Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
3. лекција Сабота, 17. април 2021

Сила на Педесетница

„Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“ (Лука 11:13).

„Ние треба да се молиме за излевање на Светиот Дух врз нас исто толку сесрдно како што се молеле учениците на Педесетница. Ако им бил потребен ним во тоа време, нам денес ни е уште попотребен“. – 5. Сведоштво, 158.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Делата на апостолите, 35-42. 
  8. Сведоштво, 19-23. 

Недела 11. април

1. ПОДГОТОВКА ЗА ИЗЛЕВАЊЕ

а. Како одговор на молитвата, што се случило кога учениците биле еднодушни на едно место, и што можеме да научиме од тоа? Лука 11:13; Дела 2:1,2.

„Треба да се забележи дека Духот се излеал врз учениците дури тогаш кога целосно се обединиле, тогаш кога престанале да се борат за највисоко место. Станале еднодушни. Сите несогласувања биле отстранети...

Учениците не го барале тој благослов само за себе. Нив ги притискал товар за душите...

Христијаните треба да ги отфрлат сите несогласувања и да му се предадат на Бога заради спасување на изгубените. Со вера нека се молат за ветениот благослов и тој ќе дојде“. – 8. Сведоштво, 20,21.

„Можеме слободно да се стремиме кон единство во доктрината и духот, и ако го постигнеме тоа, ќе бидеме во хармонија со Божјата волја. Ако ја отфрлиме себичноста, гордоста, суетата и злите претпоставки, ќе станеме силни во Бога и вратата на нашето срце ќе биде отворена за влез на Христа; би се крстиле со Светиот Дух и би биле исполнети со секоја Божја полнота“. – The Review and Herald, April 22, 1890.


Понеделник 12. април

2. ПРЕД МНОГУНАЦИОНАЛНА ПУБЛИКА

а. Какво чудо наскоро доживеале учениците, и зошто тоа било потребно? Дела 2:3-11. Како овој настан бил најавен во пророштвото? Марко 16:17.

„Светиот Дух, примајќи облик на пламени јазици, слегол врз собраните. Тоа бил пригоден сим¬бол на дарот што им е даден тогаш на учениците и кој ги оспо¬собил правилно и течно да зборуваат јазици кои до тогаш им биле наполно непознати. Појавата на пламен ја прикажувала сесрдната ревност со која учениците работеле и силата што ја придружувала нивното дело.

‘А тогаш во Ерусалим живееја Евреи, побожни луѓе, од сите народи под небото’. Во текот на своето раселување, Евреите биле расеани речиси низ сите делови на тогашниот населен свет, па во своето изгнанство научиле различни јазици. Во таа пригода многу од нив се нашле во Ерусалим, присуствувајќи на верските свечености кои штотуку се одржувале. На соборот биле застапени сите познати јазици на светот. Тоа шаренило на јазици би претставувало голема пречка за проповедањето на евангелието и затоа Бог на чудесен начин го надоместил овој недостиг на апостолите. Светиот Дух за нив го сторил она што тие сами не би можеле да го постигнат за време на целиот свој живот. Сега можеле да ги проповедаат вистините на еван¬гелието и во други земји, служејќи се совршено со јазикот на оние за кои се залагале. Тој чудесен дар за светот претставу¬вал непобитен доказ дека мисијата што им е доверена навис¬тина носи небесен печат. Од тој миг јазикот на учениците бил чист, едноставен и јасен, било да зборувале на својот мајчин, или на некој туѓ јазик“. – Делата на апостолите, 39,40.

б. Како му бил прикажан опасниот фалсификат на овој дар на старозаветниот пророк? Исаија 8:19,20.

„Поединци од тоа движење имаат наводно и некои дарови добиени од Бог. Тие испуштаат некои неартикулирани гласови што ги нарекуваат странски јазици, а кои се потполно неразбирливи не само за луѓето, туку и за Господ и целото небо. Овие дарови ги измислуваат мажите и жените потпомогнати од големиот измамник“. – 1. Сведоштво, 412.


Вторник 13. април

3. ПРОГОНСТВО НА ИСКРЕНИТЕ

а. Објаснете ја разликата помеѓу евтината, плитката, наводната религиозна возбуда наспроти вистинското оживување предводено од Светиот Дух. Матеј 7:15-20; Псалм 77:6.

„Фанатизмот и кревањето врева се сметаат за некои посебни докази на верност. За некои богослужението не е успешно ако на него не доживеале некое посебно возбудување и чувство на среќа. Тие на секаков начин се трудат да го предизвикаат тоа и вештачки се возбудуваат. Но влијанието на таквите собири не е благотворно. Кога минливото чувство на занес ќе исчезне, тие паѓаат уште подлабоко отколку што биле пред собирот, бидејќи нивната среќа не дошла од вистинскиот извор. За духовно воздигнување најкорисни се оние собири на кои преовладува сериозност и длабоко истражување на сопственото срце, на кои секој се стреми да се запознае себе и во длабока смиреност и понизност да се поучува од Христос“. – 1. Сведоштво, 412.

б. Што јасно ги идентификува вистинските Христовите следбеници во овој свет? Јаков 2:18; Галатјаните 5:6.

