Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
  Сабота, 3. април 2021.

Дар во првата сабота за шпанска песнарка

Драги браќа, сестри и пријатели ширум светот: Музиката се родила во Божјото срце со цел да биде место за средби помеѓу Создателот и созданието – момент на заедништво, во кој создадените суштества ќе можат да го да го изразат своето восхитување и да му се поклонат на големиот Создател. Псалмистот изјавува: „Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него; разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи - чудесата Негови... Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест; воздајте Му на Господ слава на името Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови; поклонете Му се на Господ во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата Земја!“ (Псалм 92:2,3,7-9).

„Музиката е составен дел на Божјата служба на небото и ние мораме да настојуваме во нашите похвални песни колку што е можно повеќе да се приближиме до хармонијата на небесните хорови... Пеењето, како дел на богослужението, е исто толку важно колку и самата молитва“ – Патријарси и пророци, 594.

Музиката може да го олесни учењето и „тоа е едно од најефикасните средства за втиснување на духовните вистини во срцето“ - The Faith I Live By, p. 273.

Имајќи ја во предвид важноста на добрата музика во контекст на богослужбата, образованието и евангелизацијата, ние на семејството на Реформното Движење му ја презентираме нашата итна потреба да ја имаме нашата прва официјална песнарка на шпански јазик. Во дваесет и една земја, шпанскиот јазик е официјален јазик и се проценува дека помеѓу 527-580 милиони луѓе ширум светот зборуваат шпански, од кои на повеќето од нив тоа им е мајчин јазик.

Процесот на подготовка на оваа песнарка на шпански јазик вклучува исцрпна преведувачка работа, правни проблеми со авторските права, техничка работа за преуредување на песните, транскрипција во нови тоналитети, вметнување белешки во соодветни партитури и нивно уредување во софтверот.

Бидејќи овој потфат е прилично скап, ние љубезно ги повикуваме сите ученици на Саботната школа да ни помогнат во овој проект, за наскоро да можеме да имаме официјална песнарка соодветна за богослужба на нашиот Бог.

Се молиме Господ богато да ве награди за доброволните дарови за оваа работа, и однапред ви благодариме за поддршката и дарежливиот придонес.

Вашите браќа и сестри јужноамериканскиот регион

 <<    >>