Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
2. лекција Сабота, 10. април 2021

Садови корисни за домаќинот

„Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека” (Јован 14:15,16).

„Утешителот е даден, за да го земе она што е Христово и да ни го покаже нам, за да може со сета своја богата убедливост да ни ги претстави зборовите што слегле од Неговите усни и да ги пренесе со жива моќ на душата која е послушна, која се откажала од себе”. – The Signs of the Times, July 15, 1908.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Selected Messages, bk. 1, pp. 109–111. 

Недела 4. април

1. ПРЕКРАСНО ВЕТУВАЊЕ

а. Опишете го драгоценото ветување што Исус го дал ноќта пред Неговото распнување - и како ние исто така можеме да го примиме и да бидеме благословени од него. Јован 14:15-17,23.

„Извршувањето на должностите никогаш не може да се замени со молитва. Христос кажува: ‘Ако ме љубите, ќе ги пазите моите заповеди!’... Сите што ги изнесуваат своите молби пред Бога, повикувајќи се на неговите ветувања иако не ги исполнуваат условите, го навредуваат Господа”. – Христовите очигледни поуки, 143.

„Ние треба да го претставиме Христа во секој детал од карактерот. Кој е библискиот тест за карактерот? ‘Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме’ (Јован 14:23) – Medical Ministry, p. 46.

„Нашата волја ќе биде под контрола на еден посилен, посовршен ум, зашто сме воспоставиле жива врска со Изворот на трајна сила. Нашиот побожен живот ќе се сообрази со желбите на Исуса Христа. Го нема веќе вообичаениот себичен живот, туку во нас ќе живее Христос. Во нашата природа ќе се обнови Неговиот карактер. И така кај нас ќе се множат плодови на Светиот Дух”. – Христовите очигледни поуки, 61.


Понеделник 5. април

2. КНИГА ЗА ДЕЛАТА

а. Како Лука, саканиот лекар, ја започнува книгата Делата на апостолите, како продолжение на библиската книга што го носи неговото име? Лука 24:50-53; Дела 1:1-3.

б. Во последните прашања до Исус, за што учениците биле најмногу загрижени, и кои слични грижи и нам ни се својствени? Дела 1:6. Објаснете што треба да научиме од Неговиот одговор. Дела 1:7; Јован 9:4.

„Бог не ни открил кога ќе заврши оваа порака (на третиот ангел) или кога ќе заврши времето на милоста. Да го прифатиме она што ни е откриено нам и на нашите деца, и да не се обидуваме да ги дознаеме тајните што се чуваат во советите на Семоќниот. Наша должност е да бдееме, работиме и чекаме, да се трудиме во секое време за душите на луѓето кои се на работ на пропаста. Треба постојано да одиме по стапките на Исус, да работиме како што работел Тој и да ги споделуваме Неговите дарови како добри управители на Божјата многукратна благодат. Сатаната е подготвен секому кој секојдневно не учи од Исуса да му даде посебна порака, која самиот ја создал, за да го поништи ефектот на прекрасната вистина за ова време”. – The Review and Herald, October 9, 1894.

„Повторно и повторно бев предупредена во врска со одредувањето на времето. Никогаш повеќе Божјиот народ нема да добие порака заснована на време. Ние не треба да го знаеме точното време на излевањето на Светиот Дух или за Христовото доаѓање”. – Selected Messages, bk. 1, p. 188.

„Живееме во завршните сцени од историјата на оваа земја. Пророштвото брзо се исполнува. Часовите на искушенија брзо поминуваат. Ниту за еден момент не смееме да губиме време. Да не дозволуваме да бидеме затекнати како спиеме на стража. Нека никој не говори во своето срце или со своите дела: ‘Мојот господар уште долго нема да дојде’. Веста за скорото Христово доаѓање треба да се објави со сериозни зборови и предупредувања. Да ги уверуваме насекаде мажите и жените да се покајат и да бегаат од гневот што иде. Мораме да ги поттикнеме веднаш да пристапат кон подготовка, затоа што малку знаеме за тоа што ни претстои. Проповедниците и членовите нека заминуваат во полињата кои дозреваат и да ги предупредуваат лекомислените и рамнодушните да го бараат Господа додека може да се најде”. – 8. Сведоштво, 252,253.