„Ние треба да ја покажеме нашата вера преку нашите дела. Треба да настојуваме во поголема мера да го покажуваме Христовиот Дух; бидејќи во тоа лежи силата на црквата. Сатаната се труди да ги раздели Божјите деца. О колку малку љубов имаме - љубов кон Бога и едни кон други! Ако словото и духот на вистината престојуваат во нашите срца, тие нѐ одвојуваат од светот. Непроменливите начела на вистината и љубовта спојуваат срце со срце и силата на таа врска е сразмерна со благодатта и вистината што ги поседуваме. Би било добро секој од нас да застане пред огледалото - возвишениот Божји закон - и во него да ги види ликот на сопствениот карактер. Треба грижливо да внимаваме да не поминат незабележано знаците на опасност и опомените дадени во Неговата реч. Ако ги занемариме тие опомени и ако не ги совладаме недостатоците на карактерот, тие недостатоци ќе го совладаат оној што ги поседува и тој ќе западне во заблуда, отапдништво и отворен грев. Умот кој не се издига до највисокиот степен ќе го загуби и она што некогаш го стекнал, кога неговите сили ќе попуштат”. – 5. Сведоштво, 537.


Среда 14. април

4. МОЖНОСТИ КОИ НЕ ОЧЕКУВААТ

а. Додека учениците јасно зборувале преку Духот, кои два одговора се слушнале - едниот открива интерес, а другиот ја поттикнува типичната тактика на сатаната за подбивање? Дела 2:12,13.

„Кога Господ има намера да стори некое дело, сатаната влијае врз некого да му се спротивстави“. – Копнежот на вековите, 535.

„Господ работел на свој начин; но ако се случеше вакво нешто меѓу нас, на кои доаѓа крајот на светот, зарем нема да има потсмевачи како тогаш, на денот на Педесетница? Оние што не се под влијание на Светиот Дух, не го знаат тоа. За оваа класа на луѓе, учениците изгледале како пијани луѓе“. – Testimonies to Ministers, p. 66.

б. Што можеме да научиме од начинот на кој Петар веднаш разјаснил што се случува? Дела 2:14-21.

в. На кој начин исполнувањето на старозаветното пророштво, што апостолот го цитирал, треба да се повтори и во нашите денови? Јоил 2:28,29.

„Со искрен копнеж го очекувам времето кога настаните од денот на Педесетница ќе се повторат со уште поголема сила отколку во таа пригода. Јован вели: ‘А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот болскот’. Тогаш, како и на денот на Педесетница, луѓето ќе ја слушаат вистината што ќе им се изнесува, секој човек на својот јазик.

Сите оние кои искрено сакаат да Mу служат, Бог може да ги вдахне со нов живот и да ги направи - допирајќи им ги усните со жив јаглен од олтарот - елоквентни за пофалба на Неговото име. Илјадници гласови ќе бидат исполнети со посебна сила да ги објават прекрасните вистини на Божјото Слово. Јазикот на оние што имаат говорна мана ќе се одврзе, срамежливите ќе бидат окрепени за да дадат храбро сведоштво за вистината”. – The SDA Bible Commentary E. G. White Comments], vol. 6, p. 1055.


Четврток 15. април

5. ВОДЕЈЌИ ГИ УМОВИТЕ ДО ХРИСТА

а. Како Петар на многубројните слушатели им го претставил Христа? Дела 2:22-24.

„Сцената била необично интересна. Од сите страни доаѓале луѓе да ги слушнат учениците како сведочат за вистината каква што е во Исуса. Цели групи нагрвалиле во храмот. Тука се наоѓале свештениците и поглаварите; на нивното лице сè уште почивал мрачен израз на злоба, срцата сè уште им биле полни со постојана омраза против Христа, а рацете уште неизмиени од пролеаната крв кога го распнале Спасителот на светот. Очекувале апостолите да ги видат преплавени од страв под сил¬ната рака на угнетувачите и убијците, но сега ги виделе сло¬бодни од секој страв и исполнети со Духот како силно ја обја¬вуваат божествената сила на Исуса Назареќанецот. Слушнале како апостолите смело тврдат дека Оној, кого неодамна тие го понижувале, го исмевале, свирепо го малтретирале преку рацете на безбожниците и го распнале, навистина е Кнез на животот и дека сега се вознел на небото и седи десно од Бога“. – Делата на апостолите, 42.

б. Како Петар повторно го вметнал пророштвото во своето излагање? Дела 2:25-36.

в. Опишете го чудесното дејствување на Светиот Дух во тој момент. Дела 2:37; Јован 16:7,8.

„Службата на Светиот Дух е да му ја открие на умот природата на посветувањето што Бог ќе го прифати. Со посредство на Светиот Дух, душата се просветлува, а карактерот се обновува, осветува и возвишува“. – Selected Messages, bk. 1, p. 134.


Петок 16. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што може да ме спречи во целост да го примам Светиот Дух?

2. За која практична цел на апостолите им бил потребен дарот да зборуваат на различни јазици?

3. Како емоционализмот претставува замка за вистинско искуство со Христос?

4. Што треба да се сетам секогаш кога Бог работи поинаку отколку што очекувам?

5. Опишете ги двете класи на луѓе кои ја слушале беседата на Петар.

 <<    >>