Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 

ПРЕДГОВОР

Во следните шест месеци, учениците на Саботната школа ширум светот ќе бидат издигнати и поттикнати на работа со помош на Божјата реч во проучување на Лекциите од книгата Делата на апостолите.

Она што започна како големо разочарување за христијанските верници по распетието на нивниот Господ, доживеало драстична промена. „По смртта на нивниот Господ (Христовите ученици) биле беспомошни, разочарани, една обесхрабрена група – како овци без пастир; но сега тие излегуваат како сведоци на вистината, без оружје, туку со словото и Духот Божји, за да извојуваат победа над секое противење“. – Сведоштво за проповедници, 66,67.

Потребна ни е подлабока побожност и искрена смерност на Големиот Учител. Бев поучена... дека целата книга Делата на апостолите претставува наш учебник. Сите ние треба длабоко да ги понизиме нашите срца и да се обратуваме секој ден.“ – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1055.

„Ревноста за Бога ги натерала учениците да сведочат за вистината со голема сила. Не треба ли истата ревност да ги запали и нашите срца со одлучност да ја раскажеме приказната за откупителната љубов, за Христос и Неговото распнување?“ – 8. Сведоштво, 22.

„Морална темнина ја покрива земјата како мртовечки покрив. Секакви лажни учења, ереси и измами на сатаната ги заведуваат умовите на луѓето. Сите наши напори за ширење на вистината ќе бидат напразни без Духот и Божјата сила.

Размислувајќи за Христа, покажувајќи вера во Него, искусувајќи ја врз себе Неговата спасоносна благодат, ќе бидеме во состојба да го претставиме Него на светот. Ако сме учеле од Исус, за Него и ќе зборуваме. Неговата љубов која ќе гори на олтарот на нашето срце ќе допре до срцата на луѓето. Вистината нема да се прикажува како студена и безживотна теорија, туку во демонстрација на Духот“. – 5. Сведоштво, 158.

„Со изминувањето на времето во никој случај не се изменило ветувањето што го дал Христос при своето заминување - дека Светиот Дух ќе биде пратен како Негов претставник. Ако изобилството на божествената милост не се излева врз луѓето, тоа не доаѓа оттаму што Тој тоа на некој начин го ограничува или го задржува. Ако исполнувањето на Неговите ветувања не се гледа во онаа мера во која би можело да биде, тоа значи дека тие не се ценат онака како што би требало“. – Делата на апостолите, 50.

„Мерката на Светиот Дух што ќе ја примаме ќе биде пропорционална со мерката на нашата желба и верата со која тоа го примаме, како и мерката во која ќе ја употребиме светлината и знаењето што ќе ни бидат дадени. Светиот Дух ќе ни биде доверен во согласност со нашиот капацитет за примање и нашата способност да им го пренесуваме на другите“. - The Review and Herald, May 5, 1896.

„Светот кој пропаѓа во грев, треба да се просветли. Изгубениот бисер треба да се пронајде. Изгубената овца треба безбедно да се врати во трлото. Кој ќе се вклучи во потрагата? Кој ќе им ја однесе светлината на оние што талкаат во темнината на заблудата?“ - The Review and Herald, July 23, 1895.

Оддел на генералната конференција за Саботна школа

 <<    >>