Вторник 6. април

3. ВОЗНЕСЕНИЕ И ВЕТУВАЊЕ

а. Во својата последна изјава пред Своето вознесение, што истакнал Исус, и што значи ова за нас? Дела 1:4,5,8,9.

„Духот ќе им биде даруван заради преродување, а без тоа Христовата жртва би била безуспешна. Моќта на злото зајакнувала низ вековите и било неверојатно колку луѓето немоќно се потчинувале на ропството на сатаната. Да се пружи отпор на гревот и да се совлада може само со моќното делување на Третото Лице на Божеството, Кој не Доаѓа со никаква ограничена енергија, туку со целосна божествена сила. Духот го спроведува во дело она што го извојувал Спасителот на светот. Со силата на Светиот Дух срцето се чисти од гревот. Со помош на Светиот Дух верникот станува учесник во божествената природа. На Своите следбеници Христос им го дава Својот Дух, како божествена сила, за да ги совладаат сите наследени и стекнати склоности кон злото и црквата да го прими печатот на Неговиот карактер”. – Копнежот на вековите, 671.

б. Со каква благословена увереност вистинските верници од сите генерации можат да почиваат во надеж? Дела 1:10,11; Тит 2:11-13.

„Учениците веќе не гледале со недоверба во иднината. Знаеле дека Исус е на небото и дека Неговата љубов кон нив не се изменила. Знаеле дека имаат пријател крај Божјиот престол и желно сакале да ги упатат своите молитви кон Таткото во Христово име”. – Копнежот на вековите, 833.

„Со неискажана радост поглаварите, началствата и властите ја признале врховната власт на Кнезот на животот. Ангелските војски паднале ничкум пред Него, додека радосните извици ги исполнувале сите небесните дворови: ‘Достојно е Јагнето, Кое е заклано да прими сила и богатство, мудрост, моќ, чест, слава и благослов’ (Откровение 5:12)...

Од таа сцена на небесна радост, до нас на Земјата ни се враќаат како одек прекрасните Христови зборови: ‘Се враќам кај Мојот Татко и кај вашиот Татко, кај Мојот Бог и кај вашиот Бог’. (Јован 20:17) Небесното и земното семејство станале едно. Заради нас Христос се вознел и заради нас Тој живее. ‘Затоа може целосно да ги спаси оние кои преку Него доаѓаат кај Бога, зашто секогаш живее за да посредува за нив’. (Евреите 7:25)”. – Копнежот на вековите, 834,835.


Среда 7. април

4. СРЕДБА СО ЦЕЛ

а. Каде се собрале учениците, кој бил меѓу присутните и што тие направиле? Дела 1:12-14. Што можеме да научиме од овој чекор?

„Додека чекале да се исполни Христовото ветување, учениците со скршено и понизно срце, со вистинско покајание, го приз¬нале своето неверство. Спомнувајќи си за зборовите што им ги упатил Христос пред својата смрт, тие поцелосно ја сфатиле нивната смисла. Вистините што исчезнале од нивното сеќавање повторно оживеале во нив, и тие си ги повторувале еден на друг...

Тие денови на подготовка биле денови преполни со длабоко истражување и преиспитување на срцето. Учениците го чувст¬вувале својот духовен недостиг и пекале пред Господа во мо¬литва за свето помазание кое ќе ги оспособи за делото на спа¬сување на душите. Не барале благослов само за себе. Ги при¬тискал товарот за спасување на душите. Знаеле дека еванге¬лието треба да му се однесе на светот и се молеле за силата што им ја ветил Христос”. – Делата на апостолите, 36,37.

