, сега се клања пред Бога со понизност и со едноставност на малечко дете, признавајќи ја својата недостојност и потпирајќи се во молитва на заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител”. – Делата на апостолите, 118,119.


Среда 2. јуни

4. ПОДГОТВЕН ЗА АКЦИЈА

а. Согледајте ја јасната заедница помеѓу Христос и Ананија, и објаснете зошто секој верник може да биде охрабрен од тоа. Дела 9:10-16.

„Секој треба да има лично искуство во подучувањето од Големиот учител, и лична заедница со Бога”. – Testimonies to Ministers, p. 486.

б. Опишете го нежниот, богобојазлив начин на кој Ананија и црквата во Дамаск му служеле на Савле (сега наречен Павле) како нов верник. Дела 9:17-19.

„Така Исус го потврдил авторитетот на својата организирана црква и го поврзал Савле со своите назначени од Него претставници на земјата”. – Делата на апостолите, 122.

в. Наведете ги чекорите на Павле по крштевањето, како и искушенијата со кои се соочил. Дела 9:20-25.

„Ананија го крстил Павла во реката во Дамаск. Потоа бил окрепен со храна и веднаш започнал да им го проповеда Исус на верниците во градот, истите оние поради кои бил испратен од Ерусалим со цел да ги уништи. Тој исто така поучувал во синагогите дека Исус, кој бил убиен, навистина бил Син Божји. Неговите докази од пророштвата биле толку убедливи, а неговите напори биле толку поддржани од Божјата сила, така што Евреите што се противеле биле збунети и не можеле да му одговорат”. – Sketches from the Life of Paul, p. 32.

„Павле тврдел дека промената на верата кај него не е последица на некоја набрзина донесена одлука или фана¬тизам, туку е предизвикана со непобитни докази...

Но срцата на мнозина се стврднале и не ја прифатиле не¬говата порака, и нивното чудење во врска со неговото прео¬братување набргу се претворило во огорчена омраза, слична на онаа што ја негувале и спрема Исуса”. – Делата на апостолите, 125.

„(Свештениците и водачите) се сложиле во тоа дека најсигурно решение би било да го убијат Павле. Меѓутоа Бог знаел за нивните намери и затоа му испратил ангели за да го вардат, за да може да преживее сѐ додека не ја заврши својата мисија”. – Рани списи, 202.

в. Зошто Павле отишол во пустината? Галатјаните 1:17; Псалм 119:10 (прв дел).


Четврток 3. јуни

5. ИСКУШЕНИЈА И ПРОВИДЕНИЕ

а. Откако поминал три години во Арабија, сам и во молитва, со каква неочекувана мака се соочил Павле, и кога Бог го употребил да му помогне? Дела 9:26,27.

„(Варнава) целосно поверувал и го прифатил Павла, го фатил за раката и го довел кај апостолите. Тој со нив го споделил искуството кое штотуку го слушнал...

Апостолите повеќе не се двоумеле; тие не можеле да му се спротивстават на Бога. Петар и Јаков, кои во тоа време биле единствените апостоли во Ерусалим, му подале десна рака на пријателство на поранешниот жесток гонител на нивната вера; и тој сега бил онолку сакан и почитуван колку што порано се плашеле и го избегнувале”. – The Spirit of Prophecy, vol. 3, p. 321.

б. Иако апелите на Павле биле убедливи и неспорни, што наскоро било потребно да се направи, и како во тоа сепак можеме да ја видиме Божјата рака на љубовта? Дела 9:28-31; 22:17-21.

„Со срце исполнето со тага, (Павле) видел дека мора да се оддели од своите браќа. Тој доброволно би го дал својот живот, ако тоа им помогне да ја познаат вистината. Евреите започнале да измислуваат планови за да му го одземат животот, а учениците го повикувале да го напушти Ерусалим; но тој се двоумел, не сакајќи да го напушти местото, и сакал уште малку да поработи за своите еврејски браќа...

Кога браќата дознале за визијата на Павле и за Божјата грижа за него, нивната вознемиреност се зголемила за него; зашто сфатиле дека тој навистина е избран сад Господов, за да им ја носи вистината на незнабошците. Тие побрзале тајно да го изнесат од Ерусалим, од страв дека ќе го убијат”. – The Spirit of Prophecy, vol. 3, p. 321-323.


Петок 4. јуни

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Во кои области од животот можеби јас се ритам против бодилото на совеста?

2. Кого во моето друштво, можеби сум во опасност да го потценам?

3. Како Бог можеби се обидува да ме понижи за да ме направи поефикасен сад?

4. Што нè учи односот помеѓу Ананија и Савле за црквата?

5. Може ли јас, слично на Павле, да останам на одредено место, додека Бог ме сака на друго место?

 <<    >>