б. Наведете една одлука донесена од раната црква, составена од 120 верници. Дела 1:15-26. Зошто начинот на кој бил направен изборот во многу младата црква не мора нужно да се смета за вообичаен метод? Дела 6:3.

„Секој член на црквата има право на глас и на бирање на службеници”. – 8. Сведоштво, 236.

„Нека никој не дозволи да отстапи од здравите, разумни принципи што Бог ги поставил како упатства за својот народ, за да зависи од било кое средство, како што е фрлањето паричка. Таквиот курс му годи на непријателот на душите; зашто тој работи на контрола на паричката и преку неа ги реализира своите планови. Нека никој не биде толку лесно измамен, да има доверба во вакви или слични тестови. Никој нека не го омаловажува своето искуство прибегнувајќи кон евтини методи за насочување во важни работи поврзани со Божјото дело”. – Selected Messages, bk. 2, p. 326.

„’Читајте ги своите Библии со многу молитва. Не обидувајте се да ги направите другите понизни, туку понизете се пред Бога и постапувајте нежно едни со други. Фрлањето ждрепка за избор на службеници во црквата не е Божја волја. Нека се повикаат одговорни луѓе да изберат служители на црквата’”. – Selected Messages, bk. 2, p. 328.


Четврток 7. април

5. НАШАТА ПОТРЕБА ДЕНЕС

а. Која е нашата најголема потреба во моментов? Исаија 26:4,8,9.

„’Кога ќе се одречеш од сопствената волја, сопствената мудрост и учиш од Христа, ќе бидеш прифатен во Божјото царство. Тој бара целосно, безрезервно предавање. Откажи се од својот живот за Тој да може да го организира, обликува и украсува. Земи го Неговиот јарем на вратот. Покори се за Тој да може да те води и поучува. Сфати дека ако не станеш како мало дете, никогаш не можеш да влезеш во небесното царство.

Да се пребива во Христа значи да се изберат само Христовите склоности, така што Неговите интереси ќе се поистоветат со твоите. Пребивај во Него како би можел да бидеш и да го правиш само она што Тој го сака. Ова се условите што мора да ги исполниш, ако сакаш да бидеш Негов ученик, а доколку не ги исполниш, никогаш нема да најдеш одмор...

Треба да имаш внатрешно, повозвишено искуство. Мора да постигнеш раст во благодатта така што ќе пребиваш во Христа. Кога ќе се обратиш, нема да бидеш пречка, туку ќе ги зајакнуваш своите браќа’”. – Selected Messages, bk. 2, p. 110,111.

„Мораме многу да се молиме ако сакаме да напредуваме во божествениот живот. Колку многу се молевме кога прв пат беше објавена веста на вистината. Колку тогаш често се слушаше гласот на молитва во собата, во шталата, градината или овоштарникот. Често поминувавме цели часови во молитва, по двајца или тројца, положувајќи право на ветувањето. Тогаш честопати се слушаше плачење, глас на благодарност и песни на слава. Денес Божјиот ден е поблиску од тогаш кога прв пат поверувавме и затоа треба да бидеме посесрдни, поревни од тие први денови. Нашите опасности сега се поголеми од оние тогаш. Душите станаа позакоравени. Сега е потребно да сме проникнати со Божјиот Дух и не смееме да мируваме сѐ додека не го примиме”. – 5. Сведоштво, 161,162.


Петок 9. април

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведете ги условите потребни за примање на Светиот Дух, како што е прикажано во Јован 14.

2. Зошто ни е кажано да не се обидуваме да ја темелиме нашата вера на одредување на времето?

3. Зошто Светиот Дух е неопходен за христијанскиот живот?

4. Кој бил главниот предмет на молитва на првиот црковен собир?

5. Како можеме да бидеме инспирирани од фокусот на раните адвентистички верници?

 <<    >>